Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Поради тоа што некои членови (уредено од модератор) се кријат позади официјалните правила на зададените теми околу Христијанството, Исламот, Атеизмот, ја отварам оваа тема каде нема да важи стриктното правило Прашање-Одговор.
Се поттикнува секоја добра дискусија, секоја здраворазумна мисла, секое различно гледиште е добродојдено, и според мене се забранети само две работи, а тоа е да се вадиме цело време на цитати, наместо да искажуваме свои размислувања. Цитати може да се употребат во конверзациска смисла.Втората која верувам дека нема потреба да ја потенцирам е, забрането пцуење.
Секој кој ќе се приклучи на дискусијава, се согласува да биде “соголен“ до кожа, да се брани како знае и умее (придржувајќи се на горенаведените забрани), да “соголува“ други, но во сите работи да се приложат факти. Секој има право да го изложи своето мислење и да дебатира се додека ги почитува правилата на форумот и не пишува несоодветна содржина/офф топик. (уредено и додадено од модератор)
Да почнам јас, КОЈ КАЛЕНДАР Е ТОЧЕН?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.495
Мислам дека не постои „точен“ календар туку оној кој најдобро би си ја извршувал работата и би бил прифатлив за мнозинството.
Конкретно за Македонија мислам дека не би било во ред да го менуваме за некој друг пошто многу датуми ни се врзани за овој календар.(Пример сега ова од ракав го вадам 8 сеп ќе испадне 16 сеп, а второво ништо не ни значи :) )
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Прво да си го кажам религиозното убедување. Јас сум агностик или да појаснам верувам дека има виша сила но не го живеам животот за да откријам која е таа сила или да следам било каква мејнстрим религија. Околу календарот според мене нема точен календар, се работи на тоа кој календар е најкористен а најкористен е грегоријанскиот па бидејќи божиќ по факти треба да е во лето (Исус е роден во лето) сеисто е дали ќе се слави на 25ти декември или 7ми јануари. Лично повеќе би сакал да имаме унифицирани календари со западниот свет за да не се делиме секогаш. Навиките можат да се сменат не е страшно
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Календарот кој што се ориентира и прилагодува на светлината (која е многу поважна од онаа што се рефлектира од месечината).
Се мисли на светлината без која нема живот на земјата, а која што прекрасно сведочи и упатува на нешто безкрајно поголемо од неа.

.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да почнам јас, КОЈ КАЛЕНДАР Е ТОЧЕН?
Точен е грегорјанскиот календар бидејќи тој ја отсликува сончевата година најточно, додека календарот што го користи МПЦ касни за 12 минути ако се сеќавам добро.
Инаку малкумина знаат дека МПЦ некаде во 60тите години сакала да го смени календарот пошто од страна на патријаршијата е оставено самите цркви да се одлучат кој календар ќе го користат и усвои грегорјанскиот календар, но под влијание на СПЦ тоа не се случило.
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 22:23 ---
Инаку да додадам во врска со темата нешто.
Имам читано слична тема на останат подфорум која што беше насловена како Дебати и темите се менуваат.
Темата беше строго модерирана и на неа беше дозволено да учествуваат само двајца учесници.
Покрај почетниот вовед и заземање на ставови на секој од двајцата дискутанти, беа дозволени уште две реплики на секој од нив и завршен говор.
Потоа нивната дебата беше паралелно ставена на гласања и дискусија на останатите форумџии во засебна тема каде што можат да се кршат копја.
Секоја тема и дебата траеше една недела...Да бидам искрен овде на форумот не гледам таков капацитет.
 
