red baron
sad but true
- Член од
- 3 ноември 2012
- Мислења
- 960
- Поени од реакции
- 825
пан-турцизмот е во доста понапредна фаза, Турција има доста влијание во Туркменистан, Казахстан, Азербејџан, Узбекистан. Но и внатре во Руската федерација, Дагестан , Ингушетија, Чеченија... Во Кина итн.
Но тоа е мое мислење, така јас ги гледам работите....
Да, Турците обидуваат да шират пантjуркистка пропаганда во Туркменистан, Азербејџан, Казахстан и Узбекистан тоа е така, али овие територии спаѓаат во сферата на влијание на Русија уште од времето на СССР. Русија има енергетски интереси таму, а Кинезите сакаат сигурни енергетски патеки. Чеченците, дагестанците и ингушетите не са тjуркски народи, тие зборуваат ваjнахски и нахо - дагестански јазици кои се дел од синокавказкото јазично семејство. Овие народи немаат ништо заедничко со турците освен исламот. Русија пријателу не e банана република и нема да дозволи на Турција да се меша во нејзините внатрешни работи. Кина исто така нема да дозволи на Турците да шират пропаганда меѓу Ујгурите кои дури не са и истински тjурки. Прашал ли си се што би се случило ако Русија и Кина решат да го поддржат со оружје PKK. Источна Турција ќе добие независност за период од 2 години и цело NATO нема да може да ги спаси турците. Запомни едно - Русија и Кина се светски сили и оние држави не дозволуваат странска интервенција во внатрешните работи. Секоја таква интервенција овие држави наоѓаат начин да ја казнат. Ќе дојде време и Турција ќе го почувствува нивниот одговор, биди сигурен. Ердоган се обиде да направи Турција самостоен од САД и Израел играч и допушти голема грешка. Целата воена сила на Турција се крепи на поддршката на САД и трансферот на американски и европски воени технологии.
Како заклучок ќе кажам дека Турција е во иста ситуација како Македонија само каде што има поголема и силна армија па и поради тоа таму немаат (засега) Рамковен. 40 000 000 курди во регионот кои имаат голем наталитет, сопствена култура и посебен jaик во блиска иднина ќе имаат своја држава и Ердоган заедно со Давудоглу ќе бидат едни од главните виновници за тоа.