Историчари на форумов

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
Има ли историчари на Кајгана форумот? Или некои кои студираат историја? Или кои планираат да студираат и да се занимаваат со историја?
Гледам многу активно се дискутира на овој подфорум, а не видов ваква тема, па не знам колкумина од вас се историчари.
 
Не има повеќе навивачи на Ливерпул, а за нас викаат дека сме предодредени за да станеме историчари, еве @RickyLFC9 нека се пофали како му оди факултетот. :D
 
Јас сум wannabe историчар т.е го студирам истото, само нејќам да се замарам на темите кои се преокупација на подфорумот, фокусот на други тематики ми е, оние понеконтроверзните :)
 
Јас се представувам како историчар - аматер или како љубител на историјата.
Хајнрих Шлиман бил трговец и тоа не му пречело да ја откопа Троја.
Незнам зошто инсистираш да бидеме професионални историчари?
 
Имаше една документарна емисија, во потрага по Тројанската војна...

Овој Шлиман не само што не ја откопал Троја него направил непоправлива штета уништувајќи многу градби кои што ги нашол во горните слоеви, па дури се предпоставува дека ја уништил и самата Троја мислејќи дека треба да копа подлабоко.
За ограбувањето и присвојувањето на се што мислеле дека е вредно од неговите копачи и да не зборуваме.
Буквално како денешниве диви копачи кои што ги уништуваат археолошките наоѓалишта...

Иако сум надвор од тема се надевам дека не е проблем.
 
Овој Шлиман не само што не ја откопал Троја него направил непоправлива штета уништувајќи многу градби кои што ги нашол во горните слоеви, па дури се предпоставува дека ја уништил и самата Троја мислејќи дека треба да копа подлабоко.
Во времето Шлиман ја барал Троја ( 1868 година ) толку биле знаењата.
Сега кога би се ископувал таков локалитет би се работело слој по слој и се би се документирало со фотографии
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ^X^
Во времето Шлиман ја барал Троја ( 1868 година ) толку биле знаењата.
Сега кога би се ископувал таков локалитет би се работело слој по слој и се би се документирало со фотографии

Сепак мислам дека да бил некој друг на кој што би му била поблиску археологијата пристапот би бил сосема поинаков.

Еве да поентирам и на темава земајќи го овој пример со Троја, денес историјата кај нас е во служба на политиката, со историја се занимаваат сомнителни историчари кои што дури и си земаат за право да ги омаловажуваат оние на кои што историјата им е професија. (На пр. случајот со Блаже Ристовски и неговата енциклопедија).
 
Точно. Поради таквото копање се знае местото, ама не се знае точното време. Дали е од шестиот слој или од осмиот слој.
 
Јас се представувам како историчар - аматер или како љубител на историјата.
Хајнрих Шлиман бил трговец и тоа не му пречело да ја откопа Троја.
Незнам зошто инсистираш да бидеме професионални историчари?
Многу проста причина друже. Историјата е наука која не може да ја изучува секој. Прав историчар е историчарот чие примарно занимање е историјата, не го прави од хоби, туку го изучува како професија. Не може никој да биде freelance историчар. Па добро, може во аматерски граници, исто како некој што не студира биохемија да биде биохемичар на пример. Али тој човек никогаш не би можел да си ја даде титулата "Историчар" бидејќи ја нема потребната база на изучување, може ете како тебе, аматер или љубител, али да брани теза, да дава аргументи и слично, тоа малце потешко.
 
Историјата е наука која не може да ја изучува секој.

Со оваа никако не се согласувам.
Не постои таква наука која е привилегија на само група „ одбрани “.
И да постои тоа воопшто нема да биде наука, туку некаква магијска тајна достапна на одреден група.
Тоа важи за било која наука
 
Затоа постојат уште 3-4 реченици од мислењето со кое се надополнувам на тоа што сакам да кажам.
 
Tие речници јас зајадливо ќе ги дополнам со уште една.
Nullus est liber tam malus, ut non aliqua parte prosit
 
Од гугл транслејт си го преведов ова.

Не, тешко е да се објасни стварно. Ако студираш историја ќе сфатиш што сакам да кажам, колку е грешно тоа што многу луѓе се прават "експерти" за антика и колку можат да сјебат некои работи само пошто глумат паметни. Али тоа не може да се објасни, може само да се спореди со постепено изучување.
 
Колку што знам во Скопје не постојат студии по Историја, туку само студии по Национална историја.
И јас немам посебно високо мислење за таквите студии.
Претпоставувам дека не тие е позната Термодинамиката.
Важна равенка во термодинамиката е Клаузиус - Клапеjроновата равенка која гласи:

e0cc5b5d3ee60caa6d9c0a5d6748f46f.png

http://en.wikipedia.org/wiki/Clapeyron's_equation
Не гледам причина зошто некој кој не студирал термодинамика не би смеел или можел да дискутира за оваа равенка и нејзиното значење
 
Tие речници јас зајадливо ќе ги дополнам со уште една.
Nullus est liber tam malus, ut non aliqua parte prosit

Секогаш ќе има разлика помеѓу историчар и љубител на историјата.
Историчарот има можност пред се правилно да се насочува учејќи од историчари доктори на науки (кои цел живот го посветуваат на таа наука, истражување, трудови итн.). Да учи од врвна литература, да истражува, да добива насоки како да се гради и надградува во науката и да биде оценуван за тоа.
--- надополнето: 27 декември 2013 во 21:10 ---
Колку што знам во Скопје не постојат студии по Историја, туку само студии по Национална историја.
И јас немам посебно високо мислење за таквите студии.
Претпоставувам дека не тие е позната Термодинамиката.
Важна равенка во термодинамиката е Клаузиус - Клапеjроновата равенка која гласи:

e0cc5b5d3ee60caa6d9c0a5d6748f46f.png

http://en.wikipedia.org/wiki/Clapeyron's_equation
Не гледам причина зошто некој кој не студирал термодинамика не би смеел или можел да дискутира за оваа равенка и нејзиното значење

Не се учи само национална историја.
И небитно е ти дали ќе имаш високо мислење за тоа.

И дали ќе кажеш што си по професија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom