- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.047
- Поени од реакции
- 16.577

Слаба заинтересираност од членовите за да се отвори тема, но да се задржи традицијата која ја негуваме, да се отвори тема за овој гренд слем (нема да биде обемна со информации како што сте научени), за да има каде да се коментира, а да не е тоа општата тема за АТП и ВТА.
Од 13, па се до 26 јануари, на терените во Мелбурн Парк ќе започне 102 издание на Австралија Опен.

На гренд слемот оваа година ќе се појават речиси сите најдобри тенисери кои моментално ги поседува АТП тур-от, освен Типсаревиќ и неговиот сонародник Троицки кој е суспендиран, нема да недостасува ниту еден тенисер, па така би требало да гледаме доста добар тенис, и одличен почеток на уште една тениска сезона.
Како најголем фаворит според тениски експерти, а и кладилниците се споменува српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој воедно е и бранител на титулата освоена минатата година, кога во финалето го совлада Енди Мареј во четири сета.
После Ѓоковиќ се наоѓа Рафаел Надал првиот тенисер во светот, ланската сезона не настапуваше на овој гренд слем, па секој поен ќе му е плус на контото поени на АТП листата.
Трет е британецот Енди Мареј, кој крајот на ланската сезона ја пропушти поради операција, па не се знае колку ќе биде подготвен за предизвикот наречен титула на Австралија Опен.
Во набројувањето на фаворити не смее да се заборави Роџер Федерер, на страна тоа што ланската сезона ја изигра на катастрофално ниво, можеби и најнеуспешна во неговата богата кариера, сепак 32 годишниот Федерер сеуште е во самиот врв на тенисот, а тоа е и поради фактот што сеуште нема голема конкуренција, и младите тенисери кои надоаѓаат не се достојни за нешто повеќе.
Петорката ќе ја заокружиме со уште еден одличен тенисер, Дел Потро би требало да се најде во самата завршница на турнирот, ако се е како што треба аргентинецот ќе се најде најмалце полуфинале, се ќе зависи само од него и ждребувањето.
Топ 10 носители

Кај жените освен Азаренка која е бранителка на титулата од лани, најголем фаворит е Серена Вилијамс.
Успешна увертира пред Австралија Опен имаше и Ана Ивановиќ, која доаѓа со титула на овој гренд слем, но сепак не е сеуште во таа врвна форма која што ја знаеме и ја имаше од порано.
Шарапова исто така може да се спомене во една од фаворитките за титула, но таа веќе подолго време не е во форма.
На крајот се се сведува на тоа во каква форма ќе е Серена Вилијамс, бидејќи ако е во топ форма не може ниту една тенисерка да и се спротистави и мали се шансите за да не ја освои титулата.
Топ 10 носителки

Официјален сајт на турнирот - www.ausopen.com/index.html
Главен ждреб на турнирот - |мажи| www.ausopen.com/en_AU/scores/draws/ms/index.html / |жени| www.ausopen.com/en_AU/scores/draws/ws/index.html