Мислам дека беше веќе дискутирано за истиот во една друга тема која не можам да ја најдам. Затоа, да не должам многу - втора година по ред твитерџиите се сликаат голи за календар направен за хуманитарни цели. По првото издание на Твитер календарот лани кое беше направено со мисија да се подигне свеста за навремено откривање рак на дојка, и за кое 12 твитерџики се сликаа голи, годинава намената на календарот е да се испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование, а средствата од продажбата на истиот ќе бидат наменети за помош на членовите на маргинализираните заедници. Годинава не само твитерџиките, туку и твитерџиите се соблекоа: вкупно 25, пред објективот на фотографката Ивана Батев. Во продолжение можете да го видите календарот.
Како ви се допаѓа идејата, реализацијата, и дали конечно и Кајгана ќе го направи својот календар?
















Како ви се допаѓа идејата, реализацијата, и дали конечно и Кајгана ќе го направи својот календар?