болдот, многу добро е познато, се разбира кај оние кои се интересираат, но ете, одлична информација за оние кои не знаат.
вториот дел, идејата не е лоша, само што има еден проблем, а тоа е дека секогаш ќе победува оној кој се бори со научни факти, а не оној кој дава некакви си догми од библија/куран/било којадруга света книга. а ако е поентата да дебатата биде помеѓу двајца атеисти/верници, тогаш е веќе сосема друга работа. отвори ти таква тема и со задоволство би учествувал.
сепак, оваа тема ја направив да се поттикне дискусија со верниците, кои обично се кријат позади цитати од книгите, а немаат ни трошка свое мислење.
Мислам дека не постои „точен“ календар туку оној кој најдобро би си ја извршувал работата и би бил прифатлив за мнозинството.
Конкретно за Македонија мислам дека не би било во ред да го менуваме за некој друг пошто многу датуми ни се врзани за овој календар.(Пример сега ова од ракав го вадам 8 сеп ќе испадне 16 сеп, а второво ништо не ни значи :) )
друже, ние веќе ионака го користиме во секојдневието грегоријанскиот календар. се говори за календарите кои се користат во верски цели.
самите верници велат дека нивното книжуле е ова вистинското, дека бог на нив им ја подарил вистината и сл работи. е сега како тоа кога е ОН тој кој знае се’, оној кој ја дал вистината, како тогаш му избегала вистината околу сметањето на времето? тоа значи дека не е сезанен, нели?
околу примерот со виндфакерот, нели е лицемерно да се застане во времето ДО грегоријанскиот календар, а откако се појавил грегоријанскиот, е од сега ќе го користиме тој, али тоа што до сега сме го пресметувале ЌЕ си остане така затоа што така сакаме? или корегирај ја грешката што настанала ДО тогаш, па после тоа продолжи по “ново“, или продолжи понатаму да си пресметуваш по јулијанскиот па да сега божиќ бидне на 9 јануари по грегоријански.
или, со исламот, па тука колку е само грешка, нема константа, цело време се менува за 10 дена. и во рок од 10-15 год, пак ќе се врати на почеток, а всушност се изгубила 1 година.исламската година има 355 дена
или кинезите, хан календарот, кој е комбинаиција од лунарните и солерните години, па во зависност од годината, која редовно има 353 до 355 дена, а во престапните дури 383-385 дена.
од овие комбинации ниедна нема константа. еднаш сеење ќе биде во месец “март“ (ова по нов календар), а друг пат во октомври, а сепак се работи за пролет. :confused:
е сега, кога се сее?
така да, календарите во религиите се бессмислени, глупост на квадрат. бог им ја утнал работата. а штом утнал, НЕ е бог, нели? ;)
 
Ч

Чај

Гостин
.

Календарот кој што се ориентира и прилагодува на светлината (која е многу поважна од онаа што се рефлектира од месечината)..
Дали случајно мислиш на електронски календар кој при слабо светло со сензор пали лед диоди и автоматски се прилагодува и ориентира по било која временска зона?

П.С. Го има на Амазон.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.495
@kooperativa

Многу текст напиша се надевам не пропуштив нешто, а двапати го исчитав.

Според мене ако постои Бог можно е многу работи да ни дал, но календарот барем според мене не е една од нив. Јас барем си имам некоја замисла да ги одделувам кои работи сметам дека би можеле да бидат од едно семоќно суштество, а кои се вметнати во религијата од нас луѓето.

Според мене календарот спаѓа во делот „вметнат од луѓето“ т.е ако постои такво семоќно суштество со голема сигурност неговата/нејзината перцепција за времето е многу поинаква од нашата.

Поради сево ова сметам дека календарот нема никава врска со религијата и е само алатка за навигирање низ времето и како што спомнав погоре ќе си ја одбереш најефикасната алатка т.е онаа која најдобро си ја врши работата.

Така да за крај ќе се согласам со тебе дека нема смисла да се чува алатка која не само што е застарена туку и не си ја врши работата како што треба. Време е да се исфрли од употреба, но колку се луѓето спремни за промена е друг муабет.(Никогаш не се :) )
 
прашај ги на пример муслиманите, па да видиме што ќе ти кажат. според нив, календарот е од алах даден и НЕ може да се менува.
така да, иако се согласувам дека календарот е човечка интервенција, сепак верниците не се сложуваат до тоа, за жал:(
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
б...
вториот дел, идејата не е лоша, само што има еден проблем, а тоа е дека секогаш ќе победува оној кој се бори со научни факти, а не оној кој дава некакви си догми од библија/куран/било којадруга света книга. а ако е поентата да дебатата биде помеѓу двајца атеисти/верници, тогаш е веќе сосема друга работа. отвори ти таква тема и со задоволство би учествувал.
сепак, оваа тема ја направив да се поттикне дискусија со верниците, кои обично се кријат позади цитати од книгите, а немаат ни трошка свое мислење.
...

.

Перцепцијата е многу важна работа. Модерните (псеудо) мислители, филозофи и научници, имаат сличен фундаменталистички став како и на буквата и буквалноста вржаните книжнички фундемантелисти, за кои учењето на Писмата и науката стојат во потполна контрадикција.

Дали случајно мислиш ...
.

Не, јас неверувам на случај! :)

.
 
W

Werther

Гостин
Инаку да додадам во врска со темата нешто.
Имам читано слична тема на останат подфорум која што беше насловена како Дебати и темите се менуваат.
Темата беше строго модерирана и на неа беше дозволено да учествуваат само двајца учесници.
Покрај почетниот вовед и заземање на ставови на секој од двајцата дискутанти, беа дозволени уште две реплики на секој од нив и завршен говор.
Потоа нивната дебата беше паралелно ставена на гласања и дискусија на останатите форумџии во засебна тема каде што можат да се кршат копја.
Секоја тема и дебата траеше една недела...Да бидам искрен овде на форумот не гледам таков капацитет.
Го знам овој форум. Порано и јас го имам читано, пред неколку години.

Може линк да ми пратиш, го имам заборавено името на форумот ? :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Kалендар е астрономска категорија и тука нема никаква дилема
Во универзална употреба е грегоријанскиот календар, според кој простата година има 365 дена, секоја четврта година е престапна со 366 дена а годините чии броево завршуваат со две нули не се престапни и тн.
И тука е крај на приказната.
Останатите видови календари се за религиозна употреба
Еве за грегоријанскиот
http://mk.wikipedia.org/wiki/Грегоријански_календар
Православната црква сеуште користи јулијански календар
http://mk.wikipedia.org/wiki/Јулијански_календар
Еве и за исламскиот календар
http://mk.wikipedia.org/wiki/Исламски_календар
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.495
прашај ги на пример муслиманите, па да видиме што ќе ти кажат. според нив, календарот е од алах даден и НЕ може да се менува.
така да, иако се согласувам дека календарот е човечка интервенција, сепак верниците не се сложуваат до тоа, за жал:(
Барем според мене во вакви очигледни случаи не се работи за верски фанатизам туку повеќе да се докаже на кого му е „поголем“ ако се разбираме. :icon_lol:

П.С Еве и Смрт... има убаво објаснето во неговиот пост.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.305
Да почнам јас, КОЈ КАЛЕНДАР Е ТОЧЕН?
Јас мислам календарот и на маите и на старите египкани ....зашто сонцето за многу слично време со ``денешново`` (измерено со 4000000000 телескопи,равенки и останати срања од наса) се врти околу сонцето....
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Барем според мене во вакви очигледни случаи не се работи за верски фанатизам туку повеќе да се докаже на кого му е „поголем“ ако се разбираме. :icon_lol:

П.С Еве и Смрт... има убаво објаснето во неговиот пост.
баш тука лежи проблемот, верниците без никаква поткрепа, научна поткрепа прокламираат и шират лаги!!!
на научниците им е “најголем“, но кога верниците ќе ги притиснеш до ѕид, тогаш или избегнуваат да дискутираат повеќе, или ќе почнат со лични навреди. од таму се гледа нивната немоќ, колку се слаби и психички и духовно (ова духовно во контекст на религиите;)).
еве, доказ за сега е дека дискутираме само разумни луѓе (или верници по традиција или атеисти). се плашат верниците, и во иднина ќе се плашат и нема да дојдат, иако ракавицата им е фрлена влице.
П.С. иако спирос се вклучи, он ти е некаква мешавина ко саи баба. пробува да ги извлече само добрите делово од сите вери, али појма нема каде завршува едната, а каде почнува другата. али битно ќе ни ја разубави темата со тие црвени букви;)
Kалендар е астрономска категорија и тука нема никаква дилема
Во универзална употреба е грегоријанскиот календар, според кој простата година има 365 дена, секоја четврта година е престапна со 366 дена а годините чии броево завршуваат со две нули не се престапни и тн.
И тука е крај на приказната.
Останатите видови календари се за религиозна употреба
Еве за грегоријанскиот
http://mk.wikipedia.org/wiki/Грегоријански_календар
Православната црква сеуште користи јулијански календар
http://mk.wikipedia.org/wiki/Јулијански_календар
Еве и за исламскиот календар
http://mk.wikipedia.org/wiki/Исламски_календар
истото што и за смихајлно, со едно мало подпрашање. дали мислиш дека треба да се укинат верските календари?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom