Избор на половен автомобил

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Ete izberi edna i odi da ja vidis. Ama takva so bila kupena ovde ne od uvoz pa registrirana tuka. Ako e dizel i e so 5 vrati garantiram 100% deka e vozena taksi. Benzinec moze i ke se najde neso arno,da kazeme od 5 koli edna da e dobra.

Што трескаш зелени,бе?Јас лично ке ти донесам 10 возила кои се дизел и кои не се возени такси.И од каде ти е оваа констатација??Од ракав или само да се каже нешто.

Да не им стоиш на лугето пред паркинг секое сабајле па да ги гледаш кога ке излегуваат дали ке стават табла за такси или не???

Треба да си корав да не приметиш дека е или не е возена такси.А впрочем веке се знаат колите во Скопје кои се во такси компании.Умре тоа време кога не можеше да се примети...

Па прво дупките од таксиметарот ке ги приметиш кај бил заштрафен,а за другото и не зборувам....

Но бидејки си шверцер за коли,а за се ве бива,ај нека ти е.Само ај што не лажеш нас не лажеш,туклу трагедијата е што мислиш дека некој ти верува на приказните твои.....
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889

Ajde da vidime, zborime znaci za koli sto se za prodavanje. Koj ti prodava asalen dizel? Posebno pa VW?
Ti si kuipil lancer ne deka ne znam kolku ti pravel kef nego si trebal use 7-10.000 evra da se istegnes za nekoe asalno dizelče od VW grupacijata. Toa e problemot
 
Што трескаш бе?Јас опрчив 18500 евра за Ланцер 1.8 со типтроник менувач и 1метро листа со дополнителна опрема.Можев за тие пари да земам од салон ново Поло или Голф и тоа само мотор и тркала.Но бидејки имам апатија и одвратност кон Волксваген како возила се одлучив за Јапонец

Ништо посебно споредувајки ги со другите возила.Ти кажав,знали ке ти донесам 10 луге кои јас ги знам и кои продавале дизел возила на VW а кои никогаш не биле возени такси.И сега шо праиме,а?
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
312
Поени од реакции
167
Ми треба совет за половен автомобил. 2000 до 2002 година производство и дизел. Голф 4 1.9 ТДИ е во прв план, а се мислам и за Сеат Толедо. Кажете за Сеатот како иде со делови, цена, одржување, издржливост такви работи во споредба со Голфот.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Ми треба совет за половен автомобил. 2000 до 2002 година производство и дизел. Голф 4 1.9 ТДИ е во прв план, а се мислам и за Сеат Толедо. Кажете за Сеатот како иде со делови, цена, одржување, издржливост такви работи во споредба со Голфот.

Голфот ќе ти биде со 350.000 км.Така да Алфа Ромео 156 JTD 116 коња и те како ќе ти врши работа.Сеатот ти е син на Голфот,се е исто,километражник,мењач,мотор.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Голфот ќе ти биде со 350.000 км.Така да Алфа Ромео 156 JTD 116 коња и те како ќе ти врши работа.Сеатот ти е син на Голфот,се е исто,километражник,мењач,мотор.
Алфата има поскапо одржување, и поскапи делови. За Голф делови ќе најдеш секаде, посебно во Тетово по плацови. Инаку Алфата е преубава кола за возење, пробував 2.4 136 кс дизел, одлична лимузина ама се предомислив кога ми ги кажаа цените за предница и други делови.
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
312
Поени од реакции
167
Фала ви. Алфата е одлична, али и јас знам дека поскапо е одржување и деловите се поскапи а кога се работи за кола 10ина години стара нормално е да требаат поправки. Голфот ми влезе у план баш поради тој факт, издржлив е, достапни ефтини делови има насекаде и економичен е. Километража очекувам да има голема ама сигурно нема со 350.000 да го купам, премногу е.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Половно возило !!???
Како беше рекламата....најдоброто или ништо !! Ако е најдоброто тогаш мора да биде Мерцедес. Кога веќе купувам половно нека биде од најдоброто половно. Пред 3 години земав еден Мерцедес 124-200D, и може да кажам дека генерално сум задоволен. Веднаш по купувањето поминав сервис (филтри, уље, каиши, вентили бла бла бла при тоа и еден дел заменив некоја вакумска пумпа за вентили или за палењето беше нешто (нормално и делот беше половен ама исправен) ..тој сервис ме чинеше ооколу 11.500 денари, после тоа сменив пакни на задните кочници 1000+500 рака и тоа е се од сервисирање со исклучок на уште 2 менување на уље и филтри за уље и нафта.
Така може само да го препорачам за половно возило..а цените им се од 1500-2500 евра, за 3.500-4.500 еврича веќе имате од поновите модели Е класа (оние со дуплу округли фарови напред) така да ко воли нек изволи.
Да кажам дека моделот 200D е спор и тром ко вол на угорничка особено кога е вклучена и климата, ама кога ќе се земе во предвид економичноста, удобноста и комфортот...може да се проголта таа мана. Еве скоро 2 години мерам вкупна потрошувачка поминати некаде околу 18.000км со вкупно налеаното гориво..скоро правев попрецизна математика дојде севкупна просечна потрошувачка од 5,8 л/100км.
Инаку колата кога ја зедов броеше некои 270.000 км...ама мајсторот ми вели состојбата на колата вели дека гарантирано има најмалку 500.000км а за повеќе само може да нагаѓаме.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

Пууууууууу диносаурус.
Година на дизајн 1981-82 а годинаа на производство 1985.
И мерцедес да ама лупни у салон мин 30-40к евра за гланц нов па прв скини го најлонот на возачкото седиште.
Вака на половни нека се радуваат клошарите.
 
Нема што да приговорам на твојот кометар..потполно си во право ама тоа е тоа. Дојде време секоја шуша и секој колошар (каков што сум и јас :D ) да возат мерцедес..јеби га, глобализација. Инаку мојот мерцедес е 1992-ро годиште и солидно изгледа за тоа годиште..многу подобро од моето претходно возило - лада рива 1987. Следно ќе биде се надевам замена за понов модел на мерцедес нешто како ова на пример:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1201590
не е лошо за 5000 евричи. Секако останува фактот дека за 6-7-8.000 веќе има нови мали возила матизи и слично но тоа е вечната дилема ново помало со вклучено гратис кинење најлони или половно поголемо и поубаво.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Џабе ЦДИ осетливи се на лоша нафта
Немам некое искуство па да судам, генерално горивата во мк се поприлично лоши. Дури и мојот трактор пардон мерцедес кој не е многу пребирлив по прашање на нафтата дури и на лож уље знае убаво да си работи..сепак понекогаш знае да смени работа кога ќе му налета неквалитетна нафта.
Еве едно интересантно позитивно видео за Мерцедес CDI моторите:
https://www.youtube.com/watch?v=hdBLgKH0f4o
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Нема што да приговорам на твојот кометар..потполно си во право ама тоа е тоа. Дојде време секоја шуша и секој колошар (каков што сум и јас :D ) да возат мерцедес..јеби га, глобализација. Инаку мојот мерцедес е 1992-ро годиште и солидно изгледа за тоа годиште..многу подобро од моето претходно возило - лада рива 1987. Следно ќе биде се надевам замена за понов модел на мерцедес нешто како ова на пример:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1201590
не е лошо за 5000 евричи. Секако останува фактот дека за 6-7-8.000 веќе има нови мали возила матизи и слично но тоа е вечната дилема ново помало со вклучено гратис кинење најлони или половно поголемо и поубаво.
Како и да е најомразена кола ми е мерцедес дури и нов бидејќи се преценети и влезени во филм дека само они произведуваат коли.
Купуваш нов мерцедес 30-40к евра без клима која ја сметаат како дополнителна опрема
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Како и да е најомразена кола ми е мерцедес дури и нов бидејќи се преценети и влезени во филм дека само они произведуваат коли.
Купуваш нов мерцедес 30-40к евра без клима која ја сметаат како дополнителна опрема
Најомразена кола ?? хе хе .. незнам што возиш сега ама мислам дека си печен за еден мерцедес...дефинитивно. Ова за дополнителна опрема како клима и сл. после платени 30-40 илјади евра хмммммм незнам..некако не ми се верува. Мојата 124-ка уште во 1992 година имала работи кои 80-90% од колите ги немаат ни денес а некои работи нема ни да ги имаат ни во наредните 50 години. На пример бришење на ветробранското стакло со еден брисач кој покрива 95% од шофершајбната, возачкото седиште освен класичното поместување напред-назад (што го имаат сите автомобили) има подесување и по височина и плус подесување на нагибот на делот на кој се седи, електрика на стакла, централно заклучување, електро управуван шибер, двозонска клима и греење, електрично подесување на подалечниот-сувозачкиот ретровизор, греење на резервоарот за течност за ветробранското стакло за да не замрзнува зиме, грејана опшивка на цревото од тој резервоар до прскалките на хаубата за истите да одмрзнат и пуштат ако при стоење преку ноќ замрзнале, темпомат или круз контрол...нешто што многу коли ќе го сонуваат уште долги години а е многу практична и убава работа. Го вклучуваш темпоматот, подесуваш брзината, тргаш нозете од педалите и као господин уживаш додека мечката плива по автопатот.

Ако се ова го имала е-класата од мерцедес во далечната 92-ра година..само можам да замислам што ли се имаат најновите денешни модели. Така да кој има шушки да си купи нов мерцедес..верувам дека нема да биде разочаран. А тоа што е извиката кола, преценета, влезена во филм...тоа е тоа. Во светски рамки е позната девизата: има многу коли и има мерцедес. Многу ретко се рекламираат на класичен начин како другите производители и модели на коли..јас се сеќавам на една реклама..онака генерална не за некој конкретен модел, нешто како сенки се движат по препознатливите контури на некој мерцедес..на крај знакчето-ѕвездата мерцедес и три зборчиња:
The best or nothing
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Дечки, имам неколку прашања :)
Размислувам за кола .. Поточно, BMW 320i 2006-2007 година.. Тука се околу 5.500еу, што мислам дека е многу малку за таа кола (со едно 150.000км ) .. Е сега, конкретно, сакам да ги знам следниве работи:

1. Дали може да се стават paddle shifters на тој модел?
2. Дали може да се смени воланот со некој по спортски тип ( незнам зашто, ама многу ми се свиѓа спортскиот волан) :)
3. Некоја добра build-in навигација што нема да ш'трчи, и back up камера?

Во суштина, сакам да го постигнам резултатот од лево на десно.

:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom