Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Мора да им е пропуст ова, ќе се корегираат а може и да ти ги поништат кладбите... ај види на други утакмици дали е така...

Void ќе му напраат 100%.
За денес, Мугуруза, Копиљ, Тием на висок влог.
 
Void ќе му напраат 100%.
За денес, Мугуруза, Копиљ, Тием на висок влог.
Не му прават void сега засега, досега на двапати ги фатив така. Сега моментално ја чекам третата, ќе си се пробувам дури даваат :)
Моментална состојба :
1.jpg
 
16:00 Dynamo Moscow : HC Yugra - w2 @ 5.79

2 @ 7.00
X2 @ 3.08

Редно е Динамо да киксне :icon_mrgr:

Тешко многу тешко да беше некој друг тим ај ама Југра не верувам да им ја прекине серијата и рекордот
 
на 18та минута е моментално ги има овие коефициенти
Прегледај го приврзокот 81653

После 60та-70та минута се зголемуваат многу побрзо, моментално имам 100тина евра во игра, да си вратам нешто од нив и ќе си играм само вака изгледа...

Невер мајнд, ти пишале веќе :)
 
лелелелелел што се дешава кај динамо ауууууу ако продужат вака супер ќе биде ... ја имам чиста 2
 
Владата им излезе во пресрет на обложувалниците


Се олеснуваат процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувалниците. Владата прифати дел од барањата на Орагнизацијата на обложувалниците. Наместо на вкупната сума, данок ќе се плаќа само на остварената добивка односно на разликата меѓу уплатената сума и добивката.
На пример, ако уплатата изнесува 500 денари, а добивката 1.000 денари, данокот ќе се плаќа на сума од 500 денари, а не на 1.000 како што предвидуваше законот претходно. Тоа значи дека данокот во овој случај ќе изнесува 50, наместо сегашните 100 денари.

Измени ќе има и во делот на пријавувањето на данокот. Граѓаните веќе нема да добиваат потврди од обложувалниците за секоја добивка и нема да имаат обврска тие да ги чуваат и да поднесуваат годишна даночна пријава. Наместо тоа, обложувалницата ќе го одбива данокот од исплатата и ќе го уплаќа и ќе доставува извештај до УЈП.

- Ќе се редуцираат административните процедури. Играчите нема да треба да доставуваат ГДП, а обложувалниците нема да треба да издаваат потврда за секоја добивка туку ќе ги евидентираат добитниците во посебен формулар кој ќе го доставуваат до УЈП една во текот на месецот - објаснува портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Измените се прават по реакцијата на Организацијата на приредувачи на игри на среќа во спортските обложувалници. Тие реагираа измените во законот со кој беше предвидено данок да се плаќа на секоја добивка наместо на добивки над 10.000 денари како што беше претходно. Обложувалниците реагираа и на администативните процедури односно на обрвската да издаваат потрвди за секоја добивка.

- Одлучивме да прифатиме дел од забелешките со што ќе го надополниме системот, а законот ќе биде од интерес и за обложувалниците и за играчите - вели Ѓоргиев.

http://www.plusinfo.mk/vest/121711/Vladata-im-izleze-vo-presret-na-oblozhuvalnicite
 
Ај линк ако има некој на нет за да ја гледам динамо нема ни на sportlemon ни на wizz ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom