Соопштение за обложувачите

  • Креатор на темата Креатор на темата Avenger99
  • Време на започнување Време на започнување
A

Avenger99

Гостин
Ве известуваме дека и покрај огромните напори и дадени предлози од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) да се повлечат или изменат предложените одредби за персонален данок кај игрите на среќа...

notice553.jpg
Собранието на РМ на ден 27.12.2013 сепак, без промени, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход, каде што во член 54 се предвидува оданочување:
ОД 10% НА ИЗНОСОТ НА СЕКОЈА ПОЕДИНЕЧНА ИСПЛАТА НА ДОБИВКА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦАОваа одредба стапува на сила 8-миот ден од излегувањето во Службен Весник на РМ (07.01). Обложувалницата Sport Life не се согласува со овие измени, но мора да постапува согласно Законските одредби и од ден 08.01.2013 ќе започне да задржува и да плаќа 10% од сумата на секој поединечен исплатен тикет, без разлика на висината на исплатата, на име персонален данок на добивка за играчот.
Исплатата на добитните тикети, покрај приложувањето на оригиналниот добитен тикет МОРА да се врши со приложување на лична карта или пасош за идентификација и внесување неопходни податоци за потребите на УЈП.
Во спротивно, без земени податоци од играчите, тикетите НЕ СМЕЕМЕ да ги исплаќаме.

Со почит,
Sport Life обложувалници


Извор:http://sportlife.com.mk/Default.aspx?LCID=16&NewsID=5686

Ај наздравје ..
 
Ајт наздравје... А темава во бизнис и економија нека иде...

Него, како сега ќе се поднесуваат годишните даночни пријави, зарем кладилницата ќе им испраќа на домашна адреса на сите потврди за платен персонален данок?
 
Зошто одма кладилниците не ги одбиваат тие 10% па да имаат работа кладилницата и ујп.
 
Зошто одма кладилниците не ги одбиваат тие 10% па да имаат работа кладилницата и ујп.
Како мислиш одма? Системот е таков каков што е со персоналниот данок, работа си имаат кладилниците и ујп(затоа и е потребна лична карта) а исто така после и ти ќе си имаш работа иако ти е платен данокот.
 
Баш пред 2-3 недели правев муабет со еден другар што работи во Зортлајф тогаш ми рече дека кај нив и мислам уште во Бетпоинт и Златна копачка важи ова и за добивки само над 10 000 денари, може беше и за 5 000 не се сеќавма точно...А сега изгледа за било која добивка ќе зимаат 10%, а верувам дека наскоро и за сите кладилници ова ќе важи...И чекај бе, кој им курац бе, еве јас и не играм баш така често, скоро и да не играм спортска, ама што има мене некој да ми зема 10% од мое ливче со мои комбинации бе? Па тоа ливче јас сум си го играл, што мајка бара некој друг кај мене пари да бара бе? Јас сум си ги типувал утакмиците јас сум вложил пари јас сум ги погодил и на некој начин заработил, и како може сега некој да дојде 10% да ми бара, па макар и 200 денари да се тие 10%? Марш у пичку матер, убав пост прочитав негде, следна година уште да почнат да бараат 10 % на коледарите...:нинџ:
 
Како мислиш одма? Системот е таков каков што е со персоналниот данок, работа си имаат кладилниците и ујп(затоа и е потребна лична карта) а исто така после и ти ќе си имаш работа иако ти е платен данокот.
каква работа после би си имала јас!? нели преку кладилницата се исплака данокот и толку.
 
каква работа после би си имала јас!? нели преку кладилницата се исплака данокот и толку.
Точно. Но и покрај тоа што сите даноци ти се платени, поднесуваш годишна даночна пријава до УЈП ако си остварил било каков приход освен приход по основ на плата (и стипендија и сл.). Не плаќаш ништо, али треба да поднесеш.
 
Значи само дополнително малтретирање. Фааааак, не ги можам веке закониве.
 
Точно. Но и покрај тоа што сите даноци ти се платени, поднесуваш годишна даночна пријава до УЈП ако си остварил било каков приход освен приход по основ на плата (и стипендија и сл.). Не плаќаш ништо, али треба да поднесеш.

А зошто би поднесувале пријава кога данокот од 10 % ти го одбиваат со исплата на добивката ? :confused:
 
А со онлајн кладењето шо ке биде да не знае некој ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom