Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    625
Потполно се согласувам со твоето мислење ама во пракса тоа не може да функционира.
Ако имаат чипови и казните за тие што ке ги пуштат се многу високи ветеринарите или некои други луѓе (зависно каде ке им бидат ставени) непрофесионално ке им ги вадат чиповите што после тоа доведува до поголема агресивност кај кучињата.
Ако им ги ставаат обично на ремче, лесно ке се вадат и фрлаат.
Евентуално за се да се води евиденција да се прави попис на секои 6 месеци или година дена за да се види кој сеуште си го има кучето па тек тогаш да ги казнуваат. Последнава варијанта финансиски е многу 'потешка' бидејќи бара и многу време, и ангажираност и посветеност на работата и не ми изгледа лесно-остварлива.
Проблемот не е само Скопје, скитници има низ цела Македонија. Нема град кај што сум бил а покрај контејнерите да немало цела глутница.
Може да профункционира, ама ако некој сака да се случи тоа. Чипот не се вади туку така. А ветеринарот ќе биде последен кој ќе го извади. Верувај дека доволно е еден да плати солено, и сите ќе си легнат на брашното.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Човече, попис не може да напраат на луѓе не пак на кучиња. Не треси.
Премногу е лесно и едноставно. Нека се пуштат на терен неколку инспектори, нека казнат неколку луѓе кои немаат чипови на кучињата- па ќе видиш како е после едноставно и ефтино за решавање.
Законот постои, се воведе од Јануар годинава, само нема кој да го спроведе. И не зборам само за Скопје. Инспектори има и во другите градови- ретко кај има и здруженија. Зборот дека казнуваат за нешто брзо се шири.
Па нека воведат и награда (ситно нека биде нешто) за пријавување на напуштање на миленик. Знаеш колку ќе те пријават, ако само 1000-че награда воведат? Лесно е. Само нема кој.
А па ова твоево колку поефективно ке биде држ не дај се.
Стварно не знам во која средена држава живееш.
Иначе за последното, ако возиш кола и тој пред тебе фрли било какво ѓубре низ прозор ако го пријавиш ке те наградат. Исто како твојот пример. И кажи ми сега, колку луѓе знаеш што така пријавиле и добиле нешто за возврат од државата?

Друга работа. Ако ти попис за животните го сфаќаш исто како што е за луѓето со излегување на вработени лица на терен и одење од стан во стан тогаш гоу кил јурселф! Најпрост и најпластичен пример: Земаш мало куче, го носиш на вакцина, со првата вакцина тоа добива документ дека постои со регистарски број (ака лична карта кај луѓето) и ветеринарот напоменува: Кучето ке го носиш на преглед/контрола/илишоидае на секои 6 месеци со тоа што ветеринарот ке има евиденција колку кучиња се под негова “капа“. После секоја прва вакцина регистрацијата да е задолжителна и без регистарски број да нема никаков преглед без претходно да биде запишано (или во истиот момент). Во случај ако некој не се појави некој после тие 6 месеци ветеринарот известува некои надредени служби и они почнуваат да ја вршат работата со казни и дури и извршители ако има потреба. Кога веке зборуваме за средување на ситуацијата во правно стабилна држава.
Јаоо на терен инспектори? :facepalm: Инспектор за кучиња до 50 цм и 25.4 кила. :facepalm: Ке се потресат луѓево од инспекторите, ке почнат да фрчат телефоните како сега за продавниците или казните за шоферите што се.

п.с. Во иднина потруди се да направиш разлика меѓу: Не можат и не сакаат да направат попис.
 
Се е во ред околу чипирањето, но моментално тоа сеуште не е практично решение, барем не за проблемот со агресивните кучиња моментално на улица. Проблемот е што сеуште не е воспоставен електронски систем кој ќе ги регистрира овие податоци, заедно со броевите на чиповите, на ниво на државава. Ајде, системот ќе почне да функционира, но останува друг проблем - кој и кога ќе ги проверува чиповите? Законски за тоа би требало да бидат надлежни комуналните редари - кои ги немаме. Но проблемот е покомплексен. Еве да се послужам со два примери од Србија. Таму кампањата за чипирање почна од 2005 год со масовно бесплатно чипирање за кучиња и мачки кое траеше целата таа година - позитивен пример. Во 2012 год во Белград се воведе такса за опасни кучиња која изнесуваше 300 евра годишно а за контрола на таквите и општо сите кучиња беа надлежни комуналните редари. Тие можеа да регулираат носење поводник/маска, чистење на отпад од милениците, документи дали кучето е вакцинирано/чипирано/платена такса. Одлуката падна по 1 година како неуставна, а во меѓувреме нивото на наплата беше само 3% од регистрираните опасни кучиња. Велам регистрираните, затоа што токму заради тоа, многу кучиња не беа регистрирани, многу беа исфрлени на улица и згора на се сите сопственици на кучиња од чивава до шарпланинец беа по улиците малтретирани од полуписмени ,,редари,, без знаење на законските прописи,без основна култура и без читачи. Затоа имаше огромен бран негодувања - негативен пример, и јасен показател дека истото би се случило и кај нас. Во светот, сопствениците на кучиња а некаде и мачки плаќаат годишна такса за милениците во општините, каде и се регистрираат секоја година заедно со податоците за вакцинации од ветеринарите. И тоа важи (како што мислам е и најправилно) за сите кучиња без разлика на раса и големина. Разликата во големината на таксата е дали е кучето на пример стерилизирано и микрочипирано. Тоа може да се примени и кај нас и тоа на доволно разумен начин да не се зголеми бројот на кучиња на улиците. А моментално, проблемот со агресивните кучиња може да се контролира барем со релокација на таквите кучиња, како еден обид да се спречи користење на подивјачки методи од секој кој стигне (расфрлање отрови, отстрел и сл). А тоа може да се обидат да го остварат и самите активисти од здруженијата и граѓаните, доброволно, без потреба од многу финансии - ако веќе градот не се нафати да најде решение.
 
Некое евентуално краткорочно зголемување на кучињата скитници не е толку важно.
Важно е системско и целосно решение (микрочипирање) да почне да се спроведува и да не се одлага. Само така може проблемот да биде решен во поголем (ако не и целосен) обем.

Овдешната раја најдобро се учи со мавање казни, кога се прекршуваат законите.
...во пракса тоа не може да функционира.
Ако имаат чипови и казните за тие што ке ги пуштат се многу високи ветеринарите или некои други луѓе (зависно каде ке им бидат ставени) непрофесионално ке им ги вадат чиповите што после тоа доведува до поголема агресивност кај кучињата.
Ако им ги ставаат обично на ремче, лесно ке се вадат и фрлаат...
За ветеринарите би имало уште поголеми казни, како одземање на лиценца за работа и големи парични казни. Впрочем, и таквите ветеринари секако би барале пари за да направат таков зафат за вадење на микрочипот (додатен економски мотив за да не се земаат кучиња ако се нема озбилна намера да се чуваат истите).
Целата поента е да разберат луѓето дека кршење на законот може ги кошта големи пари. Со самото сознание дека казните се големи, ќе спречи добар дел од тие што на децата им земаат куче како играчка од неколку месеци и потоа ги фрлаат на улица... Или тие што не ги неутеризират кучките, за секоја година по неколку пати да ги фрлаат кученцата на улица.

Инаку самото микрочипирање е скоро безболно, во некои држави има полемики за таква идентификација и на луѓето.
 
Некое евентуално краткорочно зголемување на кучињата скитници не е толку важно.

Битно е, од аспект на моменталната ситуација и тоа како е битно. Значи освен што има сега на улиците агресивни кучиња, на улица би се исфрлиле и дотогаш домашно чувани и потенцијално многу, многу поагресивни кучиња кои воопшто не би имале проблем да нападнат човек или друго куче. Освен тоа и воопшто не би било краткорочно, тие кучиња исто така не би биле стерилизирани, така што освен што и тие самите ќе ја зголемат бројката на скитници, ќа произведат и други, така да бројката на скитници ќе треба да поминат години додека да се стави под контрола. А во меѓувреме опасноста по луѓето од такви скитници би се зголемиле неколкукратно. Мислам дека таа опасност не би требало да се занемари.
Поентава ми е дека за евиденциска регистрација на домашните миленици во урбаните средини на ниво на општина нема потреба да се чекаат чипови (постојат многу примери во светот дека не мора да има чип кучето за да се регистрира ). Како што реков и порано целиот систем со чипови ќе поминат барем неколку години додека заживее и профункционира. А проблемот со агресивни кучиња кои се на улиците без сопственик е тука и сега. Се однесува на кучињата кои се веќе тука а не на некои кои евентуално би завршиле на улица и кои евентуално би биле агресивни. А решението за тој проблем е лесно, ако како што кажа Пепа, на него работат луѓе што си ја знаат и сакаат работата.
 
А па ова твоево колку поефективно ке биде држ не дај се.
Стварно не знам во која средена држава живееш.
Иначе за последното, ако возиш кола и тој пред тебе фрли било какво ѓубре низ прозор ако го пријавиш ке те наградат. Исто како твојот пример. И кажи ми сега, колку луѓе знаеш што така пријавиле и добиле нешто за возврат од државата?

Друга работа. Ако ти попис за животните го сфаќаш исто како што е за луѓето со излегување на вработени лица на терен и одење од стан во стан тогаш гоу кил јурселф! Најпрост и најпластичен пример: Земаш мало куче, го носиш на вакцина, со првата вакцина тоа добива документ дека постои со регистарски број (ака лична карта кај луѓето) и ветеринарот напоменува: Кучето ке го носиш на преглед/контрола/илишоидае на секои 6 месеци со тоа што ветеринарот ке има евиденција колку кучиња се под негова “капа“. После секоја прва вакцина регистрацијата да е задолжителна и без регистарски број да нема никаков преглед без претходно да биде запишано (или во истиот момент). Во случај ако некој не се појави некој после тие 6 месеци ветеринарот известува некои надредени служби и они почнуваат да ја вршат работата со казни и дури и извршители ако има потреба. Кога веке зборуваме за средување на ситуацијата во правно стабилна држава.
Јаоо на терен инспектори? :facepalm: Инспектор за кучиња до 50 цм и 25.4 кила. :facepalm: Ке се потресат луѓево од инспекторите, ке почнат да фрчат телефоните како сега за продавниците или казните за шоферите што се.

п.с. Во иднина потруди се да направиш разлика меѓу: Не можат и не сакаат да направат попис.

Дали мислиш дека тој што е спремен да го испушти кучето на улица би се замарал да го вакцинира? Еден тон кутриња штотуку прогледани се собираат секојдневно од улиците. Му се окучила кучката, кутрињата фрлиги на улица- нормално- невакцинирани, нели. Не е тоа начин. Нема да го вакцинирам и ќе го испуштам. Кој ќе знае дека ја сум го испуштил? Има луѓе кои со години си ги чуваат кучињата не вакцинирани. Е сега, ако мислиш ти дека ова е решение... ју гоу енд кил јор селф.
Е сега, муабетот со наградата е АКО воведат, а за инспекторите, АКО си ја работат работата... Не ми ги врти зборовите само зашо сакаш да се препукаваш со некој.
 
Ooo не разбирам, ооо нескафе број 2, ооо шутрак број 2, разбираш македонски ти или што ти е проблемот?
Тој што има малце акал во тиквата секое куче што ке го земе ке го вакцинира ако сака да не добие болести, не викам да го вакцинира кога веќе наумил да го пушти.
Ти ке го пуштиш кучето ама ако си го вакцинирал еднаш кога си го земал како мало тоа веќе влегува во регистар, и за неколку месеци ке треба пак да го носиш задолжително на преглед и меѓу другото да се провери дали сеуште го чуваш, ако го чуваш пеки, ако не нека те гони законот.
А уствари што се повторувам, кој дел не ти е јасен па го вртам во круг само да се препукувам со тебе?
 
Има многу луѓе што чуваат женки нестерилизирани, и кога таа женка случајно ќе се спари со некој скитник, што мислиш кога ќе се родат кученцата, каде завршуваат ?
Тие кученца кога ќе се родат на улица или кога некој несовесен сопственик ќе ги испушти на улица, тие кученца не се вакцинирани и ги нема во регистар.

А често и кучките кои што останале трудни завршуваат на улица ... поради ретардираните несовесни сопственици кои што незнаат 3 недели (колку што трае циклусот) да си го контролираат кучето.

Е тука треба да профункционираат надлежните служби, за секое испуштено куче да има огромни казни, па кога ќе знае дека ќе биде удрен по џебот, ќе размисли дали да го испушти на улица.
Исто да има некој број или нешто слично (некоја служба) на која што ќе се пријавува за испуштање на куче.
 
Tоа што не секој еден е одговорен сопственик и не секој еден си го носи кучето на вакцинација. Имаш кретени што не веруваат во вакцини, па не си ги вакцинираат ни сопствените деца. Треба да ти се нацрта. Тој што има акал во тиквата нема да испушти куче на улица. Тој што има акал во тиквата ќе стерилизира/кастрира. Вакцина не ти го решава проблемот. Сеуште нешто не е јасно?
П.С. Фала ти на убавите зборови. :love:
П.П.С. dude, get laid! it might cheer you up ;)
 
Види Лу, од некаде мора да се почне ако сакаме да се реши проблемот со кучињата.
Ако се воведе закон како што кажав во претходните постови а воедно се фатат речиси сите скитници и се чуваат негде затворено и на периферија, веројатноста за женката која ја спомнуваш да се спари со скитник е многу мала. Ете, дури и да се оствари, таа контрола и преглед (исто спомнато во претходните постови) ке покаже дека женката е трудна (не знам соодветен збор) па понатаму ветеринарот со надлежните и сопственикот ке ги средуваат работите, јас тука не можам да измислувам топла вода, ама сепак може и тоа да се регулира.
За последниот дел веке сме на истото. За да се казни тој што го испуштил кучето треба да се води некаква евиденција на определен временски период, без регистрацијата никој не ке знае кој пуштил и кога пуштил. Ако го немаш запишано нигде ништо нема да помогне ако сакаш да се отарасиш од него. Просто, ја земаш колата со затемнети стакла или товарното комбе, го ставаш кучето внатре, возиш 80-100 километри и го испушташ. Кој ке дознае?

Tоа што не секој еден е одговорен сопственик и не секој еден си го носи кучето на вакцинација. Имаш кретени што не веруваат во вакцини, па не си ги вакцинираат ни сопствените деца. Треба да ти се нацрта. Тој што има акал во тиквата нема да испушти куче на улица. Тој што има акал во тиквата ќе стерилизира/кастрира. Вакцина не ти го решава проблемот. Сеуште нешто не е јасно?
П.С. Фала ти на убавите зборови. :love:
П.П.С. dude, get laid! it might cheer you up ;)

Јас сеуште не сум сретнал некој што земал мало куче и не го вакцинирал барем еднаш. Искрено не знам таков случај. Освен ромите кога наоѓаат кутриња под некој мост и поради што немаат пари не ги вакцинираат. За сопствените деца пак да не зборам. Нејсе, имаме луѓе со акал и без акал, вакцината не го решава проблемот ама пак ни инспекторите на терен нема да го решат истиот, со првото барем ке се има некоја минимална бројка и евиденција.
Te сакам и јас. :love:
 
Oчигледно не си информиран. Евиденција после вакцина постои. Постои но само во државна ветерина. Во Скопјево е невозможно секој да ги носи миленикот во државна, што им е далеку, што како јас- не се задоволни од третманите таму ( а за персоналот да не отварам уста :sick:). Сакам да ти кажам дека, колку и да е ефективно тоа со вакцинацијата, секој еден ќе си најде начин како да го избегне целиот тој процес, особено поради фактот што постојат и квази ветеринари, што идат од куќа до куќа во приградскиве населби... има луѓе кои не се замараат. Гајле им е дали го има кучето во евиденција или не. Тоа може да биде зачеток на решавање, но не може целосно да го реши проблемот. Казни. Тоа ќе го реши.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Е*ати државата кога не може чесно и совесно да се погрижи за кучињата и другите напуштени животни!А за овие здруженијава како Анима Мунди и да не зборам.Ништо не работат,а и за ништо не се ангажираат.Само викаат вдоми миленик,вдоми миленик.За да тргне на подобро треба народов малку да се ангажира.а и здруженија како Анима мунди никогаш да не се повторат.
 
Рецимо дека си све во право.
Казни - казни ке го решат проблемот?

На кој принцип ке се казнуваат? Како ке го дознаваат?
 
Поради вакви коментари здруженијата не можат да постигнат ништо! Погрижи се барем една недела да бидеш дел од здружение, па после какај на форум, може? ;)

Рецимо дека си све во право.
Казни - казни ке го решат проблемот?

На кој принцип ке се казнуваат? Како ке го дознаваат?
Па прво би можеле да почнат за ремче и маска, рецимо, после нека бараат чип, доволно е само еден скенер со нив да имаат... ништо повеќе. Фин принцип, нели? Нека се пуштат ветеринарни инспектори на терен, кои што би доаѓале изненадно од други градови (како што направија со џандарите, нели), нека се прошетаат низ неколку населби низ Скопјево... просто е, не знам зашто не сакаш да го видиш тоа...
 
Мене ми е многу страв од нив. Кога и да ги видам поготово во чопор ауууф страв во цело тело ... и гледам што поскоро да се тргнам од нив. Имам лоши искуства со скитнициве и затоа. А и не сакам кучиња генерално. Да, мене ми сметаат затоа што неможам да ја предвидам нивната реакција, дали ќе ме нападнат или пак се мирољубиви во тој момент ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom