Верската полиција забрани прослава на Нова година у САУДИСКА АРАБИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата CrookedYoung93
  • Време на започнување Време на започнување

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Верската полиција на ултраконзервативната Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните да не прославуваат Нова година, пишува саудискиот весник Оказ". Комисијата за промоција на доблест и спречување на пороци или Мутава, како што официјално се вика верската полиција, ја поткрепува забраната со указот на Врховниот комитет на верски водачи, со кој се забранува прослава на Нова година. Саудиска Арабија и официјално го прифати муслиманскиот календар, за разлика од останатите земји во Заливот што го следат Грегоријанскиот календар.
 
Ги поштедиле од ужасот, what's the big deal?

Од кој ужас ги поштедиле ? Дочек на Нова Година е ужас ? Менталниот склоп ти е ко просечен саудиец, браво.
Луѓево одвај чекаат 1 ден у година да се испуцаат и да заборават на проблеми, ама ете ке се најде некој хејтер од таму дрка на забрана за славење Нова Година.
 
По сицилијанскиот календар Македонија влезе во 18 век, па пак славиме нова година. Правда за Саудиска Арабија!
 
По сицилијанскиот календар Македонија влезе во 18 век, па пак славиме нова година. Правда за Саудиска Арабија!

де расправи за кој сицилјански календар правиме маабет?
 
Баш ме интересира како изгледаат нивните досегашни просалави на НГ. Ваљда се собираат само машки, пијат чај. слушаат хабиби и чекаат да дојде 12 да запалат минобацачи и да пукаат...
Демек ке им смени нешто новиот закон. Може новиот календар точно ке го измери времето во кое живеат.
 
Од кој ужас ги поштедиле ? Дочек на Нова Година е ужас ? Менталниот склоп ти е ко просечен саудиец, браво.
Луѓево одвај чекаат 1 ден у година да се испуцаат и да заборават на проблеми, ама ете ке се најде некој хејтер од таму дрка на забрана за славење Нова Година.

Ако ова искомерцијализираново срање наречено "нова година" го сметаш како ден за испуцување и заборавање на проблемите, тогаш или си тинејџер или пак имаш мозок на тинејџер.
 
Ако ова искомерцијализираново срање наречено "нова година" го сметаш како ден за испуцување и заборавање на проблемите, тогаш или си тинејџер или пак имаш мозок на тинејџер.
Онда не слави. И не оди никаде. Имаш избор. Ние ќе одиме и ќе славиме.

Во ретардирана религија го претвараат Исламот, али какви следбеници такви правила.
 
Онда не слави. И не оди никаде. Имаш избор. Ние ќе одиме и ќе славиме.

Во ретардирана религија го претвараат Исламот, али какви следбеници такви правила.

Не, туку ова се вика „си го чувам моето“

Си имааат (имаме) Саудијците, а и другите арапи/муслимани своја Нова Година. Со славење на западњачкава Нова Година, си даваат автогол на својата. На се' свое.
Aj нека почнат и валентајн нек го слават оти ко што рече космополитов од погоре: едвај чекаме да дојде Валентајн, да клецниме нешто.

И како се гледа тоа од западов? Ко сталинизам.
 
Ова се вика ако ти е доста крени ги гаќите.

Ајде да се поделиме сите по денови, Кинески, Католички, Православни, Исламски и наброј уште сто и секој сам нека си слави Нова година. Држи до своето, многу јако ќе биде, страва.

Им остана во Саудиска да им забранат да дишат. Ајде ве молам што побрзо и тој закон, ќе се подисчистат малце.
 
Арно де. Чим сакаш да сме исти, заедно, глобализирани, ај ние во Маусдонија да прифатиме ислам, да славиме нова година по бегството на Ресулахот и сл. Зошто да се делиме пак ние од сите христијани и муслимани, па ќе глумиме православни.

Ама знајш кој е одговорот во нашиот случај?

„Држи се до своето“ - она што баш го посочи ти ко глупост.

не знам зошто нејќиш самата да си признајш дека ова од КСА е попозитивно од било што направиле низ историјата.

Ама знајш што? Истиве аргументи твои ќе ти ги дадам во некоја следна прилика кога вакво нешто или слично ќе биде поврзано со Маусдонија или Гоцевава раса.

Па ќе видиме дали е убаво да не изеде глобализацијата, или да си имаме и нешто наше.
 
Ова е истата ретардирана “полиција“ што им забрани на жените да возат и да патуваат без одобрение на главатарот на фамилијата?
 
....ајде сега направете споредба меѓу "злобните" Иранци и ангелчињата од Саудиска Арабија

http://www.payvand.com/news/14/jan/1000.html

Christians-mark-2014-at-Sarkis-Church-in-Tehran-8.jpg

Иако Иран се нарекува Исламска Република, немуслиманите немаат проблеми да ги практикуваат своите верувања

....и додека западните медиуми Иран го претставуваат како извор на Злото, Саудиска Арабија со своите пари финансира терористи и верски фанатици низ целиот свет (вклучувајќи ја и Македонија)

затоа е глупо кога на форумов (а и воопшто во реалниот живот) се генерализираат работите....кога сите муслимани се ставаат во ист кош....кога Персијците со милениумска култура и традиција се изедначуваат со довчерашниве овчарски племиња кои преку ноќ се збогатија од нафтата под нивните нозе

Ако продолжи влијанието на Саудиска Арабија и нивното финансиско убедување....не само кај нив...туку и во многу делови на светот Нова Година и многу други традиции ќе станат кривично дело

лоштото е што и кај нас верскиот фанатизам спонзориран од СА на мала врата влегува и фаќа корен кај слабо образованото и сиромашно население, а никој не се обидува да го спречи тоа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom