Лондон - работа, живот, авантура

  • Креатор на темата Креатор на темата DRaGaN mebel
  • Време на започнување Време на започнување
Совет од прва рака, без 3-4к фунти не помислувај да тргнеш.Првите неколку месеци се критични.
 
Друга битна работа е да се регистрираш y Electoral register(electoral roll) тука .
ова ќе ти треба за кредит скор,у случај ако сакаш телефон на претплата,кредит,кола на лизинг и слично,многу е битно да си регистриран овде.

galaxys одличен одговор , кога ке земам стан под кирија таа адреса ќе ми важи цело време , се прави ли некој договор (пишан) кај нотар или?

адреса за престој , треба ли да имам , кај се вади ,колко време важи ?
значи вака оди - 1 Ќиријата за соба 2 сметка у банка.
3 insurance number(даночен број) и се тоа трае +-25 дена , и тогаш ке може да барам работа

CSCS ( сертификат за работа кој трае 1 година ) знам дека сите работодавци бараат ? Што улога има , каде се вади ,
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 16:57 ---
Скапо ли е да се има кола (комбе ) во УК , (не мислам која цена е) , него даноци такси осигурање одржување ,
:)
,
 
galaxys одличен одговор , кога ке земам стан под кирија таа адреса ќе ми важи цело време , се прави ли некој договор (пишан) кај нотар или?

адреса за престој , треба ли да имам , кај се вади ,колко време важи ?
значи вака оди - 1 Ќиријата за соба 2 сметка у банка.
3 insurance number(даночен број) и се тоа трае +-25 дена , и тогаш ке може да барам работа

CSCS ( сертификат за работа кој трае 1 година ) знам дека сите работодавци бараат ? Што улога има , каде се вади ,

Значи вака.стан да земеш сам у лондон е скапо,а и стан на почеток тешко да најдеш без никаков документ у англија освен пасош.најубаво ти е на почеток да земеш соба,поефтино е,и обично е без договор некаде може и договор да направат за да бидат сигурни они а и ти,јас седев у соба без договор и немаше никаков проблем.
Адреса за престој ти е адресата кај што ќе живееш,без разлика соба или стан.додека да се преселиш,ти важи таа адреса.
CSCS(construction skills certification scheme) ти е сертификат т.е добиваш и картица(ко виза електрон) за у градежништво.таа се користи за да можеш да влезеш на градилиште,без неа обично не те пуштаат.има повеќе вида,најосновната за калфи у градежништво важи 5 години.за истата мораш да одиш на тестирање за health,safety and environment at work(заштита и безбедност при работа).За тестов мораш прво да си купиш материјал(1 цд),да вежбаш недела-две и да си закажиш тест после.се полага електронски,сертификат добиваш одма ,картицата ти стига по пошта.ја имам јас истата иако не е користена.не се сеќавам колку ме кошташе,али отприлика комплет цд материјал и тестот се околу 40-50 фунти.
Инфо тука
кажи што планираш да работиш таму ако не е тајна,па ќе ти дадат форумџииве што се таму соодветни информации.

осигурување зависи од многу фактори(адреса на живеење,колку време имаш возачка,каква возачка е,која земја и категории,кај ја паркираш колата преку ден,каде ја паркираш преку ноќ итн итн) и зависи од компанијата кај што вадиш осигурување.еве ова најдов на нет отприлика да си видиш иако не ми изгледа ко да е за лондон,не е пишано за каде е пресметано.цената на осигурувањето у лондон е повисока отколку оваа у табеливе.
Бензинец
Дизел

Еве ти и пример за road tax за регистрирани возила(само за коли) од 2001 па наваму,ова е од официјален сајт.колку повекје загадува колата,толку повеќе плаќаш.
Линк
И официјален сајт за сам да си провериш за секакви возила линк
 
Незнам ништо за Чешка ,ај кажи нешто за нив ,плата ,стандарди ,кирија инт ? :confused:

Без заебанции Чешка била и сеуште е супер дестинација за Македонци .....од Постдипломски студии ,до побарувачка на доктори и градежници ( не само работници туку и инжињери и архитекти) има понуда за сите нормално што ке идат да работат а не да чекаат социјална помош...
 
Значи вака.стан да земеш сам у лондон е скапо,а и стан на почеток тешко да најдеш без никаков документ у англија освен пасош.
Аондон,не е пишано за каде е пресметано.цената на осигурувањето у лондон е повисока отколку оваа у табеливе.
Бензинец
Дизел

планирам да работам како carpenter /joiner / montager / (тоа имам најмногу искуство ) , може и нешто друго , за почеток тоа после ќе видам од ситуацијата понуди
 
планирам да работам како carpenter /joiner / montager / (тоа имам најмногу искуство ) , може и нешто друго , за почеток тоа после ќе видам од ситуацијата понуди

Тогаш ќе ти треба CSCS картица.еве ти еден оглас,али овие бараат да си самовработен.со овие струки и со градежништво обично сите се самовработени имаат ЦИС,инфо тука
 
планирам да работам како carpenter /joiner / montager / (тоа имам најмногу искуство ) , може и нешто друго , за почеток тоа после ќе видам од ситуацијата понуди

Гледам по огласиве тука по весници, има работа за градежници, посебно бараат brick layers и carpenters.
 
Тогаш ќе ти треба CSCS картица.еве ти еден оглас,али овие бараат да си самовработен.со овие струки и со градежништво обично сите се самовработени имаат ЦИС,инфо тука

а тоа Цд за CSCS картицата , што треба да се научи , може ли некако да го добијам сега за да го научам ..?

Не ме загрижува работа ( ја сам сум имал своја работа ,машини ,вработени и проекти )
има доста работни места слободни ама доддека се среди човек некој месец е тешко , мене најмногу ме загрижува тоа што не можам да работам во меѓувреме ...има трошкови а не заработувам .
 
а тоа Цд за CSCS картицата , што треба да се научи , може ли некако да го добијам сега за да го научам ..?

Прво,најубаво да ги контактираш на меил и да прашаш која картица ќе ти треба и дали ти е признаено искуството од мк,а и како можеш NVQ level 1,2 ili 3) да земеш.пошо ти имаш искуство од мк,ама не знам колку ќе ти го признаат таму,пошо таму бараат NVQ level 1,2,3.за секоја позиција различно.можно е да треба да почнеш од најосновна картица(најосновна е зелена,а тебе ќе ти треба црвена као искусен работник,и у право си таа мислам важи 1 година) па да идеш нагоре.
За материјалот исто не знам дали може од мк да го земеш,ќе ти треба овај материјал линк
Можеби е исто подобро да ги прашаш и нив дали може да го симнеш од мк,пред да платиш.можно е да имат напраено само ип адреси од ук да симнуваат.и не се плаши не е тешко.
Иначе од ко ќе положиш тестот уствари треба да пратиш апликација а за оваа апликација најверојатно ќе ти треба помош од некој или па веќе да имаш соодветен NVQ левел .сега ми текна дека ја кога аплицирав требаше да ставиме податоци од претходен газда на еден пријател,плус неговиот потпис да го копираме.
 
планирам да работам како carpenter /joiner / montager / (тоа имам најмногу искуство ) , може и нешто друго , за почеток тоа после ќе видам од ситуацијата понуди


pametno, ti imas realni sansi za uspeh ako imas iskustvo, taa profesija nosi pari skoro sekade i imas dobri sansi za vrabotuvanje,
 
нема никакви рестрикции за бугарите ако ти се работи.
ако планот ти е да донесеш цела фамилија и да се пријавиш во завод - еј абе ние сме цела фамилија, немаме работа, немаме стан, сакаме помош - е тоа нема, тешко. ако е тоа рестрикција :)

некој спомна погоре, без 3-4 илјади не доаѓај - тоа е премногу. веј ту мач :) не е ова аустралија, за 50 евра за два саати ќе се вратиш со виз ер ако не ти иде.

потребни ти се сите тие работи кои ти ги наведе galaxys погоре, ама ништо не е обавезно за да почнеш со работа. тебе можат да те примат првиот ден без никаков документ (ок пасош) и после си бркаш работа. нормално ќе си отвориш сметка каде сакаш, пошто треба да ти плаќаат нели. зборот ми е, не ти треба сметка за да се вработиш, значи можеш да се вработиш без сметка, без број осигурителен, се тоа се средува во меѓувреме. ќе си му го кажеш тоа на тој што треба да те вработи. клучно е - дали он те сака и дали имаш право на работа (нормално гледаат и искуство) се друго е формалност.

ако изнајмуваш преку агенција, ти даваат договор и најчесто е со минимум 6 месеци до година, или колку сакаш ти нагоре. тој договор ти е легален документ, со него пред било која институција докажуваш адреса на живеење. ок, малку е покомплицирано, бидејќи агенцијата сака да се осигура дека можеш да плаќаш, сакаат да видат дали редовно си плаќал претходно, каков кираџија си бил, кредит рејтиногот ти го проверуваат. со оглед на тоа што тебе се ќе ти биде прв пат без никакви референци, ќе биде потешко да добиеш - иако се добива, не дека не. едносавно си бркаш работа и тоа е тоа, не треба да те заплашува ништо.
друга варијанта е приватен газда, некој си рента и огласува. многу полесно и супер е за старт но овој случај нема договор, односно има, ама не е валиден како оној преку агенција. не се заверува на нотар, можеш, ама нема никаква правна сила. приватен договор за рентање кај сакаш завери го нема никаква правна сила, освен преку агенција. еднинствено што мораш да го напраиш во овој случај е да си го осигураш депозитот, ќе си го прашаш тоа газдата. во случај да ти нанесе неправда некоја, депозитот да не биде кај него во џеб и он да одлучува.

кола/комбе е скапо да се има, освен ако не заработуваш со нив. добро со комбе нормално кога би го имал, за тоа го имаш :) скапо е осигурување, плус бизнис осигурување, да не зборам нафта и слично. изгор. инаку се рента комбе во почеток, за бизнис, се исплати. сите така почнуваат ако има треба комбе. помалце ќе ти вади, ама ќе почнеш, ти треба нели.

кола, прво осигурање, адреса во лондон, рачунај накај 1000 до 2000 годишно. и тоа крш кола. само осигурување зборам. колата да ја купиш не кошта многу.

лондон е многу скап, ценовниот шок ќе те држи две години, се во денари ќе рачунаш - што е многу погрешно. ама па супер е за старт, има работа, повеќе се заработува. скапа е англија, ама лондон посебно.

многу ми е битно што ти е целта.
ако сакаш да работиш ко пакистанец 7 дена по 24 саати, ќе напраиш некој пара. ама така не се живее.
ако си дојден да печалиш, неколку години и да се вратиш дома во ред. ако дојдеш да живееш и да работиш, да печалиш ама и да трошиш е друго.

прашувај слободно што те интересра конкретно.
 
И ова е добро мислење , искуство . Секоја помош ,совет е добредојден за секој не само за мене ако има повеќе вакви информации , подобро е за сите

Моите намери не се да бидам пакистанецот или пак некој сака да живее од социјална помош , сакам да почнам од некаде ,и да напредувам , не очекувам веднаш да отворам фирма или самовработен .треба време , организација ...колко - не знам
можно ли е да се вози Бугарска кола ( колкаво време ?) македонска дозвола колко време може да се користи ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom