Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Не се согласувам. Доколку имаш воспоставено добар правен, политички и економски систем и држава каде сите се ГРАЃАНИ, а не етникуми, тогаш етничкиот диверзитет дури може и да го унапредува економскиот развој на државата. Тоа што кај нас е каша-попара, тоа е друг муабет, пошто ниту имаме конкретен правен, ниту економски систем.
Така би требало да биде на хартија. Но праксата покажува дека секоја мултиетничка држава има одредени економски потешкотии, кои се производ на разликите помеѓу различните етникуми. Во јазот помеѓу народностите секогаш се губи по некоја пара.
Не сме само ние. Земи ја Босна на пример. Повеќето не ја ни сметаат за држава.
Шпанија го дели врвот со Грција по сиромаштија во ЕУ, а вистинска симбиоза на Шпанците како еден народ никогаш не се ни случила. ЕТА до неодамна беше активна, Каталонија одамна размислува за независност...
Слично е со Италија, каде има сепаратистички движења во северот.
Во секогаш розевите Германија, Шведска, Холандија, пак, малцинствата се поврзани со криминалот, па тука се губи огромна пара на црна и сива економија.
Мислам дека ова што ни се случува нам не е исклучок туку логична последица. Тоа си е моето скромно мислење.
Создадени се по моделот на Британија. Закони, систем, економија се е сеуште во голема мера контолирано од екс британци. Споредба може да се направи, јас сум живеел и во Лондон и во Австралија и ти кажувам горе доле исто е. Различно е само НАДВОР од Лондон каде што не е толку мултикултурно.
Остај што викаат политичарите они ќе кажат што сака да слушне гласачкото тело во тој момент.
Да, во право си, политчкиот модел им е Велика Британија. Но по состав на население не можат да се споредат со европските земји, иако најголем процент од нив се по потекло Европејци.
Населението во поранешните колонии е доселено во последните 200-300 години. Населението во Европа е доселено во последните 20.000-30.000 години и тоа си носи поголем културен товар. Затоа мултикултурализмот во Европа и Америка нема исто значење.