Анксиозност

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
pred kolku vreme gi piese se izgubi stravot i napadite voopsto ?
Ги пиев пред едно 4 години , и еве babsy напишала/а Депрозел дека се апчињата.Кај мене беше ваква ситуацијата : стресен период, нездрав начин на живот и смрт на блиски особи- сето тоа резултираше со панични напади по некое време . На почеток мислев дека се фрки со срцето, тироидата , инсулинот и секакви прегледи направив ама немав ништо . Ми препишаа хелекс и уште нешто (не ми текнува ) и ги пиев ама без резултати.Ке излезев до некаде и страшна тахикардија, гушење-овие симптоми дури и во состојба на мирување ги имав.Така терав скоро година, се дури мајка ми не се сретна со една нејзина пријателка од средно -добар психијатар , и женава и рекла дека само депрозел би ми помогнало.Почнав да ги пијам и имаа неверојатен ефект веке по една недела .После тоа гти пиев скоро пола година и еве ден денес сум ок.
--- надополнето: 5 декември 2013 во 17:40 ---
И не се плаши Гвантанамоо се е тоа на психичка база, така и се разболуваме-прво на емоционално. па на ментално и на крај на физичко ниво.Не е мое да ти се мешам ама би било подобро ако пушиш трева и пиеш алкохол често малку да намалиш. Гледај стресот,бесот и негативната енергија да ја насочиш кон некој издувен вентил како трчање , планинарење , боксерска вреќа :) Мене барем тоа ми помогна ептен . Исто ми помогнаа и капките валеријан кои се на природна база. Апчињата конкретно не ме згоија , депрозелот имаше ефект. Сепак ако ти одговараат хелексот и асентрата терај со нив, не земај ништо на своја рака . Јас чим се извлеков не е ништо страшно . Сега си џогирам , планинарам и мајка станав во меѓувреме.За се има чаре . само смирено . Секое добро и поздрав .
 
AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Ѓи пијам антидепресивите 4 дена и чувствувам поголем дел од симптомите кои се наведени дека често се случуваат,сува уста,намалена концентрација,се будам преку ноќта,благо заматување на видот итн.Нормално ли е вака да се чувствувам или тоа е негативен знак дека не ми одговараат лековите?И ако сте ѓи имале за колку време исчезнуваат?Читав на интернет за неколку недели дека би тревало да ѓи нема ама би сакала да слушнам од лично искуство.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ѓи пијам антидепресивите 4 дена и чувствувам поголем дел од симптомите кои се наведени дека често се случуваат,сува уста,намалена концентрација,се будам преку ноќта,благо заматување на видот итн.Нормално ли е вака да се чувствувам или тоа е негативен знак дека не ми одговараат лековите?И ако сте ѓи имале за колку време исчезнуваат?Читав на интернет за неколку недели дека би тревало да ѓи нема ама би сакала да слушнам од лично искуство.
Обично на почеток се појаки нус ефектите ама со текот на времето исчезнуваат. Но ако имаш доста изразени нус ефекти треба да зборуваш со тој што ти ја препиишал терапијата.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Значи доколку си останеш на истата исхрана и физичка активност може да настане дебелеење?Јас од денес почнав да пијам Зепира,се мислев многу дали да почнам со антидепресиви,докторката ептен настојуваше па ајде сигурно она подобро знае.Инаку не осекам некоја голема аксиозност,ни па сум во некоја тешка депресија обично кога сум во пмс знам да бидам подепресивна.Ќе може ли да ми кажете искуство како е со прекинувањето,бидејки докторката ми рече дека ке морам да ги пијам една година без разлика што ке се чувствувам подобро за неколку месеци.Е сега ако нема нус ефекти би ги пила една година но ако има, а особено здебелување бидејки и онака имам проблем со тоа морам да ги откажам.
Ѓи пијам антидепресивите 4 дена и чувствувам поголем дел од симптомите кои се наведени дека често се случуваат,сува уста,намалена концентрација,се будам преку ноќта,благо заматување на видот итн.Нормално ли е вака да се чувствувам или тоа е негативен знак дека не ми одговараат лековите?И ако сте ѓи имале за колку време исчезнуваат?Читав на интернет за неколку недели дека би тревало да ѓи нема ама би сакала да слушнам од лично искуство.
Дали земаш други лекови и колку милиграми пишува на пакувањето? Организмот треба да се навикне на покачените нивоа на серотонин, затоа во прво време имаш несоница. Ќе помине штом му дадеш време на организмот да се навикне.

