Не никако
--- надополнето: 30 декември 2013 во 14:57 ---
Не,само на првите два рекати се кажува ел-фатиха и нешто од Куранот,тоа што му е лесно на тој што клања,може да бидат неколку ајети,може цела сура.
Последните 15-20 сури се лесни за учење,и имаат од 3-4 до 10 ајети,лесни за учење.
Сура ел-Бекара на пр. има 286 ајети,дозволено е на пр. кога се клања да ги проучиш првите 5,или првите 10,колку знаеш,колку си научил.
По консензус на учењаците,нема намаз тој што не проучил ел-фатиха,додека намазот само со проучена ел-фатиха,без учење на други сури би бил исправен,но нормално многу подобро е после тоа да се проучи и уште нешто од Куранот.
Ноќен намаз,Мухаммед с.а.в.с. рекол: Ноќниот намаз е два по два.(бележи Бухари).
Ноќниот намаз се клања како и сите намази,можеш да учиш на глас или во себе,не се учи ни езан ни икамет.
Се клања како на пр. фарзот за сабах.
2 рекати,фатиха и уште нешто од Куранот што ти е лесно,имаш едно седење каде се учи еттехијату,салавати и дова и се дава селам односно се завршува намазот.
И така можеш,цела ноќ од јација па се до сабах.
А витр намаз се клања непарен број на рекати,1,3,5...па до колку ти се клања

Ако клањаш 1 рекат,тогаш се учи фатиха,некоја сура и даваш селам.
Но ако клањаш на пр. 3 рекати.
Тогаш има два начини за клањање витр намаз.
1. Да клањаш 2 рекати,предаваш селам па стануваш уште за еден рекат.
2. Клањаш три рекати,одеднаш... значи после вториот рекат не седиш да учиш еттехијату и останатите работи туку стануваш и го клањаш третиот рекат па после тоа седнуваш и учиш еттехијату,салавати и дова па предаваш селам.
И да,витр намазот е суннет,но многу јак и притврден суннет кој пратеникот Мухаммед не го изоставал.