Искрено, овакви работи знаат да помогнат. Ама еве ти мислиш дека ќе ти помине целата ситуација или состојба само ако ги прифатиш и анализираш тие сензации, ако ги надгледуваш од еден неутрален аспект, без давање некакво значење на самите нив. Но, што праиме кога секој ден ти живееш така ? Кога буквално мозокот ти е преокупиран со работи кои навидум немаат врска, а самата состојба го тера мозокот да ги множи со 200 и автоматски ги праи проблеми. У таква ситуација ти неможеш да земеш да си кажеш, Аха, ја ве прифаќам вам (мислите,физичките сензации) без да ве оценувам и судам, фактички нем набљудувач ќе ви бидам додека вие ми ебете матер.
Мозокот ти е испрограмиран да и ти и јас и сите овде да мислиш на такви работи, интинктот се јавува познат како flight or flight и едноставно тоа е генетски код. Ќе треба многу повеќе на човек од само да се прифати тоа и да се остави така како што е.
Ипак ова твоево е некаков метафизички-филозофско-спиритуелен,алтернативен начин на лекување/надминување како и да е на се ова, што не го одрекувам, нити критикувам, само давам коментар.
И веруј, не е лесно да го прегрнеш "пријателот" (стравот/паниката/анксиозноста), или да го оставиш да си делува тоа без да даваш значење. А тоа те уништувало,те довело на најниско ниво, можеби си загубил работа ради таква ствар, можеби девојка, можеби си паднал година на факс,можеби ти паднала самодовербата. Но веруј, не е лесно да прифатиш нешто што не го сакаш во себе. А уште помалце е лесно и логично да го сакаш тоа.
Поздрав, мислам дека сфаќаш што сакам да ти кажам.
Кој избор го имаш?
Апчиња(психијатри)?
Религии?
Психолози?
Ах, опресорите го чекаат тој момент....они ти викаат ела, ела, дојди ваму, лекот е кај нас.....системот ти овозможи лек. Не е битно што они ова го наметнале на прво место. Имајте на ум дека оваа состојба ви е наметната со сила, ако ништо друго некој инает да не ви даде да се предадете!
Апчиња.. Ќе го кажам со многу прости зборови, што ако она што се крие длабоко во потсвеста е уствари вистинскиот ваш идентитет?
Што правиме ако стануваш "растение" на овој начин?
Религија...Ова е буткање на проблемот под тепих, пак кога тогаш ќе мора да се соочите со реалноста. Давање на вашиот авторитет на некои "виши сили". Ова е уште позаебано, некако не оди и ова.
Психолозите би ти решиле по некој проблем, не викам не.....ако се добри. Арно ама бројот на проблемите е у пм голем. Може ќе ти требаат 100 животи да се отарасиш од нив поединечно
Можеби има и такви кои би ги третирале сите проблеми одеднаш...незнам. Ако има такви за кои ќе кажам нешто од мое искуство, нека сподели некој.
Ошо имаше една изрека, дека ако има некое чудо во универзумов тогаш медитацијата е чудото. А медитацијата не е ништо друго туку состојба. Практично е невозможно да се објасни со зборови на некој што не го има доживеано истото. Затоа оние кои што знаат што пишувам ќе ме поздрават, другите ќе се чудат......како и да е, добрата вест е што има многу техники по белиов свет за истото. Па не мора никој да ме разбере т.е. да го разбере продуктот на на техниките, нека ги практикува самиот. Тука ја имаме и јогата....јас не сум ја практикувал, ама целта е иста мастеринг над мислите и емоциите.
Не сте свесни која е таа моќ над се она што "поседувате".
Ќе дадам аналогија, која можеби несвесно некој сака да ни ја прикаже преку филмовите.
Имаме змејови, кои во принцип се нескротливи и диви, знаат да бидат крајно деструктивни во напад и одбрана.
Па таков ни е и тој дел од мозокот, рептилски и се вика кој што не чувал во ситуации на катаклизми а сега не јаде од внатре од немање друга работа. Егото е неговото чедо.
Змејот иако е див тој не може да се спротистави само на еден, уствари тој е и наманет да му служи на истиот....на
господарот.
Вие сте господарот на рептилот, на егото, на деконструктивната моќ што ја има истиот. Затоа чил аут
Пробај најди се еднаш над змејот па пиши ми дали не сум бил во право.
Проблемот што се јавува е дека ти нема да можеш да си исполнуваш желби и змејот да те слуша....уствари тоа ќе биде егото кое си нашло задна врата.
Затоа кинезите викаат
Wu wei акција преку неакција, ама тоа е веќе друга тема.
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 16:48 ---
Само да дополнам....може треба да се направи по некој експеримент. Избегнувајте некое време контакт со било кој што би сакал да ве научи нешто. Преку филмови, музика посебно...ако веќе се слуша нека биде строго инструментал, било какво читање и сл. Значи период на самоизолација и медитација, во стилот на Заратустра ликот од книгата на Ниче.
нека биде тоа некое кратко време посветено на самите себе си.
Пробајте не користете алкохол, цигари и слично...ако може вегетаријанска храна и повеќе природа, нека биде тоа 40 дена симболично, може и да има некоја магија во 40-те дена на нашите стари