H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Во Ченто каде што продаваат поволни од Швајцарија, вчера поминав ама немаше ништо посебно и цените им се пренабилдани..



Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во Ченто каде што продаваат поволни од Швајцарија, вчера поминав ама немаше ништо посебно и цените им се пренабилдани..![]()
![]()
Ако има човек среќа, може да налета на некој посочуван точак, ако воопшто има таков.![]()
Купив ваков само бел..
![]()
И го земав од Припор го начекав на оглас, отидов до таму. Па кога се пазаривме, па коа почнав да се спуштам па си викам леле како се кочи ќе се утепам... Се спуштив некако, преживеав-научив да кочам. Врска немам како возев, искочив во Кисела Вода кај Алфа Банка. После преку плоштад се спушив на патека. Дека нема светло, почнав да возам позади еден дечко ( кој имаше светло на бајкот ). По некое време ми стана глупо и му викнам и му кажав дека ќе возам позади него да не соберам некој друг. Магла имаше по патека у п** м***, а имаше и велосипедисти и пешаци што шетаа. Благодарение на дечкото стигнав до Палас, па таму застана си поправиме муабет му објаснив што како и си продужив сам. Возењето од Палас до Обединети Нации ( К4 ) беше прав хорор. Немаше светло, ништо не се гледаше, едно време бев тотално дезориентиран и не знаев каде се наоѓам само вртев. Кога стигнав кај угорницата во К4, се загледав во таа зградата што има салон нешто од ЕВН и си затерав по земјениот пат, уште малце фалеше да отидам во Вардар.
Иначе цела среќа што со мене земав стартки и трењерки па сменив тоа широките раперски фармерки, патиките, иначе кој знае кога ќе си дојдев дома. Фала на дечкото уште еднаш.![]()
Со среќа, убаво да те вози, многу километри.![]()
За лепенки, некој да ти ги направи и потоа испечати на добар принтер и пластифицирана фолија. Кога ќе ги залепиш, врз нив две-три раце безбоен лак за да ги заштитиш. Прашај по графичкиве студија во Дебар маало или прашај го @Dragon Custom Skopje, член е тука на Кајгана.Иначе нешто лепенки за велосипеди по моја желба или веќе готови каде да барам?
Вака сеа дечки, ме интересира ваше мислење за некој добар точак, 400~500 евра, али да е нов зошто не сакам половен да земам. Значи гледав Specialized, Трек 2014, и Мерида, али и други опции се добредојдени. Работава е што од овие 3 фирми има за таа цена и лично не се разбирам шо како кој е бољи. Кај и да идеш продавач ко продавач ќе знае како да те убеди, па затоа овде прашувам. Инаку знам дека може прашањево е поставено овде 20 тина пати ама ме мрзи да пребарувам 260 страни.![]()
Помини си до Треска спорт!Имаш добри попусти на Giant.
Сепак би ти препорачал да собереш уште едно 200 евра или да го бараш Орце.За 500 има да земеш гром точак кај него.