За другите несакани ефекти ... за овие апчиња не е карактеристично сува уста и зголемување тежина, тоа е обично за некои антидепресиви кои успат имаат и антихолинергичен ефект (како што кажа: поспаност, сува уста, зголемена тежина, заматен вид).

Можеби си читала општо за антидепресиви, а има големи разлики меѓу ефектите и несаканите ефекти меѓу различните претставници.

Овие се погодно избрани кај тебе затоа што се и за анксиозност, и за социјална анксиозност, и за предменструален период.
 
AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Од 10 мг се ама до денес ги земав по пола.Во граница на нормала се нус ефектите,не ми сметаат во нормално функционирање ама прв пат земам какви и да било лекови и незнам колку ми беше добра одлуката да почнам со антидепресанти па затоа паничам. Мислам дека повеке стрес ми предизвика што почнав со нив отколку што ке ми помогнат.Фала многу
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.181
Да ве прашам... Дали кај машките тука кои имаат проблем со анксиозност,депресија,панични напади и тн, се јавува екстремен(неизбежен) нагон за плачење и повраќање? ... Реков машки бидејќи женските различно реагираат на анксиозност, поради разлика у хормони, не дека сум шовинист :D .
И каква е поврзаноста на анксиозноста со покачен шеќер? Дали покачениот шеќер ја предизвикува анксиозноста,стресот,депресијата,паниката или пак анксиозноста,депресијата,паничните напади,стравот,стресот предизвикува покачен шеќер?
Евидентно е дека има поврзаност меѓу овие две биолошки пореметувања(така да ги наречам), но која се од нив се појавува прва?
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923

Јас кога бев акциозен имаше моменти кога плачев што екстремно ретко ми се случува нормална состојба.
Ваљда си подложен на сентименталност. За шекерот незнам.
 
A

AnFem

Гостин
Да сте ми закачиле орден за храброст, под итно! Некој не може ни од дома да излезе, јас тргнав да патувам сама, на непознати места. Како ми е, јас си знам, битно издржувам, дишам некако... :D

Ќе ѝ ебам матер на анксиозноста! :mad:
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
1
Ебаната асентра ја пијам веке пет години. На почетокот беше се во ред. Си реков супер конечно и за мене имало лек за мојата депресија и анксиозност. Но по извесно време почнав да чувствувам некој необични ефекти како вознемиреност,збунетост,немир. Едноставно место не ме факаше,бев хиперактивен и не знаев што да правам па решив да престам да ги пијам. Прво ја намалив дозата на 50мг, така терав две треи недели па потоа на 25мг пиев исто така две три недели и ги баталив. Првиот месец од повлекуванјето беше се во ред. Некако ми се избистри мозокот можев подобро да се сконцентрирам на работа, но по првиот месец анксиозноста и депресијата вратија со полн удар нокаут.Бев дојден на дното и не се издржуваше повеке. И пак почнав да ги пијам. И така во овие пет години имав некој неуспешни обиди да престанам со нив и до ден денес ги пијам. Ми поагаат да се чувствувам срекен но сепак несто пак недостига не можам добро да се концентрирам,лесно заборавам, и многу сум збунет. Ако има некој да ги сподели истите искуства нека пише поздрав
 
M

Muranyi

Гостин
Да ве прашам... Дали кај машките тука кои имаат проблем со анксиозност,депресија,панични напади и тн, се јавува екстремен(неизбежен) нагон за плачење и повраќање? ... Реков машки бидејќи женските различно реагираат на анксиозност, поради разлика у хормони, не дека сум шовинист :D .
И каква е поврзаноста на анксиозноста со покачен шеќер? Дали покачениот шеќер ја предизвикува анксиозноста,стресот,депресијата,паниката или пак анксиозноста,депресијата,паничните напади,стравот,стресот предизвикува покачен шеќер?
Евидентно е дека има поврзаност меѓу овие две биолошки пореметувања(така да ги наречам), но која се од нив се појавува прва?
Да, може.
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 12:05 ---
Е, не заедно... Во 8 апче во 11 ракија.;)
Алкохолот ги покачува нивоата на норадреналин, кој пак има слична функција како адреналинот. Затоа анксиозност и алкохол - не, посебно ако имате потешкотии со спиењето.

Дали на некој од вас му се случува кога се обидува да заспие и кога го фаќа полека сонот, чувствува како да тоне и како полека му се опушта телото и му се "гаси" умот од преголем умор,значи заспива. И во еден момент одеднаш повторно се јавува свесност во самата состојба и наеднаш срипувате, се будите со чувство на страв дека сте ја избегнале смртта?
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Алкохолот ги покачува нивоата на норадреналин, кој пак има слична функција како адреналинот. Затоа анксиозност и алкохол - не, посебно ако имате потешкотии со спиењето.
Значи последниов месец по сите поводи каде што сум бил со друштво и секој си избира што да пие никогаш не избегнував алкохол. Се разбира пиев со граница, колку да се опуштиш - максимум 5-6 чаши.
Можеби затоа осеќам покачено ниво на самодоверба.. Сериозно, толкава самодоверба не сум имал никогаш во животот. Тоа помага кај депресијата и анксиозноста.

Е сега, тоа што го кажуваш со заспивањето забележувам дека пак се активира во последниов месец.. На неколку пати, посебно ако легнам да дремнам порано (помеѓу 6 и 9 вечерта) се јавува тој основен страв од смртта и почнуваат да ме измачуваат такви мисли. Не се будам, се трудам да ги поднесам иако ме преплавува некое чувство на ужас.
Тоа соочување може да биде и позитивно бидејќи во тој момент се соочуваме со основниот егзистенцијален страв - од смртта. Проблемот е како при активирањето на тоа несвесното да се надмине тој страв. Едноставно, во тој момент не можеш да кажеш бесмислено е да мислам за тоа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали на некој од вас му се случува кога се обидува да заспие и кога го фаќа полека сонот, чувствува како да тоне и како полека му се опушта телото и му се "гаси" умот од преголем умор,значи заспива. И во еден момент одеднаш повторно се јавува свесност во самата состојба и наеднаш срипувате, се будите со чувство на страв дека сте ја избегнале смртта?
Не ...
Такво чувство на страв немам и да срипам... не
Инаку се успивам читајќи книга. Полека чувствувам како телото се опушта, очите се затвараат, ја оставам книгата и замижувам.
Мене ми е проблем што кратко спијам ( веројатно поради годините ). Ноќеска легнав после 2, а се разбудив околу 6 и пол.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
Ебаната асентра ја пијам веке пет години. На почетокот беше се во ред. Си реков супер конечно и за мене имало лек за мојата депресија и анксиозност. Но по извесно време почнав да чувствувам некој необични ефекти како вознемиреност,збунетост,немир. Едноставно место не ме факаше,бев хиперактивен и не знаев што да правам па решив да престам да ги пијам. Прво ја намалив дозата на 50мг, така терав две треи недели па потоа на 25мг пиев исто така две три недели и ги баталив. Првиот месец од повлекуванјето беше се во ред. Некако ми се избистри мозокот можев подобро да се сконцентрирам на работа, но по првиот месец анксиозноста и депресијата вратија со полн удар нокаут.Бев дојден на дното и не се издржуваше повеке. И пак почнав да ги пијам. И така во овие пет години имав некој неуспешни обиди да престанам со нив и до ден денес ги пијам. Ми поагаат да се чувствувам срекен но сепак несто пак недостига не можам добро да се концентрирам,лесно заборавам, и многу сум збунет. Ако има некој да ги сподели истите искуства нека пише поздрав
грешна одлука - требало да се намали дозата и да се продолжи......значи сега нема да ги откажуваш на своја рака,ами ќе гледаш да ја балансираш дозата ;)
 
A

AnFem

Гостин
Проблемот е како при активирањето на тоа несвесното да се надмине тој страв. Едноставно, во тој момент не можеш да кажеш бесмислено е да мислам за тоа.
Точно!
Мене до сега ми успеа само еднаш, откако во будна состојба се убедив(ама навистина се убедив, не да се утешам колку да заспијам) дека нема да ми се случи ништо. Така и заспав.
Штета што не сум секогаш во можност за ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom