Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
1. Четирите јавачи на апокалипсата (смрт, глад, војна...) се повеќе симболи за настаните пред почетокот од владеењето од антихристот, а не конкретни јавачи на коњи.

2. Промените не се толку „огромни„ колку што сакаш да ги прикажеш. Едноставно, оној кој ја составил Библијата, а тоа е Црквата, има право и да ја промени Библијата. Тешко дека ќе најдеш превод од Светото Писмо кој 100%-но одговара на записите од деловите од Писмото, забележани рачно од старозавените пророци и новозаветните Апостоли.

Конечно, смислата и целта од Светото Писмо не е да биде 100%-на копија од нечиј оригинал, туку да не‘ поучи и поправи.

Првото прашање го поставив чисто информативно, а во врска со второто тотално не се сложувам со тебе. Во сите евангелија се величи нешто или се шири т.н. божја рака т.е. сакам да кажам се ставаат корените на Христијанството со цел да може полесно да се шири. Тоа е точно безразлика дали ќе се сложиш со мене или не, постојат повеќе вариации на вистината.
А што се однесува до составувањето на Библијата требало да се вметнат силе делови ,а не да се остранат некои за кои тогашните свештеници кои се учители на денешниве (затоа и денешниве свештеници го имаат истиот став). А зошто да ги соодржи сите компонети? Затоа што многу е полесно да го составиш и прегледаш напишаното отколку тоа талкајќи по светот и собирајќи знаења истото да го напишеш.
Црквата има право да променува, но и верниците имаат право да го прочитаат она што го напишале апостолите т.е. евангелистите. Е сега ќе се постави прашањето, зошто остраниле одредени делови? Мислам дека нема потреба самиот да си го одговорам прашањето, сите го знаеме одговорот.
 
има, како нема? еве гледаш дека и самиот мики вели световна и црковна нова година. тотално две различни работи.
Miki може да каже што сака, тоа не го менува фактот дека разликата помеѓу двата календари нема религиска основа туку астрономска. Јулијанскиот е сменет поради тоа што со време се покажало дека е непрецизен - отстапува, затоа е воведен грегоријанскиот кој тоа отстапување го елиминира преку воведувањето на престапните години. Ова нема никаква врска со религијата, библијата или било што слично.
 
големо срце имаш мики, така треба, иако не ја славиш, бар ја почитуваш. дури и не ни забрануваш, if you know what I mean;)
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 00:17 ---
него, кога сме кај календарите, кажи ми дали сметаш дека овој календар кој го користи цел свет е погрешен или вистински? дали науката погрешила или не?

Колку ми е познато, световниов календар се користи од крајот од 16-от век.

Дали е погрешен? Не можам да кажам, но сметам дека е доволно прецизен, но не и совршено прецизен, оти е повеќе од јасно дека ниту една наука не ни дала ниту еден конечен и непобитно прецизен одговор па така е и со календарот кој го користи Светот. Доволно е да напоменам дека астромонски гледано, секоја 4-та година добива по еден ден „плус„, ради акумулираната непрецизност од претходните 3 години (365 денови, 3 часови, 48 мин., 46 сек., по некое мое сеќавање од „основно„).

Црквата не пати по астрономска егзактност па затоа црковните празници не се паѓаат на исти датуми и/или денови. Во Црвата, пресудна е духовноста и стремењето кон Бога. Православните Цркви кои се водат по јулијанскиот календар, немат расположение за негово менување и вскладување со грегоријанскиот, а лично, сакам така и да остане, оти црковниот календар може да не е астромонски прецизен, но затоа е повеќе во склад со ритамот од природата. Одредени црковни празници многу прецизно ја делат годината на нејзините 4 времиња.

Плус, Светиите од последниве 2 векови, јасно ја посочуваат забраната од прифаќање на световниот календар, оти тоа би било само еден чекор кон унијатството со римската Црква. Сведоци сме дека добар дел од помесните Цркви, веќе се водат по „другиот„ календар па имаме една смешна ситуација, каде 2 соседни православни народи, слават Господови празници со временска разлика од 2 недели...Кој е „нивниот„ а кој е „нашиот„ Христос?
 
Miki може да каже што сака, тоа не го менува фактот дека разликата помеѓу двата календари нема религиска основа туку астрономска. Јулијанскиот е сменет поради тоа што со време се покажало дека е непрецизен - отстапува, затоа е воведен грегоријанскиот кој тоа отстапување го елиминира преку воведувањето на престапните години. Ова нема никаква врска со религијата, библијата или било што слично.
има, затоа што православците пропагираат погрешни работи. они се држат ко слеп за стап за старото (кое како што веќе кажа е грешно),а воедно кога е увидена грешката, само се прешалтале на новото, поточното, без да ја анулираат грешката. ако веќе сакале да се држат до старото, што тогаш и не продолжеле и понатаму? па да денес грешката не биде 13 дена, него 31 ден.
 
Е сега ќе се постави прашањето, зошто остраниле одредени делови? .

Колку ми е познато, не се работи за „одземање„, туку напротив, за „додавање„ на одредени стихови, кои не ја менуваат суштината од Светото Писмо.

Книгите, кои како цели книги а не поедини стихови, не се дел од Писмото, тоа значи дека тие книги се отфрлени од Црквата, оти самата Црква, испитувајќи ги тие книги, увидела дека не се напишани со и во ист дух со усвоените книги од Писмото.
 
И со тоа додавање што се направило или постигнало? Денешната форма на Библија која сигурно е 100 пати поубедлива од таа првичната.
Како што разбрав ти твдриш дека немало одземање на одредени делови, нормално верник си ќе застанеш позади црквата. Добро.
Има едно прашање директно за тебе надвор од темата “Библија“ која ја чепнавме. Што би направил ти ако си да речеме прв помошник на папата, односно како би постапил со фатениот напаѓал на папата Јован Павле II и секако да имаш право да командуваш со гардата? Ти би му пресудил со една команда или имаш нешто друго на памет како би постапил во тој одреден момент?
 
И со тоа додавање што се направило или постигнало? Денешната форма на Библија која сигурно е 100 пати поубедлива од таа првичната.

Со додавањето постигнато е воточнување на стиховите, а „првичната„ форма од Библијата тешко дека е достапна на увид...
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 20:54 ---
Како што разбрав ти твдриш дека немало одземање на одредени делови, нормално верник си ќе застанеш позади црквата. Добро.

Разбира се...
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 20:56 ---
Има едно прашање директно за тебе надвор од темата “Библија“ која ја чепнавме. Што би направил ти ако си да речеме прв помошник на папата, односно како би постапил со фатениот напаѓал на папата Јован Павле II и секако да имаш право да командуваш со гардата? Ти би му пресудил со една команда или имаш нешто друго на памет како би постапил во тој одреден момент?

Не сум дел од римската Црква, но на вака претпоставено прашање, би дал претпоставен одговор:
- би го уапсил напаѓачот,
- би го предал на световната власт за да му суди,
- а од напаѓачот би побарал покајание и негово барање: да му биде простен гревот.
 
Бидејќи добив достоен одговор на моето последно прашање ќе одам со следните.
Ме интересира дали во Библијата пишува нешто за 4-те јавачи на апокалипсата?

Да Постои:
Колку што ми е на мене познато постои само еден Јавач на Бел коњ а исто така Четири Ангели(Тие се четири јавачи на апокалипсата) кој ќе бидат поставени на четирите страти од светот да ги стопрат ветровите односно земните блегодети и да го исполнуваат гневот Божји (кон Антихристовите следбеници). Инку во овој случај се работи за време на владеењето на Антихристот.

И зошто Библијата при доаѓањето до нејзината конечна форма претрпела огромни промени???

Единствените промени извршени кон Библијата се само како резултат на одминувањето на вековите а со тоа развивање на говорниот речник на човечството а со тоа и Писмото односно на Буквата!
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 21:29 ---
И со тоа додавање што се направило или постигнало? Денешната форма на Библија која сигурно е 100 пати поубедлива од таа првичната.

Веќе ја имаме оваа дискусија водено со тебе и ти објаснив многу јасно.Веќе знам што сакаш да кажеш.
Ништо не е одземено ниту додадено самата Библија предупредува на тоа дека од писмото кој ќе одземе и додаде цртка од него или пак ќе го промени Бог ќе го казни!
И ниту цртка нема да се имени ниту поништи се до свршетокот на светот!
 
Со додавањето постигнато е воточнување на стиховите, а „првичната„ форма од Библијата тешко дека е достапна на увид...
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 20:54 ---

Разбира се...
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 20:56 ---

Не сум дел од римската Црква, но на вака претпоставено прашање, би дал претпоставен одговор:
- би го уапсил напаѓачот,
- би го предал на световната власт за да му суди,
- а од напаѓачот би побарал покајание и негово барање: да му биде простен гревот.

Знам дека не си дел од римската црква, да му се прости гневот ако побара покајание!? Дали мислиш дека протестантите би се сложиле со ваквата одлука?
Да Постои:
Колку што ми е на мене познато постои само еден Јавач на Бел коњ а исто така Четири Ангели(Тие се четири јавачи на апокалипсата) кој ќе бидат поставени на четирите страти од светот да ги стопрат ветровите односно земните блегодети и да го исполнуваат гневот Божји (кон Антихристовите следбеници). Инку во овој случај се работи за време на владеењето на Антихристот.

Единствените промени извршени кон Библијата се само како резултат на одминувањето на вековите а со тоа развивање на говорниот речник на човечството а со тоа и Писмото односно на Буквата!
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 21:29 ---

Веќе ја имаме оваа дискусија водено со тебе и ти објаснив многу јасно.Веќе знам што сакаш да кажеш.
Ништо не е одземено ниту додадено самата Библија предупредува на тоа дека од писмото кој ќе одземе и додаде цртка од него или пак ќе го промени Бог ќе го казни!
И ниту цртка нема да се имени ниту поништи се до свршетокот на светот!
За првиот одговор ти благодарам, јас немав никакви податоци, ниту има на интернет, ќе читнам уште некоја книга за Антихристот, можеби ќе најдам поопширно. Дали ти си слушнал за книгата на Енох? Јас искрено прв пат слушнав при еден говор или интервју на Деникен, а на интернет исто така нема никакви податоци за истата. Црквата кога наумува нешто, истот и успева речиси секогаш.
Има и едно прашање, во врска со Ватикан, тоа можеби е најмалата држава во Европа но е најбогата т.е. има најмногу резерви во злато. А притоа има многу сиромашни Христијани ширум светот. Зошто католичката црквата не предземе нешто да ја неутрализира колку може таа беда да дојде сиромаштијата барем до бројката на нормалата? Би било ли тоа во ред.
И како ти би осудил некоја организација, ако ја фатиш на дело, ако дигне во воздух некоја Христијанска реликвија. Ситуацијата е иста како и кај Мики1 само друг пример.
 
Се ближи Божиќ па сакам да поставам едно прашање во врска со него.
Како дошло до тоа раѓањето на Исус да се прославува на 25 декември (односно 7 јануари за православните верници што го користат јулијанскиот календар)?
Прашувам од проста причина бидејќи во историската литература се врти една теорија, која што ми изгледа како сосема веројатна, дека Божиќ е всушност христијанска варијанта на доцно-римскиот празник Dies Natalis Solis Invicti или „Роденден на непобедлвиото Сонце“.
Култот на Sol Invictus е особено раширен низ Римската Империја во третиот век од н.е. Често непобедливото Сонце се поистоветува и со иранското божество Митра, особено популарно меѓу римските војници. А токму роденденот на Сонцето се прославува на 25 декември.
Зар не станува збор за синкретизам, со цел „паганите“ полесно да го прифатат христијанството кое што дефинитивно ке надвладее во IV-от век?
 
Дали ти си слушнал за книгата на Енох? Јас искрено прв пат слушнав при еден говор или интервју на Деникен, а на интернет исто така нема никакви податоци за истата.

Не немам слушнато за таква книга.
Каква содржина има и за што се работи околу таа книга?

Црквата кога наумува нешто, истот и успева речиси секогаш.

Секако дека успева,Црквата е Невеста и тело Христово на Планета Земја.
Инаку Цквата е Столб на Светот без тој столб ќе се сруши светот!

Има и едно прашање, во врска со Ватикан, тоа можеби е најмалата држава во Европа но е најбогата т.е. има најмногу резерви во злато. А притоа има многу сиромашни Христијани ширум светот. Зошто католичката црквата не предземе нешто да ја неутрализира колку може таа беда да дојде сиромаштијата барем до бројката на нормалата? Би било ли тоа во ред.

Најмала?
Ватикан е центарот на Римокатоличката црква! Инаку класичен одговор на ова прашање го дава самото Евангелие.
Кога Марија дошла да побара прошка од Исуса ги помазала неговите нозе со многу скапо миро,тогаш Јуда рекол зошто ова Миро не се продаде и парите не се раздадат на сиромашни?
Христос одговорил Сиромашни ќе имате секогаш но мене ме немате секогаш.

Со ова можеме да видиме дека колку и да се бори со сиромашнијата ќе има повеќе а со самтото матријално богаство на црквата ќе се вобзновува и издржува и на сиромашните и богатите ќе им го даде она најскапоценото Верата!

И како ти би осудил некоја организација, ако ја фатиш на дело, ако дигне во воздух некоја Христијанска реликвија. Ситуацијата е иста како и кај Мики1 само друг пример.

Мики убаво објасни.Христијанството ни во еден сличај не се дрзнува да суди и војува туку тоа го прават надлежните органи.
Црквата Помилува,Простува а кога ја тепаат и напаѓаат го врти и другиот образ!

Сегашен Пример ти `е со Црквите по Египет и Сирија: палени, убивани и протерани ни еден Христијанин не војува во нејзино име,секако бидејки нема никаква Библиска основа или Божја заповед.[/quote]
 
Не немам слушнато за таква книга.
Каква содржина има и за што се работи околу таа книга?
Секако дека успева,Црквата е Невеста и тело Христово на Планета Земја.
Инаку Цквата е Столб на Светот без тој столб ќе се сруши светот!
Најмала?
Ватикан е центарот на Римокатоличката црква! Инаку класичен одговор на ова прашање го дава самото Евангелие.
Кога Марија дошла да побара прошка од Исуса ги помазала неговите нозе со многу скапо миро,тогаш Јуда рекол зошто ова Миро не се продаде и парите не се раздадат на сиромашни?
Христос одговорил Сиромашни ќе имате секогаш но мене ме немате секогаш.
Со ова можеме да видиме дека колку и да се бори со сиромашнијата ќе има повеќе а со самтото матријално богаство на црквата ќе се вобзновува и издржува и на сиромашните и богатите ќе им го даде она најскапоценото Верата!
Сегашен Пример ти `е со Црквите по Египет и Сирија: палени, убивани и протерани ни еден Христијанин не војува во нејзино име,секако бидејки нема никаква Библиска основа или Божја заповед.
[/quote]

Ватикан е центарот на Римокатоличката црква и има огромна улога во таа гранка од Христијанството, но јас мислев како територија. Најмала е во Европа.
А како што веќе спомнав, таа книга е недостапна, за неа ништо не пишува и малку знам. Знам дека се работи за некакво пророштво и дека има многу земјотреси и вулкани, моја претпоставка дека се работи за некој гнев.
Со останатото горе- доле се сложувам како и цитатот од Библијата нема да го коментирам затоа што веќе поставив прашање околу истото и добив одговор кој ме посочи кон Библијата.
 
не мора да поставуваш загатки за да добиеш конкретен одговор!

Не е сокриено од никого туку е достапно за сите.

Запишано е во Откровението Јованово,за Апокалипсата.

Да ќе има различни природни катастрофи дури и има можеш и самиот да видиш околу светот колку ги има се во поголем број,тоа се знак(укор) и предупредување на Богоотпаднатиот народ поради нивните гревови. но тек е почеток на се.
 
Загатка! Не поставив загатка. Во книгата се спомнува за пророштво во врска со природните непогоди, а не со апокалипсата и има огромна разлика. А веќе сите знаеме дека природните катастрофи немаат никаква врска со бог и религијата!
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 02:34 ---
Како може до 1 ребро да настане човек или поточно првата жена-Ева? Дали може некој да ми го објасни тој феномен?
 
Се ближи Божиќ па сакам да поставам едно прашање во врска со него.
Како дошло до тоа раѓањето на Исус да се прославува на 25 декември (односно 7 јануари за православните верници што го користат јулијанскиот календар)?

И мене ме интересира кои се доказите дека Исус е роден на овој ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom