R
Rigel Kent
Гостин
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/149
Овде е детално образложено.
Овде е детално образложено.
Добивки од игри на среќа
Дефиниција
Добивки од игри на среќа се приходите што обврзникот ги остварува од игри на среќа, кои можат да бидат остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид.
Даночен обврзник
Даночна основа
- Физичкото лице кое остварило добивка од игри на среќа
- Нерезидент/странско физичко лице кое остварило добивка од игри на среќа
Основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката.
Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта на среќа.
Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката.
Данок на доход за добивките од општите игри на среќа не се плаќа, ако поединечната исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари.
Ако поединечниот износ на добивката го надминува износот од 5.000 денари, данокот се пресметува врз целиот износ.
Даночна стапка
Утврдување на аконтација на данок
- од 01.01 2008 година - стапката изнесува 10%
Аконтација на данокот на доход за добивките од игри на среќа ја пресметува и уплатува исплатувачот за секој обврзник (физичко лице - учесник во играта) и за секој поединечно исплатен приход во моментот на исплатата.
Пример: Ако учесникот уплатил ливче од 1.000 денари за еден тикет, а збирниот коефициент на конкретното ливче е 11, тогаш добивката ќе изнесува 11.000 денари и исплатувачот (спортска обложувалница) го пресметува и задржува персоналниот данок (10%).
Пресметка:
Бруто добивка11.000 денариПерсонален данок (11.000 х 10%)- 1.100 денариЗа исплата (11.000 - 1.100)9.900 денари
Годишна обврска на физичко лице
Физичкото лице за приходите остварени по овој основ, како и за сите други приходи остварени во тековната година, треба да достави Годишна даночна пријава (образец "ПДД-ГДП") до Управата за јавни приходи, најдоцна до 15 март наредната година, според неговото живеалиште, во Контакт центарот во Скопје без разлика каде се наоѓа вашето живеалиште или преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk