Од БЛ во ПЛ само Балак успеал да се прилагоди веднаш и да понуди константни игри. Како што напомена случајот со Подолски. Кагава поголем дел од кариера во Дортмунд играше АМЦ и како МЦ понекогаш, но кај нас го поставува крило и Мојс и САФ. Може да игра и таму, но ја нема таа експлозивност како крило, тој е креатор, плеј кој треба да разигрува по крилата и во форот, а вака е ограничен да покрива напади по лева страна со бекот и да креира напади лево заедно со бекот. Тука е лимитран стварно и не знам кој инает го тера Мојс со неговата поставеност лево.
На листава играчи од БЛ во ПЛ додади го и Мертесакер кај вас кој на почеток изгледаше толку изгубено а сега е лидер во вашата одбрана. И Кагава ќе легне на брашното ако си го добие времето и позицијата.
Инаку оваа сезона е целта да пројдеме барем до 3-4 место на крај. Пишав уште во Јули дека со место во топ4 ќе сум пресреќен. Не верувам дека клубот ќе западне во некои ниски води како Ливерпул еден период зошто финансиски стои добро и ако се случи нешто лошо до крајот на сезоната летово ќе се пазари на дебело. Секако ќе се пазари и ќе се прави целосен ремонт. Има играчи кои не заслужуваат да се дел од тимот, но што е тоа е. Прифаќам сеир на наша сметка, заслужуваме оваа сезона реално, но ќе помини и овој период. Јунајтед секогаш се враќал посилен по вакви мигови. Можда тогаш беше САФ и тоа е некое алиби да се сомнева некој во Јунајтед сега дека со Мојс ќе биде тешко да се врати по старите патеки, но јас верувам искрено зошто во моментов имаме тежок период а клубот нема да дозволи претумбации со промена на менаџери и правење на истите грешки само за инстант резултати од 1-2 сезони.
Апсолутно си во право. Истиот случај беше и кај нас со Росицки. Си замина Пирес, ни требаше замена и затоа Росицки почна лево, а Дортмунд играше плеј, исто како Кагава. Ќе се сетиш сигурно на игрите на Росицки, но кога дојде Венгер го прекомандова. Неможиме секогаш да му влезиме во филозофијата на тренерите/менаџерите. Сигурно тие гледаат нешто, што ние не го гледаме. Чист пример ти е Ремзи, кај нас, кога единствено Венгер гледаше иднина во тој момак.
Апсолутно.
Тоа е целата предност на Јунајтед. Овие овде кои погоре ги цитирам, не разбираат дека Јунајтед е моментално и најбогатиот и најстабилниот и не знам шо се не, во позитивна смисла. Јунајтед функционира поинаку од Арсенал и од повеќето клубови во светот. Тоа е таа предност. Кога САФ сакаше 50 000 000 за играч, ги добиваше инстантно. Одма. Преку ноќ. Венгер чекаше 10 години, за да го донесе Арсенал на едно ниво на кое што е денес, константен, затоа што ја немаше моќта која ја имаше САФ со Јунајтед. Меѓутоа, во ред е. Јас ги разбирам кога викаат дека Арсенал „не освојува, туку игра најубав фудбал“. Искрено, јас сум горд. Јас имав личен фамилијарен пример, дека тешко е да останиш во врвот, одколку да се најдиш на него. Имав пример во кој член од мојата најблиска фамилија беше на врвот од својата кариера, но заради други причини, падна најдолу. И тој секогаш ми викаше, секогаш гледај нагоре и секогаш биди горе. Немој да си прв, втор, трет затоа што секогаш ќе има некој над тебе и под тебе. Секогаш биди во врвот, секогаш труди се да бидиш најдобар. За себе. Не да бидиш најдобар за другите. За себе. Кога тој истиот човек е повторно на врвот од својата кариера, кога не е во државата каде што е тој роден, каде што е неговата фамилија, далеку од нас тој секогаш остана на врвот и сеуште стои таму. Како што ќе речи мојот идол: „Секогаш е полесно да се најдиш прв, одколку да останиш таму“. Мојата животна мисија, по која се водам. Мојата цел. Тука сум со Вас уште 6 месеци, па продолжувам по неговите стапки, по стапките на мојот идол.
Не дека ве интересира, али сакав да го споделам ова, заради тоа што секогаш трудете се да сте најдобри во тоа што го правите, али за себе. За никој друг.
Па така и во фудбалот, подобро да си на врвот секогаш, макар и не освојувал трофеи. Наградата ќе си дојди, кога тогаш. Некогаш подоцна, но трудот секогаш, апсолутно секогаш ќе се исплати.