CrookedYoung93
<3 Echte Liebe <3
- Член од
- 27 април 2013
- Мислења
- 295
- Поени од реакции
- 198
Верската полиција на ултраконзервативната Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните да не прославуваат Нова година, пишува саудискиот весник Оказ". Комисијата за промоција на доблест и спречување на пороци или Мутава, како што официјално се вика верската полиција, ја поткрепува забраната со указот на Врховниот комитет на верски водачи, со кој се забранува прослава на Нова година. Саудиска Арабија и официјално го прифати муслиманскиот календар, за разлика од останатите земји во Заливот што го следат Грегоријанскиот календар.