Ердоган, потрошен материјал на исламистите во Турција?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.420
http://24vesti.mk/„dzumhuriet“-sinot-na-erdogan-e-sledna-cel-na-istragata-za-korupcija
Борба за моЌ во турските исламски кругови

На Ердоган му се токми уште посилен земјотрес
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган смени речиси половина од својот кабинет, вкупно 10 министри, по големиот корупциски скандал поради кој оставки поднесоа тројца министри. Ердоган рече дека именувал нови луѓе на местата на тројцата министри што поднесоа оставки, а именувал и нови министри за правда, сообраќај, семејни прашања, спорт, индустрија и еден од потпретседателите на владата. Смените во владата биле договорени на состанок зад затворени врати со претседателот Абдула Ѓул. Ова што сега се случува во Турција е двојно посилен потрес за државата од протестите летоска и би можело да ја промени на подолг период.

Имамот во офанзива
Се зборува дека властите спремаат втор бран апсења и дека на листата со сомнителни овој пат се наоѓаат и двајца блиски роднини на Ердоган, пренесува „Дојче веле“.

Никогаш досега на турската влада не ~ било префрлано за корупцијата толку детаљно. Истрагата укажува на борба за моќ во исламските кругови. И додека Ердоган народните протести летоска ~ ги припиша на една маргинална група, сега во неговите сопствени редови расте моќен противник: за бранот апсења одговорноста му се префрла на турскиот имам Фетула Ѓулен, кој долго му беше сојузник на Ердоган. За Ѓулен, кој живее во САД, и за неговата организација раширена низ светот, велат дека е турска верзија на сциентологијата - хиерархија - исламизам - политика. Kритичарите со години го обвинуваат Ѓулен дека вметнува свои луѓе и врбува меѓу членовите на АKП, но пред с` во турското правосудство и во полицијата. Ѓулен до неодамна го негираше тоа, но сега и неговите важни поддржувачи го признаваат влијанието на неговата организација во државните институции. Судирот меѓу сојузниците почнал кога Ердоган отпуштил човек на Ѓулен, а не дозволил луѓето на Ѓулен во правосудството да го тргнат шефот на тајната служба и негов близок човек, Хакан Фидан. Потоа Ердоган се заканил дека ќе ги затвори детските градинки на Ѓулен, кои се за него важен извор на финансии. Сега Ѓулен очигледно тргнал во офанзива.

Ќе го дочека ли Ердоган март?
Досега се зборуваше дека случувањата ќе го загрозат успехот на Ердоган на регионалните избори во март, но со оглед на развојот на настаните, прашање е дали тој воопшто ќе ги дочека тие избори како премиер, пишува „Шпигел“. По големите рации и апсења минатата недела, владата смени многу луѓе во полицијата, меѓу кои и шефот на полицијата на Истанбул. Весниците критички настроени кон Ердоган пишуваат дека се сменети 500 полицајци што учествувале во истрагата против министрите и нивните синови. Освен тоа, владата нареди дека во иднина шефовите мора да бидат информирани за истрагите. Имено, владата овој пат беше изненадена од истрагата за корупција. На новинарите им е забранет пристап до полицијата зашто некои медиуми ги оценија смените во полицијата за обид на владата да ја отежне истрагата.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека турските медиум шпекулирале за реконструкција на владата уште пред оставката на министрите, но таа нема да ~ стави крај на кризата. Многу Турци веќе не веруваат во имиџот на безгрешни, што Ердоган и АKП си го припишуваат. За АKП, особено опасно би можело да биде во Истанбул на изборите во март зашто, како што колумнистот Kадри Гирсел своевремено напишал, оние што ќе го изгубат Истанбул, на крајот ќе ја изгубат целата земја.
Откако успеа да ја разори секуларноста на армијата, на Ердоан му се бројат деновите. Дали останал само маргиналец во сенката на Ѓулен, или успеал цврсто да застане на нозе, ќе покаже времето.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.332
Поени од реакции
7.079
доказ дека Турција не е она што некои пробаа да ја величаат.........имаа силни демонстрации,еве сега ова се случува,доказ дека Западот и Израел деноноќно работат на нивната кауза и нема да остават на случајноста Турција да избега од конците.........
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
доказ дека Турција не е она што некои пробаа да ја величаат.........имаа силни демонстрации,еве сега ова се случува,доказ дека Западот и Израел деноноќно работат на нивната кауза и нема да остават на случајноста Турција да избега од конците.........
Под претпоставка дека си во право, следува заклучокот дека на западот и на Израел им одговара постоењето на несекуларни држави, како што е во случајот со Турција.

Ако во Турција постоеше симбол на секуларизам, тогаш тоа беше музејот Света Софија, кој бил изграден првично како православна христијанска црква, бил пренаменет како џамија откако османлиите го освоиле Константинопол, а со создавањето на турската република во времето на Мустафа Кемал Ататурк, објектот бил пренаменет како музеј за да не може никој да го присвојува како свој, туку општо да им припаѓа на сите граѓани на Турција.

Но Реџеп Таип Ердоган и неговите исламисти донесоа одлука повторно да го пренаменат објектот во џамија, со што Турција ја отвора вратата за радикалниот ислам на Балканот, бидејќи одлично знаеме како останатите радикални исламисти низ светот ќе ја протолкуваат пренамената на објектот во џамија - како голема победа на исламот врз неверниците.

А ако западот и Израел стојат зад сето ова, тогаш ние балканските народи дефинитивно имаме сериозен проблем.

Инаку да, секако дека Ердоган е потрошлив материјал, кога типот не успева да си го одржи сопствениот двор чист без употреба на полиција и специјалци, повеќе од јасно е дека му се ближи крајот на рокот на траење, па исламистите за секој случај можно е да куртулат од него со цел да прикажат лажна слика за подемократски реформи, слично како што Адолф Хитлер и нацистите паузирале со тероризирањето и убивањето на Евреи за време на Летните Олимписки Игри 1936 во Берлин за да не го привлечат вниманието на светската јавност, а 2 години подоцна, со Кристалната Ноќ помеѓу 9 ноември 1938 и 10 ноември 1938 и официјално го започнале Холокаустот, па не треба да не изненади праксата и на Ердоган и неговите турски исламисти.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Но Реџеп Таип Ердоган и неговите исламисти донесоа одлука повторно да го пренаменат објектот во џамија, со што Турција ја отвора вратата за радикалниот ислам на Балканот, бидејќи одлично знаеме како останатите радикални исламисти низ светот ќе ја протолкуваат пренамената на објектот во џамија - како голема победа на исламот врз неверниците.
За сѐ друго си во право, но не наидов на ниедна информација дека Аја Софија е навистина пренаменета во џамија. Мислам дека тоа беше предлог на еден од неговите министри даден некаде во ноември, за кој подоцна се заложија и други, но сѐ уште не е реализирано. Имаш некаков извор дека е веќе пренаменета?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
За сѐ друго си во право, но не наидов на ниедна информација дека Аја Софија е навистина пренаменета во џамија. Мислам дека тоа беше предлог на еден од неговите министри даден некаде во ноември, за кој подоцна се заложија и други, но сѐ уште не е реализирано. Имаш некаков извор дека е веќе пренаменета?
Воопшто не спомнав дека објектот Света Софија е пренаменет од музеј во џамија, туку спомнав дека е донесена одлука за таквата пренамена.

Речиси сите медиуми известуваа за тоа пред недела дена, дали е шпекулација или потврдена информација, не знам, но знам дека таков потег од исламистичка влада не би бил ама баш никакво изненадување.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Воопшто не спомнав дека објектот Света Софија е пренаменет од музеј во џамија, туку спомнав дека е донесена одлука за таквата пренамена.

Речиси сите медиуми известуваа за тоа пред недела дена, дали е шпекулација или потврдена информација, не знам, но знам дека таков потег од исламистичка влада не би бил ама баш никакво изненадување.
На тоа и мислев, меѓутоа нема никаква информација за конечна одлука.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дека во Турција не постои исламизам како некакво политичко движење.
Едноставно сиромашните и маргинарилизираните со симпатии и романтичен занос гледаат на историските спомени од минатото.
Тие што го избраа Ердоган се всушност сиромашните
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Мислам дека во Турција не постои исламизам како некакво политичко движење.
Едноставно сиромашните и маргинарилизираните со симпатии и романтичен занос гледаат на историските спомени од минатото.
Тие што го избраа Ердоган се всушност сиромашните
Основен предуслов за национализам е сиромаштија. Немаш да им дадеш леб, дај им историја. Ердоган и боксеров наш се едно те исто.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
А ако западот и Израел стојат зад сето ова, тогаш ние балканските народи дефинитивно имаме сериозен проблем.
Сосема е јасно дека западот стои зад арапската пролет и падот на секуларните општества во истите. Не ми е јасно дали мислат дека полесно ќе ги контролираат така, или бараат причина групно да ги рокнат еден ден... како и да е, многу народ страда од ова зло, најголемо на денешницава. Наместо да се исчисти, се помага и зајакнува.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Турската влада повторно се соочува со масовни протести
Битка за превласт во турската политичка елита
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган смени вкупно 10 министри по големиот корупциски скандал, поради кој оставка поднесоа тројца членови на неговиот кабинет. Но најголемиот скандал во изминатата деценија го исфрли на површина прикриениот конфликт во турското политичко раководство, односно помеѓу Ердоган и влијателниот имам Фетулах Гулен, кој уште од 1999 година живее во САД. Станува збор за внатрешен судир во владејачкиот блок на исламистите во Турција, помеѓу владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и движењето Хизмет, кое во земјата, а и низ светот има милиони приврзаници. Политичките тензии не само што го зголемуваат ризикот за посериозен раскол во редовите на АКП и дестабилизација, како и можен пад на Ердоган и неговата влада, туку ризикуваат и колапс на целосниот демократски и либерален исламски политички проект во Турција, оценува Ал џезира.

Од антисекуларни сојузници до лути ривали

Во анализата на телевизијата се наведува дека, наместо да ја преиспита работата на најодговорните министри, чии синови се поврзуваат со корупцискиот скандал, турската влада направи повеќе чекори, кои изгледаат контрапродуктивно, гледано низ призмата на владеење на правото. Ердоган нареди смена на голем број полициски началници што се осмелија да уапсат бизнисмени блиски до АКП, како и смена на обвинители што поднесоа обвиненија против осомничените за корупција. Турскиот премиер тврди дека целата афера е наместена, односно дека се работи за обид за дискредитација на Владата и нејзиното десетгодишно успешно владеење од страна на „внатрешниот непријател“.

Ал џезира посочува дека е неоспорно оти АКП, под лидерство на Ердоган, ја изведе Турција на патот кон демократијата, иако несовршена, и економскиот напредок, позиционирајќи ја како респектабилна регионална сила, која има амбиции до крајот на деценијава да стане една од десетте најсилни светски економии. Благодарение на АКП дојде до значителна демократизација на турското општество, за што сведочи елиминацијата на војската од политиката и почетокот на преговорите со Курдите за наоѓање трајно решение за курдското прашање. Но, и покрај тоа, Ердоган во изминатиот период сѐ повеќе покажува авторитарни тенденции.

Во текот на десетгодишното владеење тој успеа речиси целосно да го маргинализира влијанието на ултрасекуларниот кемализам. Тоа го направи токму со помош на приврзаниците на движењето на Гулен, кои успешно се инфилтрираа во најчувствителните позиции на државниот апарат, правосудството, обвинителството, како и во разузнавачките и полициските структури. Поради тоа, некои аналитичари со право ова движење го нарекуваат врв на копјето, со кое владата на Ердоган го зададе последниот удар врз некогаш моќните секуларисти, кои повеќе децении со помош на војската ги контролираа најзначајните структури на турската држава. Сега, кога ја нема веќе заканата од секуларниот кемализам, која беше отстранета со трпеливи и методични мерки во текот на повеќе години, двата табора на владејачката исламска елита отворено ја почнаа пресметката за политичка превласт.

Станува збор за судир помеѓу долгогодишните природни сојузници во власта. Според Ал џезира, првиот табор, кој им е лојален на Ердоган и на неговиот потесен круг, своите корени ги влече од поранешниот радикален политички проект на соборениот премиер Ербакан и е инспириран од транснационалното исламистичко движење Муслимански браќа. Вториот, значително полиберален табор, е Хизмет, тајното исламско реформаторско движење лојално на дисидентот Гулен. Ова движење има специфичен турски традиционален карактер, бидејќи не дејствува во облик на политичка партија што се натпреварува за власт, туку своето влијание првенствено го остварува дејствувајќи во рамките на цивилното општество и преку мрежата од неколку илјади приватни училишта.

Хизмет има голема финансиска моќ

Хизмет располага со над 3.000 приватни училишта и универзитети во Турција, Босна, Европа, САД, Блискиот Исток, Средна Азија, Африка, па дури и во Австралија. Ал џезира посочува дека овој систем од училишта претставува извор на голема финансиска моќ. Покрај тоа, весникот „Заман“, како и неговата англиска верзија „Заман тудеј“, се дел од медиумската империја на ова движење, кое исто така поседува и голем број профитабилни компании. Само во својот приватен образовен систем движењето вработува над 100.000 лица.

И покрај тоа што АКП и Хизмет никогаш немале идентични ставови за повеќе општествени и политички прашања, а особено за надворешната политика, улогата на Турција на Блискиот Исток и односот со Израел, нив ги обединуваа заедничката определба кон традиционалните исламски вредности, економскиот либерализам и желбата да го ослободат турското општество од секуларното влијание на војската. До првиот конфликт дојде минатата година, кога специјалните обвинителни, лојални на Хизмет, побараа одговорност и од самиот шеф на турското разузнавање Хакан Фидан, поради неговите наводни блиски односи со Работничката партија на Курдистан (ПКК). Поради тоа што Фидан е еден од најлојалните луѓе на Ердоган, турскиот премиер го сметаше овој чин како отворен напад врз него од Хизмет. Покрај тоа, наводната поддршка на движењето за учесниците на неодамнешните протести во истанбулскиот парк „Гези“, АКП исто така ја доживеа како објавување војна на премиерот Ердоган. Тешко е да се предвиди до кои граници се подготвени приврзаниците на Гулен да одат во својата пресметка со Ердоган кога станува збор за корупцискиот скандал.

Конфликт во кој сите се губитници

Покрај критиките од маргинализираната и слабата парламентарна опозиција, турскиот премиер сѐ повеќе го критикуваат и опозициските медиуми и меѓународните центри на моќ, обвинувајќи го за преголема концентрација на моќ, авторитарно владеење, популизам, нетолерантност кон критичките медиуми и, се разбира, оценува Ал џезира, геополитичкиот авантуризам во надворешната политика на Блискиот Исток.
Свесна за огромната моќ на Хизмет, турската влада неодамна предложи закон со кој сака да ја регулира работата на подготвителните училишта што се наоѓаат во организација на движењето. Таквиот предлог беше дочекан како отворен напад врз движењето, неговите извори на приходи и образовниот систем воопшто. За таквиот чекор Ердоган нема јавна поддршка, бидејќи овие училишта се популарни меѓу турските граѓани. Значи станува збор за непопуларен потег на турската влада, чија цел е ослабување на влијанието на Хизмет, кое секој ден станува сѐ поголема закана за владеењето на Ердоган.

Сепак, корупциската афера нема да има сериозни последици само за внатрешната политика на Турција туку и пошироко, а особено би можела да ги наруши добрите односи со САД. Ако судирот на релацијата АКП - Хизмет прерасне во отворен конфликт, тоа ќе значи и почеток на крајот на одличниот економски, културолошки и геополитички проект за преродба и еманципација на Турција како пример на успешен спој на либералниот капитализам и умерената исламска демократија. Дури и САД го истакнуваат турскиот пример како модел што би требало да го следат и арапските земји на патот кон демократизацијата, како алтернатива на револуционерниот исламски проект, спонзориран од шиитскиот Иран, и радикалното разбирање на политичкото уредување на државата и општеството, кое го заговараат порадикалните исламисти од редовите на сунитскиот ислам. Отворениот конфликт не би им бил во интерес на турските граѓани, на АКП или на Хизмет, ниту пак би ѝ одел во прилог на стабилизациската улога што Анкара ја има на Балканот и на Блискиот Исток, заклучува Ал џезира.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122713736509&id=11&prilog=0&setIzdanie=23063
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Сосема е јасно дека западот стои зад арапската пролет и падот на секуларните општества во истите. Не ми е јасно дали мислат дека полесно ќе ги контролираат така, или бараат причина групно да ги рокнат еден ден... како и да е, многу народ страда од ова зло, најголемо на денешницава. Наместо да се исчисти, се помага и зајакнува.
Затоа што треба да го поделиш западот на USA и Европа. Америка е константен генератор на не-обединетоста на Европа, рчка по Украина, Турција, Балканов. Сите овие немири се причина за настанување и на економски кризи и намалување на економски влијанија кои не одат во корист на ЕУ.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.311
Поени од реакции
26.227
Многу поверојатно е ова да е поздрав од САД и Германија до султанот, отколку внатреисламска битка. Не за џабе најавите доаѓаат од Дојче Веле. Ердоган беше силна инвестиција на исламистите во Турција. Тешко да најдат некој друг на кој покрај тоа што е исламист, добро ќе му стои и Версаче одело.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
Сосема е јасно дека западот стои зад арапската пролет и падот на секуларните општества во истите. Не ми е јасно дали мислат дека полесно ќе ги контролираат така, или бараат причина групно да ги рокнат еден ден... како и да е, многу народ страда од ова зло, најголемо на денешницава. Наместо да се исчисти, се помага и зајакнува.
Можеби целта воопшто не им е да ги контролираат новоинсталираните радикални исламистички режими во државите опфатени од таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократија.

И Адолф Хитлер и нацистите дошле на власт во Германија на демократски начин, а денес е општо познат фактот дека меѓу нивните финансиери се наоѓале и британски и француски бизнисмени и бизнис групи, па дури и американскиот сенатор Прескот Буш, татко на 41-от претседател на САД - Џорџ Херберт Вокер Буш, познат како Џорџ Буш Постариот, и дедо на 43-от претседател на САД - Џорџ Вокер Буш, познат како Џорџ Буш помладиот, бил предводник на американска бизнис група која ги финансирала Хитлер и нацистите.

Дури и откако Нацистичка Германија им објавила војна на САД во декември 1941, сепак американски компании продолжувале тајно да соработуваат со Хитлер и нацистите. Така на пример, IBM ги правеле автоматите за водење на евиденција за редовност во нацистичките логори на смртта за Евреите и за останатите затвореници кои биле принудувани да работат во фабриките кои се наоѓале во близина на логорите.

Сигурно и Прескот Буш и повеќето британски и француски финансиери на Хитлер и на нацистите, биле свесни дека нема да можат да ги контролираат Хитлер и нацистите до бескрај, туку дека прашање на време ќе биде додека ситуацијата излезе од контрола и целата нацистичка структура се распадне како кула од карти, или предизвика нов вооружен конфликт во Европа, кој би можел да прерасне во глобален вооружен конфликт.

Империите или се прошируваат или се распаѓаат, а секоја светска велесила својата моќ ја демонстрира со потчинување на народите кои живеат надвор од нејзините граници, од 2 причини - да оствари политичка надмоќ, што во реалност е помалата причина, и да оствари што е можно поголем профит, што во реалност е поголемата причина.

Од Втората Светска Војна па наваму, САД и западот опстојуваат исклучиво од војувањето. Оружјето, војната и смртта се најголемите производи кои САД и западот масовно ги извезуваат во светски рамки, од наједноставна причина - бидејќи војната е како црна дупка која ги вшмукува сите луѓе, а пред се невработените, кои или ќе почнат да работат за воената индустрија која секоја година акумулира милијарди, ако не и трилиони американски долари од производството на оружје и муниција, или ќе гинат на бојното поле.

И се разбира, без разлика дали војната ќе резултира со победа или со пораз за САД и за западот, сепак САД и западот повторно ќе остварат профит, бидејќи бомбардирањето со осиромашен ураниум врз Југославија, а подоцна и врз Ирак, остава долготрајни последици кои мораат да се санираат, исто како што и џунглите во Виетнам мораат да се обноват, па така САД, кои ги уништуваа истите тие џунгли за време на виетнамската војна, сега учествуваат во нивното обновување, со разликата што наводно нивното обновување не го плаќа Виетнам, туку го плаќаат САД кои од политички гледна точка изгубија во виетнамската војна, но затоа од економски гледна точка и тоа како само профитираа од виетнамската војна.

Некој ќе мора да ги храни, лекува и облекува луѓето кои ќе се најдат под привремена или под долготрајна окупација од страна на САД и западот, и се разбира, тој некој ќе профитира од таквата ситуација.

Не би било никакво изненадување ако за 10 или 15 години од сега или подоцна, се случи војна во која агресорот ќе бидат истите радикални исламистички режими кои САД и западот денес ги потпомагаат и ги финансираат, бидејќи токму САД и западот имаат најголема економска корист од тоа да создаваат нови лажни пријатели, кои со текот на времето ќе се претворат во непријатели на САД и на западот, и се разбира, на таканаречениот слободен свет, кои ќе мораат да бидат поразени за доброто на слободниот свет, или како што денешните американски и западни политичари милуваат да кажуваат - за поголемо добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom