нема никакви рестрикции за бугарите ако ти се работи.
ако планот ти е да донесеш цела фамилија и да се пријавиш во завод - еј абе ние сме цела фамилија, немаме работа, немаме стан, сакаме помош - е тоа нема, тешко. ако е тоа рестрикција
некој спомна погоре, без 3-4 илјади не доаѓај - тоа е премногу. веј ту мач
не е ова аустралија, за 50 евра за два саати ќе се вратиш со виз ер ако не ти иде.
потребни ти се сите тие работи кои ти ги наведе
galaxys погоре, ама ништо не е обавезно за да почнеш со работа. тебе можат да те примат првиот ден без никаков документ (ок пасош) и после си бркаш работа. нормално ќе си отвориш сметка каде сакаш, пошто треба да ти плаќаат нели. зборот ми е, не ти треба сметка за да се вработиш, значи можеш да се вработиш без сметка, без број осигурителен, се тоа се средува во меѓувреме. ќе си му го кажеш тоа на тој што треба да те вработи. клучно е - дали он те сака и дали имаш право на работа (нормално гледаат и искуство) се друго е формалност.
ако изнајмуваш преку агенција, ти даваат договор и најчесто е со минимум 6 месеци до година, или колку сакаш ти нагоре. тој договор ти е легален документ, со него пред било која институција докажуваш адреса на живеење. ок, малку е покомплицирано, бидејќи агенцијата сака да се осигура дека можеш да плаќаш, сакаат да видат дали редовно си плаќал претходно, каков кираџија си бил, кредит рејтиногот ти го проверуваат. со оглед на тоа што тебе се ќе ти биде прв пат без никакви референци, ќе биде потешко да добиеш - иако се добива, не дека не. едносавно си бркаш работа и тоа е тоа, не треба да те заплашува ништо.
друга варијанта е приватен газда, некој си рента и огласува. многу полесно и супер е за старт но овој случај нема договор, односно има, ама не е валиден како оној преку агенција. не се заверува на нотар, можеш, ама нема никаква правна сила. приватен договор за рентање кај сакаш завери го нема никаква правна сила, освен преку агенција. еднинствено што мораш да го напраиш во овој случај е да си го осигураш депозитот, ќе си го прашаш тоа газдата. во случај да ти нанесе неправда некоја, депозитот да не биде кај него во џеб и он да одлучува.
кола/комбе е скапо да се има, освен ако не заработуваш со нив. добро со комбе нормално кога би го имал, за тоа го имаш
скапо е осигурување, плус бизнис осигурување, да не зборам нафта и слично. изгор. инаку се рента комбе во почеток, за бизнис, се исплати. сите така почнуваат ако има треба комбе. помалце ќе ти вади, ама ќе почнеш, ти треба нели.
кола, прво осигурање, адреса во лондон, рачунај накај 1000 до 2000 годишно. и тоа крш кола. само осигурување зборам. колата да ја купиш не кошта многу.
лондон е многу скап, ценовниот шок ќе те држи две години, се во денари ќе рачунаш - што е многу погрешно. ама па супер е за старт, има работа, повеќе се заработува. скапа е англија, ама лондон посебно.
многу ми е битно што ти е целта.
ако сакаш да работиш ко пакистанец 7 дена по 24 саати, ќе напраиш некој пара. ама така не се живее.
ако си дојден да печалиш, неколку години и да се вратиш дома во ред. ако дојдеш да живееш и да работиш, да печалиш ама и да трошиш е друго.
прашувај слободно што те интересра конкретно.