FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Од БЛ во ПЛ само Балак успеал да се прилагоди веднаш и да понуди константни игри. Како што напомена случајот со Подолски. Кагава поголем дел од кариера во Дортмунд играше АМЦ и како МЦ понекогаш, но кај нас го поставува крило и Мојс и САФ. Може да игра и таму, но ја нема таа експлозивност како крило, тој е креатор, плеј кој треба да разигрува по крилата и во форот, а вака е ограничен да покрива напади по лева страна со бекот и да креира напади лево заедно со бекот. Тука е лимитран стварно и не знам кој инает го тера Мојс со неговата поставеност лево.

На листава играчи од БЛ во ПЛ додади го и Мертесакер кај вас кој на почеток изгледаше толку изгубено а сега е лидер во вашата одбрана. И Кагава ќе легне на брашното ако си го добие времето и позицијата.

Инаку оваа сезона е целта да пројдеме барем до 3-4 место на крај. Пишав уште во Јули дека со место во топ4 ќе сум пресреќен. Не верувам дека клубот ќе западне во некои ниски води како Ливерпул еден период зошто финансиски стои добро и ако се случи нешто лошо до крајот на сезоната летово ќе се пазари на дебело. Секако ќе се пазари и ќе се прави целосен ремонт. Има играчи кои не заслужуваат да се дел од тимот, но што е тоа е. Прифаќам сеир на наша сметка, заслужуваме оваа сезона реално, но ќе помини и овој период. Јунајтед секогаш се враќал посилен по вакви мигови. Можда тогаш беше САФ и тоа е некое алиби да се сомнева некој во Јунајтед сега дека со Мојс ќе биде тешко да се врати по старите патеки, но јас верувам искрено зошто во моментов имаме тежок период а клубот нема да дозволи претумбации со промена на менаџери и правење на истите грешки само за инстант резултати од 1-2 сезони.

Апсолутно си во право. Истиот случај беше и кај нас со Росицки. Си замина Пирес, ни требаше замена и затоа Росицки почна лево, а Дортмунд играше плеј, исто како Кагава. Ќе се сетиш сигурно на игрите на Росицки, но кога дојде Венгер го прекомандова. Неможиме секогаш да му влезиме во филозофијата на тренерите/менаџерите. Сигурно тие гледаат нешто, што ние не го гледаме. Чист пример ти е Ремзи, кај нас, кога единствено Венгер гледаше иднина во тој момак.

Апсолутно.

Тоа е целата предност на Јунајтед. Овие овде кои погоре ги цитирам, не разбираат дека Јунајтед е моментално и најбогатиот и најстабилниот и не знам шо се не, во позитивна смисла. Јунајтед функционира поинаку од Арсенал и од повеќето клубови во светот. Тоа е таа предност. Кога САФ сакаше 50 000 000 за играч, ги добиваше инстантно. Одма. Преку ноќ. Венгер чекаше 10 години, за да го донесе Арсенал на едно ниво на кое што е денес, константен, затоа што ја немаше моќта која ја имаше САФ со Јунајтед. Меѓутоа, во ред е. Јас ги разбирам кога викаат дека Арсенал „не освојува, туку игра најубав фудбал“. Искрено, јас сум горд. Јас имав личен фамилијарен пример, дека тешко е да останиш во врвот, одколку да се најдиш на него. Имав пример во кој член од мојата најблиска фамилија беше на врвот од својата кариера, но заради други причини, падна најдолу. И тој секогаш ми викаше, секогаш гледај нагоре и секогаш биди горе. Немој да си прв, втор, трет затоа што секогаш ќе има некој над тебе и под тебе. Секогаш биди во врвот, секогаш труди се да бидиш најдобар. За себе. Не да бидиш најдобар за другите. За себе. Кога тој истиот човек е повторно на врвот од својата кариера, кога не е во државата каде што е тој роден, каде што е неговата фамилија, далеку од нас тој секогаш остана на врвот и сеуште стои таму. Како што ќе речи мојот идол: „Секогаш е полесно да се најдиш прв, одколку да останиш таму“. Мојата животна мисија, по која се водам. Мојата цел. Тука сум со Вас уште 6 месеци, па продолжувам по неговите стапки, по стапките на мојот идол.

Не дека ве интересира, али сакав да го споделам ова, заради тоа што секогаш трудете се да сте најдобри во тоа што го правите, али за себе. За никој друг.

Па така и во фудбалот, подобро да си на врвот секогаш, макар и не освојувал трофеи. Наградата ќе си дојди, кога тогаш. Некогаш подоцна, но трудот секогаш, апсолутно секогаш ќе се исплати.
 
Проблемот е што ако Јунајтед сезонава ептен лошо заврши, ептен тешко ќе биде на лето да се направи ремонт онака како што се посакува. Секој сака ЛШ.

Секој сака пари. :)

Сити кога ги донесе тие играчи што ги донесе да не играше ЛШ? Монако да не игра ЛШ, или ПСЖ кога почна да купува? :) Само треба ќесето да се отвори, иако многу подобро би било да се пласираат во ЛШ. :)
 
Рекордите на Арсенал ги чекам уште? А да не се оние што горе ги пишав?

Имај си ти магистратура, убаво за тебе. Од кај знајш ја шо имам и што имам во планови?
Ај со магистратура чим си кажи ми што неточно пишав погоре? И уште ги чекам рекордите на Арсенал кои Јунајтед може да ги сонува? Како пишувате нешто, а после го вртите муабетот? Значи без филозофии и магистратури, РЕКОРДИТЕ НА АРСЕНАЛ ЗА КОИ ЈУНАЈТЕД МОЖЕ ДА СОНУВА?

Арсенал отпадна од Баерн значи Баерн е вкупен победник во двомечот, според сите правила.
 
Значи да не бидиме ко децата мали, со вакви муабети. Значи имаме 49 меча без пораз. Освојување на двојна круна, освојување притоа на ПЛ без пораз. Единствен тим во Англија. Единствен тим во Англија кој освојува двојна круна под водство на небритански тренер. Можеби има други, но не се занимавам со тоа, не паметам. И онакви ступидни рекорди како на пример прва победа на некоја италијанска екипа, прва англиска екипа која го победи Реал дома... и некако така. Јунајтед има повеќе, точно, никој не рече така, но има и нешта кои Јунајтед ги нема.

Кој рече дека не е ? Меѓутоа резултатски гледано, во двомечот, кога ќе се соберат резултатите мечот заврши 3-3, а Баерн М. помина понатаму благодарение на голот на гости. Не знам, стварно не знам шо е тука спорно. Како сум направил „будала“ од себе, сеуште неможам да разберам.
 
А вашиот голем, традиционален Јунајтед ќе го направи истото како ПСЖ/Монако?
 
А вашиот голем, традиционален Јунајтед ќе го направи истото како ПСЖ/Монако?

Сеа за сеа, овој трансфер период не ми се верува, ама ако нема друга опција (а моментално не гледам) ќе мора да го направат тоа. :)
 
И шо вика сеа тоа детето што живи у Перса?

Што може да вика. Стана шампион на Англија.

А вашиот голем, традиционален Јунајтед ќе го направи истото како ПСЖ/Монако?

Кој знае. Нови раководни глави. На некои работи ке мора да се приспособат.
 
Абе тоа ти е исто како ја да кажам Јунајтед има рекорди во ЛШ за кои Реал може да сонува, а Реал е најтрофеен во ЛШ. Има повеќе финалиња играно, 4-5 пати по ред ја има освоено. Тоа е главното, на кој му е битен рекордот што освоил најмногу бодови у групна фаза.

Или на кој му е битен рекордот што Арсенал освоил најмногу бодови дома, кога Јунајтед у последните 20 години 7 пати ја одбранил титулата што ја освоил минатата година. Или во 2 наврати 3 пати по ред ја освојувал.

За рекордот без пораз, респект, тешко да се повтори такво нешто во скоро време.
 
Се надевам дека ние ќе успееме во 3 наврати 4 пати по ред да ја освоиме.

Реков, шала на страна има многу други фактори. Можи да се курчиме тука колку сакаме, но секој си има своја приказна и секој си има нешто на што е горд. Само секој е различен. Секоја единка е различна. Секој е индивицуалец на овој свет. Што ако Обама мислеше како Кастро ? Или обратно ?
 
Abe ajde uste sezonata ne e zavrsena ,pocnavte so rekordi , tituli..:)) a do vcera im se smeevte na liverpulci.
;)

woah woah woah, вие почнавте. :)
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 23:37 ---
Се надевам дека ние ќе успееме во 3 наврати 4 пати по ред да ја освоиме.

Реков, шала на страна има многу други фактори. Можи да се курчиме тука колку сакаме, но секој си има своја приказна и секој си има нешто на што е горд. Само секој е различен. Секоја единка е различна. Секој е индивицуалец на овој свет. Што ако Обама мислеше како Кастро ? Или обратно ?

Епа тогаш вие провоцирате за нешто, ние провоцираме за друго нешто и нема што да се лутиме нели? Нема ваљда да седам мирен додека се заебавате со мене. :)
 
woah woah woah, вие почнавте. :)
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 23:37 ---

Епа тогаш вие провоцирате за нешто, ние провоцираме за друго нешто и нема што да се лутиме нели? Нема ваљда да седам мирен додека се заебавате со мене. :)

Не паничи бе :)))))))))))
 
Не ли ви е досадно да исправате криви дрини? Значи мора да разберете дека Јунајтед е клуб "too big to fail", исто како и Арсенал. Да сум на ваше место не би одел дотаму со апокалиптичните прогнози за Јунајтед, едноставно не е можно! Можеби ќе стагнира една сезона, можеби две, но никако повеќе. Вака или онака ке се интервенира и сѐ ќе се среди. Попрво би пропаднал сити или челзи отколку Јунајтед. Јунајтед и арсенал се самоодржувачки клубови за разлика од сити и челзи и не е можно да паднат во многу длабока криза.
Еве останува да видиме што ќе се случува до крајот на преодниот рок, мора да се засилиме за да ни биде сигурно ЛШ место. За летоска ќе има ремонт и пак по старо ќе си тераме.
И само да ве потсетам што се случуваше со ливерпулците кога дојде брендон, губеа ко нас? Да. Нормално е оваа сезона да биде отпишана за да се дојде до некоја стабилност другата.
И на крај краева има уште 15-20 кола до крајот на сезоната, ништо не се знае, нема сеуште дефинирано некој тим кој би можел да ја освои титулата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom