Бог да чува, пошто 200 постови ги имаш на темава и уште толку на подфорумов контра кучињата. Мора да ти е стварно досаден животот, иначе нема логика. Океј е, те сфативме дека не сакаш животни ама од кај се изнајде па уште ти да ми броиш, па и зошто ги оставам јас на кучињата моите лично заработени пари.
Имам доволно и заработувам доволно, за да тргнам на страна и ако треба да не испијам чаша сок ако некој е гладен.Не вршам селекција Мац, сигурна сум и ти дека имаш настрана да одвоиш ако ништо друго барем 20 денари за дете, бар за тоа не треба да бидeш Бил Гејтс.
Ама не, тебе ти е полесно да пишуваш на форум како тоа ние немаме потреба да донираме за животните, пошто нели ти вака нонстоп ангажиран сигурна сум дека секојдневно ем донираш, ем посетуваш црвен крст
, уште еден ореол да ти ставиме фали. Па откако ќе си ги обавиш дејностиве идеш да се најадеш во Жужу, пошто нели не е логично да дадеш 100 денари за слепо куче/маче, ама е логично да потрошиш исто толку на чикен за твоето месо-ждерење.
Да ќе донирам и за 13 години стари и слепи кучиња, и?
И како ти се грижиш за бездомниците и сиромашните, колку често донираш и какви активности имаш?