Ердоган, потрошен материјал на исламистите во Турција?

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Турција неможе да се споредува со арапските земји,најголема грешка си правите тука, а инаку Турција е секуларна земја,во Турција никаде не се гледа луѓе како што се во Иран или во Авганистан,значи жените им се отворени,мажите не се со бради,шеријатски закони нема, Ердоган исламистички политики си прави само кога треба да собере гласови,и тоа само со зборови а не и во практитка,неколку пати сум биден во Турција, рака на срце од секаков аспект се по напредни и по богати од балканските земји а Богами и од некои европски земји, да живеев во некоја друга планета и да ги читав овие коментарите ќе мислев дека Турција е некоја африканска или арапска земја, овдека има некои членови што не се излезени ниту еднаш од Македонија или можеби со емоции се пишани коментарите.. Камоли ние да бевме барем 50% како економијата на Турција, тие немат гајле за ништо, имат силна економија,имат силна армија,стратешкото место им е супер,членка на НАТО се итн,,ех сега Ердоган дека се глупира понекогаш се глупира,тука нема дилеми..
 
R

Rigel Kent

Гостин
Како беше она со војската да реагира во Турција и Секуларноста ако може некој да ми објасни?

http://www.trtmacedonian.com/trtworld/mk/
Беше тоа некогаш , но со уставните измени се намали доста влијанието на војската и се елиминира нејзината улога како заштитник на секуларизмот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.420
Турција неможе да се споредува со арапските земји,најголема грешка си правите тука, а инаку Турција е секуларна земја,во Турција никаде не се гледа луѓе како што се во Иран или во Авганистан,значи жените им се отворени,мажите не се со бради,шеријатски закони нема, Ердоган исламистички политики си прави само кога треба да собере гласови,и тоа само со зборови а не и во практитка,неколку пати сум биден во Турција, рака на срце од секаков аспект се по напредни и по богати од балканските земји а Богами и од некои европски земји, да живеев во некоја друга планета и да ги читав овие коментарите ќе мислев дека Турција е некоја африканска или арапска земја, овдека има некои членови што не се излезени ниту еднаш од Македонија или можеби со емоции се пишани коментарите.. Камоли ние да бевме барем 50% како економијата на Турција, тие немат гајле за ништо, имат силна економија,имат силна армија,стратешкото место им е супер,членка на НАТО се итн,,ех сега Ердоган дека се глупира понекогаш се глупира,тука нема дилеми..

Каде си бил ти во Турција, на Море или во Истанбул?
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2205969/
According to the World Bank, the poverty rate for Turkey was 20% with US $2.15 daily limit (25). However, if the daily poverty limit is accepted as US $4.30, poverty rate will reach 58% of the population. The highest percentage (39%) of people living under US $2.15 per day was in Southeastern Anatolia (18% in urban areas and 21% in rural areas). Another report of the World Bank stated that 17.2% of urban population in Turkey was in food poverty. Food and non-food poverty rate in urban areas was 56.1% (26).

Different Turkish authors have determined different limits and rates for poverty. Pamuk (27) identified the poverty rate as 14.8% per capita and 14.15% per household. Yardimci (28) found these rates to be 17.25% and 14.5%, respectively. Gursel (29) reported the poverty rate of 14.5% per capita, considering a relative poverty level of US $1.6 per month.

If the limit is increased from 80 cents to US $1.1, the poverty rate in Southeastern Anatolia will increase from 24% to 44%. Of people living in the Eastern and Southeastern Anatolia, 15% are poor, and 25% of these are extremely poor. Of total households, 43% were poor and more than 12% did not have adequate nutrition. Poor people require an increase of 30%-50% in their income to overcome poverty (30).
Првиот болд, се мисли на основна сума која се пресметува кога се мисли на сиромашен човек.
Вториот болд се мисли на food poverty, или да не може да обезбеди ниту најосновен дневен оброк. 44% гладни во Југоисточна Анадолија. Не би рекол баш дека им цветаат ружи на Турциве.
Еве слика како изгледа по региони, па ако сакаш да фатиш пореална слика, да отидеш малце во различни региони.


Или немора и да одиш, прашај ги луѓето што работат по хотелите преку лето, колкава им е платата.

