Регистрираните возила ќе возат со посебна налепница

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.102
Поени од реакции
11.521
Локација
Sydney
Регистрираните возила ќе возат со посебна налепница
registriranite-vozila-kje-vozat-so-posebna-nalepnica-166465.jpg
Секое новорегистрирано возило од почетокот на годината добива налепница за извршена регистрација која задолжително се лепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека од 01.01 почна примената на „Правилникот за формата, содржината, квалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“.
Согласно член 2 од Правилникот налепницата за 2014 година е со црвена боја, а согласно член 3 од истиот правилник со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.
Целта на ова новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои учествуваат во сообраќај на јавен пат.
 
Никаде не прочитав колку ќе чини налепницата.
Толку е.60 денари е цената на уплатницата (ПП-50) + минимум 35 денари банкарска провизија...засега :sneaky:

а зашто налепница? Зашто не нешто поекстремно како рогови на хауба?

И вакви свирки (ете уште 620 денари ставка), секако ние сме многу комуникативен народ во сообраќај ептен ќе се практични.
MiUml.jpg
 
така де. Барем кога збираат пари нека збираат како што треба:)
 
Значи сум спасил 100 денари што ја регистрирав мојата пред месец време :cool:.


А ако се сетат дополнително да ја средиш таа ‘формалност‘? Многу се инвентивни, да бидиме реални, а оние во плаво не се баш паметни да сфатат дека си регистрирал пред ова... :D
 
А ако се сетат дополнително да ја средиш таа ‘формалност‘?


Што ги сечам кога во случајов закон не ме фаќа.

ПС. Очекувај за недела време на Бајт пазар да се шиткаат копии по 10 денари парче
 
Треба да има, ама исто така цената за нејзе да биде вклучена во таа сума што се плаќа или да биде бесплатна. Ова второво никогаш..
Иначе како што слушнав и ние велосипедистите наскоро ќе треба да ги регистрираме велосипедите и да добиеме регистрација. Ама ова тешко во скоро време дека би се реализирало.
 
200.000 vozila (koli,kamioni,avtobusi,motori itn) x 1e = 200.000 evra. Pola pari da odat za danoci i tintiri mintiri 100.000 evra cist godisen kar za nekoe vmrovce vo pecatarskiot biznis. A nalepkava realno ne cini poveke od 1 denar vo seriska proizvodnja. Aj nek se ugode.
Vo Slovenija imase pred nekolku godini tezok korupciski skandal za istava mafijaska rabota i za kratko vreme gi ukinaa nalepnicite.
 
Како прво тие што ги дизајнирале, дали имаат малку естетика или ги носат во градинка кај деца и им велат нацртајте една налепниица и ја бираат најнеубавата, многу грд дизајн. Како второ, налепнициве сега ги воведуваат кај нас, а низ светот почнуваат да ги укинувааат ц ц ц ц ц:facepalm:
еве неколку примери за налепници
368343-rego-sticker.jpg



IMG_1171.png


28bvdcp.jpg
 
200.000 vozila (koli,kamioni,avtobusi,motori itn) x 1e = 200.000 evra.


Бројката би била 300.000 x 1.5 е = 450.000 евра.
Ама битно на реклама вртат дека имаме најниски давачки и даноци :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom