S
Sagan
Гостин
Според мое мислење, се работи за одмазада кон Русија заради Сирија. Терористите (бунтовници бла бла...) и покрај поддршката од Америте и еден куп џихадисти од ширум светот, ги губат своите позиции / или во најмала рака се во status quo во однос на режимот на Асад, кој пак природно е штитен од Путин.Во ред, зашто го прават ова ? Зашто се издигуваат у воздух ? Најсериозно прашувам, нит сум читал нешо поврзано со вакви теми, нит ништо.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 13:13 ---
ВИДЕО-ПОРАКА НА БОМБАШОТ ОД ВОЛГОГРАД: ГО ИЗБРАВ АЛАХ, НИШТО НЕМА ДА МЕ СПРЕЧИ!
Болничарот кој на 29 декември ја разнесе железничката станица во Волгоград кога уби 18, а повреди 36 луѓе, во март оставил видео-порака за неговите родители.
“Тешко ми е да ги гледам вашите солзи, но јас го избрав Алах. Сакам Алах да биде задоволен од моите дела, за да заслужам место во рајот. Вие не можете да ме тргнете од патот што сум го избрал. Не верувајте на се што ќе слушнете во медиумите за муслиманите. Ние не убиваме деца, но овде гледам многу деца кои плачат за своите татковци“ – гласи дел од пораката.
Оваа видео порака била одговор на молбата на неговите родители да се врати дома. Неговиот татко Николај го замолил да го фрли оружјето пред да стане терорист, а неговата мајка го советува дека и таа е муслиманка, но не го одобрува оружјето како решение.
Павел Печеник во 2011 година преминал во ислам и се прекрстил во Ансар ал Руси.