Новогодишни одлуки '14 (New Year's Resolution 2014)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Че се женам у пичку мајчину :icon_lol:.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
2013-та да ти ебам годината ова 13 кава стварно да ти била баксуз бар за мене.
2014-да изгурам некако до 2015-та па за понатаму ќе видиме потоа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.019
Поени од реакции
74.381
Изненадувачки 2013 ми беше година во која ми се променија многу работи во животот.
Почнав да подработувам работа за која секогаш викав дека и последна да е, нема да ја работам :)
На крај испадна дека одлично ми оди, дека имам голем успех, и дека можеби треба да пробам да напредувам на повисоко ниво во истата.
Не сум којзнае колку за фалење на финансиски план, ама ако ништо друго бар го подработувам тоа за кое сум стручен, напредувам на истото поле, и плус заработувам од истото. Како за почеток, не сум им веќе финансиски товар на моите, цела година живеам исклучиво со мои финансии, нормално ако занемариме дека не учествувам во плаќање сметки :icon_lol:
И образованието го продолжив на повисоко ниво, нормално спонзорирано од мои средства :)
Па дури во неколку наврати помагав финансиски на најблиските :)
Здравјето не можам да го дефинирам.
Немав некоја болест годинава, ама во почетокот на годината добивав некои панични напади кои резултираа со забрзано срцево отчукување. Имав и отежнато дишење во различни периоди од годината. На што се должеше тоа не открив. После 4 години проверував крвна слика и се беше во најдобар можен ред, исто како и ехото и ЕКГ-то :)
Почнаа многу да ми пречат гужви, да почнувам да губам восздух кога сум во гужва, нешто што досега не ми сметало...
Од друго не можам да се пожалам.
Ми се случи огромна промена во физичкиот изглед.
Го нема повеќе стомакот :)
И во фацава се исушив, како Исус сум сега...
Почнав да пуштам брада и бркови, не се бричам секој ден како порано :pos:
Главната промена е што ослабев премногу, од над 80 кила, до 60 и нешто...
На моменти дури се симнав и под 60.
Главна причина беше одењето на Водно и спринтовите низ шумата, како и интензивното трчање во текот на летото.
Никогаш не сум ни помислил дека ќе успеам 5 километри да истрчам без пауза :)
Кондицијата секогаш ми била огромен проблем...
Тоа беа некои новости во минатата година, на тема љубов, другарство, се ми е постаро и се надевам исто ќе си продолжи :D

Во новата 2014 не очекувам некои драстични промени.
На моменти размислувам да ја напуштам државата, ама тоа сигурно нема да се случи годинава.
Сакам да напредувам во неколку сфери, покрај струката, планирам да се пробам и во две други насоки, но не знам колку ќе имам време за тоа.
Засега добро е ако ги завршам постдипломските годинава, тешко идело да учиш и да работиш паралелно ММЕ...
Се ми е испланирано, кога ќе работам, кога ќе учам, кога ќе уживам... :D
Љубовта кон планиниве стекната лани, ми донесе некои нови планови од таа област.
Планираме да се придружиме на некои планинарски тури годинава, а секако прво имаме две приоритетни патеки.
Прво и основно ради илјада причини никако да отидеме од Водно преку крст до Матка...
Тоа мора да се случи во брзо време...
Втора цел како за почетници ни е Солунска глава.
Поради тоа што имало снег до март, се надеваме дека тој период ќе го оствариме ова патешествие.
Опцијата за шетање на Македонија е секогаш отворена, само тоа не зависи само од мене, мора цело друтшво да ги усогласиме обврските.
Други некои планови немам, може да додам дека веројатно ќе продолжам со трчање кога ќе се затопли и нормално со секојдневното играње кошарка. За тоа мора да има време :)
Се надевам здравјето ќе ме служи и годинава :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Сакав да донесам новогодишна форумска резолуција - на форумов да бидам пријатен и насмеан со сонциња на образите (како шо рече некој) и на крај да ме изберат за најпозитивен форумџија за годината, али многу брзо си реков fuck that shit
 

Kajgana Shop

На врв Bottom