Што значи да се истакнеш? Со што на пример ти си се истакнал за да станеш масон? Дали сите масони на светот се истакнале некако за да станат масони?
Може да елаборираш малку?
Се зачитав во дискусијава и чесно е да се признае дека и двајцата имавте добри поенти.
Според мене, Ѕидарски намерно е шкрт во објаснувањата, можеби е тоа само себичност, но мислам дека пред се’ се работи за одредено очекување дека секој треба самиот да се потруди да го дознае одговорот на тоа што го бара.
Тоа само го потврдува моето мислење дека ’коучингот’ на потенцијалните кандидати (во голема мера) е непозната практика во масонските друштва.
Тоа е голема штета, која си ја нанесуваат самите себеси.
Доколку јас бев на негово место, би те прашал како ти го замислуваш истакнувањето? На кој начин еден човек би требало да биде забележан и што таквиот човек би требало да прави, како да се однесува?
Што би можела да претставува таа изодена “екстра милја“ за ти да речеш дека некој е благородна личност, дека срцето му е на право место?
И секако за да дадеш објективен одговор треба да заборавиш на македонската реалност. Јас исто како и ти сум доста скептичен за македонските ложи, пред се’ знаејќи ја нашата болна потреба да бидеме дел од “кремот“, да се издвојуваме од обичните смртници и да изгледаме битно во очите на другите. Претпоставувам, иако тоа не е добра основа за носење заклучоци, дека добар дел од македонските видни “масони“ имаат потреба да ја маскираат својата малодушност и иако немаат појма што треба да прават во тие друштво, самиот статус дека се дел од нешто “кул“ им годи на егото.
Да бидеме и реални, многу е лесно од позиција на Трифун Костовски да бидеш “забележан“, бидејќи од најмалата работа која ќе ја даруваш ќе направиш помпезност, ќе ги поканиш сите богати и видни пријатели, ќе поканиш нормално и гладни новинари на вечера кои ќе му пренесат на обичниот народ, каков тоа добротвор од човек е Трифун.
Затоа и оправдани се сомнежите дека високо ситуираните господа можат многу лесно да ја купат - симулираат својата исклучителност.
Од друга страна, правењето добри дела, волонтирањето и помагањето на оние на кои тоа им е многу потребно, не треба да те заинтересира откако си дознал дека тоа може да е вратата до друштвото на масоните. Тоа е дволичност иста како кај Трифуновата врста луѓе.
Но, токму тие активности се земаат во предвид. Јас на пр. би го препорачал Ротари клубот од Охрид како почеток - волонтерски.
Сите останати индивидуални предиспозиции како успешен академски човек или бизнисмен, уметник, музичар и сл. претставува дополните вредност која е посакувана кај секој масон. Се разбира таквиот успешен човек е најдобар репрезент на нивното друштво и секако неговото влијание и лидерски способности се веќе силно оформени. Обично тоа се креатори на јавно мислење, инспиратори на други луѓе или за поголеми цели, луѓе кои се спремни да изодат дополнителна милја без да очекуваат материјален надомест.
Плус, сметам дека неодговарање на крајно учтив мејл, со барање за информации околу приемот е чин на ароганција и домашно невоспитување.
Во врска со ова, имаш нереално високи очекувања, земајќи во предвид дека потекнуваш од истата културна средина како и “администраторот“ на нивниот инбокс
Кај нас и особено кај “големите“ луѓе ваквите работи не се завршуваат преку имејл апликација, кај нас сеуште доминира зборот, препораката и кафе муабетот.
За мене претставува голем исчекор фактот дека луѓево успеале да отворат Фејсбук пејџ на нивната ложа.
Затоа, ајде да бидеме реални.
--- надополнето: 28 декември 2013 во 02:36 ---
Никој неможе да се роди како масон, нормално дека првин е човек, па дури потоа научник, писател, масон и слично. Јас само го нагласив фактот дека клучните потези со кои се поставени темелите на денешната западна цивилизација се во голем дел на луѓе кои биле членови во некој иницијациски Ред.
А што се однесува до злоупотребата и манипулациите, нормално дека биле и дека ќе бидат присутни секаде, не само во овие организации, но тоа што е битно е дека постојат механизми со кои таквите инциденти неможат да му наштетат на самиот Ред и на неговата суштина.
Се разбира дека групирањето на сите тие силни индивидуи и искористувањето на нивните способности во заеднички цели има далеку посилна движечка моќ.