Ердоан игра доста популистички, ги става проблемите под черга. Има еден стих на Чорба доста политички, кој буквално го одсликуваше распадот на Југославија, а сега одсликува една слична боза ситуација во Турција:
„Док напољу свашта раде, на ТВ-у лимунаде.
Бољи Живот, Сречни Људи,
зато и ти сречан буди.“

Ердоан поапси еден куп генерали, а со тоа ја ослабе и подели војската, најјакиот адут на Турската држава. Државата сега не само што е поделена по етничка линија Курди-Турци, туку и по политичко и верско убедување, како никогаш досега во својата историја.
 
M

Muranyi

Гостин
Некој си гаи илузии за Турција гледајќи го Шутел, пардон Сител и преку турските серии си ствара идилична слика за тоа колку всушност е турскиот народ со космополитски светоглед. Да им беше толку важна секуларноста и да не им евоцира исламот империјалистички чувства и носталгија за славната Отоманска империја, сигурно немаше Ердоган да седи во фотелјата. Ова е генерализирано, секако.

Само посакувам да го доживеам независен Курдистан, заради лицемерието.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Семејството Ердоган е најбогатото во цела Турција,какви црни клошарски исламисти.. wake up..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Западот и Русија, никогаш, ама никогаш нема да дозволат моќна земја каде што имаат интереси. Примери за тоа се Германија и Јапонија после Втора светска војна, потоа Иран, после него Ирак, денес ја држат С.Арабија под контрола итн.
Сите погоре наброените имаа солидни шанси да станат светски политички, воени и економски сили, но беа спречени на ваков или онаков начин.
Тој што мисли дека Турција, или Полска, или Украина или Бразил ќе станат моќни се лажи.
САД, Европа и помалку Русија го имале, го имаат и ќе го имаат главниот збор.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.420
Семејството Ердоган е најбогатото во цела Турција,какви црни клошарски исламисти.. wake up..
Од кога парите имаат мерило која идеологија некој застапува? Јас колку што знам муџите кај нас земаат плата само за тоа што пуштаат бради. Тоа не ми кажува дека исламизмот е воден од сиромапни луѓе.
--- надополнето: 28 декември 2013 во 08:48 ---
Западот и Русија, никогаш, ама никогаш нема да дозволат моќна земја каде што имаат интереси. Примери за тоа се Германија и Јапонија после Втора светска војна, потоа Иран, после него Ирак, денес ја држат С.Арабија под контрола итн.
Сите погоре наброените имаа солидни шанси да станат светски политички, воени и економски сили, но беа спречени на ваков или онаков начин.
Тој што мисли дека Турција, или Полска, или Украина или Бразил ќе станат моќни се лажи.
САД, Европа и помалку Русија го имале, го имаат и ќе го имаат главниот збор.
Не се сложувам со тебе од причина што не е релевантен пример Турција за тоа што го кажуваш. Турција гледај ја од аспект на Империја во залез. Турците биле светска сила во континуитет најдолго од сите империи. Отоманската империја е само еден мал аспект на Турските владеења. Имај во предвид дека Алтајците владееле со буквално цела Азија, источна Европа и северна африка, подолго него ли било кој друг. Имај во предвид дека постојат 6 Турски држави итн. Турција е правец во кој жители на овие 6 држави гледаат. Турција има потенцијал за светска сила. Имај во предвид дека надвор од овие Турски држави постои значително Турско население(само во Кина се претпоставува дека живеат 150М Ујгури во Русија повеќе од 20% се Турци), кое можеби го надминува бројот во сите Турски држави заедно. Исламизацијата на Турција, би претставувало опасност буквално за целиот свет.

Нормално е Русија и САД да го држат приматот по секоја цена, како впрочем и сите империи. Но очајот на САД преточен во Арапската пролет може да ни донесе Турска зима.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Од кога парите имаат мерило која идеологија некој застапува? Јас колку што знам муџите кај нас земаат плата само за тоа што пуштаат бради. Тоа не ми кажува дека исламизмот е воден од сиромапни луѓе.
--- надополнето: 28 декември 2013 во 08:48 ---
Исламот сеуште е вера а не идологија затоа што се верува во невидлив ''бог'' а не во видлив диктатор и други сегменти на идеологијата.Ердоган негува нео-отомански идеи,и самиот има кажано ,,Ние треба да бидеме таму до каде што стигнале нашите предци'' и ако погледнеш сите изјави му се дадени во овој конткст,во смисол ширење на Турција но не сум приметил да гура некој вахабизам,знае дека Америка нема да му го дозволи истиот..
 
M

Muranyi

Гостин
@GhostLeader, ти очигледно немаш основни познавања од исламот штом тврдиш дека тој не бил идеологија. Бог, диктатор, Америка, вахабизам, Ергдоган, која ти е човеку поентата, ама ич не те разбирам што сакаш да кажеш.

Ердо, ќе ја освојуваше Сирија пред 3 месеци:pos:
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
1997 година во Турција владееле по големи исламисти од Ердоган на чело со тогашниот премиер Ербакан,но Турција ниту тогаш не се исламизира,секуларна остана, турскиот народ е специфичен народ, таму народот од секогаш се про европски и про амерички ориентирани отколку про арапски,турците многу повеќе не се сакаат со арапите и со курдите отколку со грците например,така да празни фрази се тоа дека вахабизам или радикален ислам е закана за светот од страна на Турците.. Јас мислам дека Турција како голем сојузник на САД и како стара членка на НАТО ќе остане сојузник на Западот,пред се со САД и Велика Британија. Инаку многу повеќе шанси има Босна и Херцеговина да се исламизира отколку Турција, и на крај центарот на вахабизмот е во Саудиска Арабија, од таа гнасна земја се финансира вахабизмот во светот, а што е најлошо,овдека на балканот вахабизмот се шири најмногу преку Босна и Косово..:facepalm:
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
@GhostLeader, ти очигледно немаш основни познавања од исламот штом тврдиш дека тој не бил идеологија. Бог, диктатор, Америка, вахабизам, Ергдоган, која ти е човеку поентата, ама ич не те разбирам што сакаш да кажеш.

Ердо, ќе ја освојуваше Сирија пред 3 месеци:pos:
Е не ти имаш,а тоа што го имам Куранот 2 пати прочитано и ги знам пола од стиховите на памет сега што ќе кажеш ? ај сега покажи ја твојата ступидоидна желба за лаеање... ајде кажи ми како е Исламот идеологија а не свера !? зошто тогаш цел свет го смета како светска религија а не светска идеологија заедно со Нацизмот,Фашизмот,Комунизмот итн. ? по твојата дефиниција религија не постои,постои само идеологија на одредени Богови во кои луѓето веруваат така ? не е до доменот на мојот карактер да кажам ама Кили би ти рекол МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Каде си бил ти во Турција, на Море или во Истанбул?
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2205969/

Првиот болд, се мисли на основна сума која се пресметува кога се мисли на сиромашен човек.
Вториот болд се мисли на food poverty, или да не може да обезбеди ниту најосновен дневен оброк. 44% гладни во Југоисточна Анадолија. Не би рекол баш дека им цветаат ружи на Турциве.
Еве слика како изгледа по региони, па ако сакаш да фатиш пореална слика, да отидеш малце во различни региони.

Или немора и да одиш, прашај ги луѓето што работат по хотелите преку лето, колкава им е платата.
- Постои долгорочна државна политика на занемарување и осиромашување на југоисточниот регион
- Во тој дел, особено Дијабакир кој е неофицијалниот главен град на замислениот “Курдистан“ во изминативе 20 години, популацијата се зголеми за 3 пати!
- Ниту една држава нема да спроведува економско-развојни мерки во делот кој има опасност да го изгуби и каде што постојат групации кои се борат против државата.
- Практично ако провериш, во југоисточниот дел нема прави Турци, се работи главно за локални и сиријски Курди.
- Секој ден таму загинува минимум 1 турски војник!
- Западна Турција има привилегија со ефтината локална работна сила од која 3/4 ја прават токму Курдите, затоа на државата и оди во прилог постоечката сиромаштија во ЈИ крај бидејќи на тој начин турските компании енормно профитираат и логично тоа е еден најважните фактори за развојот на сите индустриски гранки.


Ердоан игра доста популистички, ги става проблемите под черга.
Ердоан поапси еден куп генерали, а со тоа ја ослабе и подели војската, најјакиот адут на Турската држава. Државата сега не само што е поделена по етничка линија Курди-Турци, туку и по политичко и верско убедување, како никогаш досега во својата историја.
Апсолутно си во право за Ердоган, расипништвото и репресијата врз народот нема да му помине.

Вообичаена практика во Турција е апсењето на генералите, тоа не го започнал Ердоган. Војската во Турција има толкава моќ што може да собори било кој претседател или Влада и секогаш ја има поддршката на народот, затоа сите политичари толку се плашат од војската.

Во случајов против Ердоган не се работи само за домашните проблеми на Турција туку директно вмешани се и Техеран и Египет, а претпоставувам и дека некого испуштив.
 
M

Muranyi

Гостин
Е не ти имаш,а тоа што го имам Куранот 2 пати прочитано и ги знам пола од стиховите на памет сега што ќе кажеш ? ај сега покажи ја твојата ступидоидна желба за лаеање... ајде кажи ми како е Исламот идеологија а не свера !? зошто тогаш цел свет го смета како светска религија а не светска идеологија заедно со Нацизмот,Фашизмот,Комунизмот итн. ? по твојата дефиниција религија не постои,постои само идеологија на одредени Богови во кои луѓето веруваат така ? не е до доменот на мојот карактер да кажам ама Кили би ти рекол МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ..
Чуј дечко, ти нит си прочитал нит знаеш да бекнеш стих од Куранот туку само се распрдаваш тука т.е. си прочитана лектира, тоа е мојата претпоставка. Уште пострашно пак е ако не сум во право и ако си го прочитал а не си ја сфатил суштината на исламот и ти паѓа во вода тврдењето дека си натпросечно интелигентен:LOL: Ај сега одлучи се кое е.

Исламот, како религија со милитаристички идеолошки примеси се залага да се шири, тој има територијално-експанзивен карактер, тоа ширење на Исламот е дадено во Куранот како пророштво и како нешто што ќе се случи во иднина, кога ќе дојде денот и тој ќе владее на Земјата. Па употреби ја таа твоја "натпросечна" интелигенција(лол) и запрашај се зошто Муслиманите дркаат на вестите од типот дека секојдневно се зголемува бројот на Муслимани во Европа, од типот на илјадници конвертирања во Ислам од страна на Христијаните и останатите религии. Секој Муслиман верува во тоа, бидејќи го смета Куранот за божја објава. Дали тоа ќе биде постигнато со куршум, дали со меч или со множење и мултиплицирање- небитно. Каде ти натпросеку тука гледаш религиозност и нешто што има врска со Бога ај жити се пиши?

Покрај ова, Шеријатот, правниот систем кој произлегува од самиот Ислам и е нешто за кој секој Муслиман сонува не те почитува и признава како индивидуа. Доколку си кафир, ти следи данок- иселување- смрт,вака отприлика е ланецот на случувања, доколку си хомо ти следи бесилка, доколку крадеш ти ја сечат раката. Шеријатот подразбира во рамките на државата- калифатот сите да бидат Муслимани. Да не набројувам до недоглед.

Па ако ова за тебе не е милитаристичка идеологија јас џабе го губам времето со тебе, искрено.Имам впечаток дека читаш ама не разбираш ништо:D Дај малце уозбили се и докажи дека имаш барем трошка способност да ги сфатиш работите, употреби го талентот за нешто корисно.

Ептен сме офтопик, бтв. И да ти кажам, јас воопшто не се опседнувам со тоа што сметал светот за одредени работи. Можам сам да резонирам и донесам заклучок.

Во врска со болдот ти мора да не си од овој свет. Оди снимај клипови на јутуб:icon_lol:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
- Постои долгорочна државна политика на занемарување и осиромашување на југоисточниот регион
- Во тој дел, особено Дијабакир кој е неофицијалниот главен град на замислениот “Курдистан“ во изминативе 20 години, популацијата се зголеми за 3 пати!
- Ниту една држава нема да спроведува економско-развојни мерки во делот кој има опасност да го изгуби и каде што постојат групации кои се борат против државата.
- Практично ако провериш, во југоисточниот дел нема прави Турци, се работи главно за локални и сиријски Курди.
- Секој ден таму загинува минимум 1 турски војник!
- Западна Турција има привилегија со ефтината локална работна сила од која 3/4 ја прават токму Курдите, затоа на државата и оди во прилог постоечката сиромаштија во ЈИ крај бидејќи на тој начин турските компании енормно профитираат и логично тоа е еден најважните фактори за развојот на сите индустриски гранки.
Во право си потполно Bratot, за горе напишаното со Курдите! Еве и визуелно како изгледа Дијарбакир за време на прослава.


Толкава бројка не му успева на ниедна политичка партија во Турција да собери, освен главните митинзи во Истанбул.

Е сега сите овие скандали и немири во владеачката АКП се случуваат по склучувањето на мир помеѓу Турците и Курдите, по 40 год. воен судир и по демократските реформи на Ердоган, со кои Курдите добија многу големи права (слично на браќата кај нас).

Прашањето е на кој не му одговара мир помеѓу Турција и Курдите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom