Велика Британија до 2030 година ќе стане најмоќна европска економија?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Велика Британија до 2030 година ќе ги надмине Франција и Германија и ќе стане најголемата економија во Европа, покажало истражувањето на британската истражувачка група Центар за економски истражувања (ЦЕБР).

velika-britanija-do-2030-godina-kje-stane-najmokjna-evropska-ekonomija-165070.jpg

Според резултатите од истражувањето, БДП-ти на Велика Британија до 2018 ќе ги надмине оние на Франција и Германија.

„Проценките се дека Германија до 2030 година ќе ја изгуби позицијата на најголема западноевропска економија во корист на Британија, поради забрзаниот раст на британската популација и малата зависност на Велика Британија од другите европски економии," стои во извештајот, пренесува AFP.

Доколку ја напушти Европската унија, Велика Британија би забележала брз раст, потенцирал директорот на ЦЕРБ, Даглас Меквилијамс, наведувајќи дека на краток рок последиците од ова би биле негативни, но на долг рок позитивни.
Извор: Кајгана

Интересен муабет, но што мислите за ова?
Мислите ли дека има реални шанси ова да се оствари?
Зошто да, зошто не?
Моментално Германија доминира, дали мислите дека Британија би можела да ја преземе доминацијата?
 
Претеруваат и англичаниве со нивниот педерчлук и препичавање. Демек ако ја напуштеле ЕУ најдобра економија ќе станеле(ок не дека е тешко со оглед на тоа колку пред банкрот земји има таму а некој друг им ги плаќа долговите)и имаат висок стандард на живеење тоа никој не го оспорува ама она што ме нервира е што се пренемагаат ептен,кога им одговара се европјани кога не им одговара си се островјани.
Обично сакам се што е од таму,делува квалитетно и софистицирано ама пак од друга страна некогаш ти доаѓа да им ја плеснеш вистината во лице дека се препотентни педерчиња со коњски заби.
 
Доколку ја напушти Европската унија, Велика Британија би забележала брз раст, потенцирал директорот на ЦЕРБ, Даглас Меквилијамс, наведувајќи дека на краток рок последиците од ова би биле негативни, но на долг рок позитивни.
Извор: Кајгана

Интересен муабет, но што мислите за ова?
Мислите ли дека има реални шанси ова да се оствари?
Зошто да, зошто не?
Моментално Германија доминира, дали мислите дека Британија би можела да ја преземе доминацијата?

Контрадикторно е ова тврдење кога останатите ЦИЕ земји ја сметаат ЕУ како можност за забрзан раст. :)

Сепак, со излегување на ВБ од ЕУ ќе престенат да важат моменталните договорни услови, што би им дало повод да ги ре-негоцираат сите економски соработки и да добијат поповолни услови и заработка.

Од друга страна, не би морала да одделува пари во заедничкиот ЕУ фонд и тие пари би можела да ги искористи за себе. Исто така би се избегнале сите ЕУ регулативи кои се ограничувачки во одредени случаи.

Најверојатно има многу уште причини според кои тие си пресметале дека ќе им се исплати.

Германија и Франција доминираат не поради нивната економска супериорност, туку пред се врз основа на регулативите кои пред се’ им се приспособени така да они имаат најголема поволност.
 
Моментално Германија доминира, дали мислите дека Британија би можела да ја преземе доминацијата?
Не.
Германија во суштина е моторот на Европа, гига-економија што глумеше брза помош за време на рецесијата. И пак остана во добра форма.
Тврдењево главно произлегува од претпоставката дека во периодот од 2020-2050 Германија ќе "изгуби" 15-20 милиони жители, а популацијата во ВБ ќе се зголеми за исто толку... (емигранти + матично население) :rolleyes:
Лично, i dont't buy it.
ВБ не е во монетарната унија, знае умешно да се дистанцира од покрупните случувања со негативни ефекти.... Но сепак, тоа не значи дека ќе доживее економско-индустриски подем со кој ке се искачи на тронот.
бтв, многу работи ке се менат ако Америка и Европа го склучат договорот за слободна трговија.
 
Не.
Германија во суштина е моторот на Европа, гига-економија што глумеше брза помош за време на рецесијата. И пак остана во добра форма.

Лично, i dont't buy it.
.

Како бе да не остане кога сите кредити кои ги одобрија се од нивните банки? :)

Грците должеа на германски банки, а германската влада реши да ги задолжи уште повеќе и затоа Грците се бесни на нив. Германија најмногу профитираше од кризата.
 
Мое мислење е дека нема шанси.
ЕУ е и финансиска заедница во која членките добиваат речиси неограничени позајмици од централната банка. А со тие позајмици се финансираат
В. Британија е сега извозник на храна, што не била од средината на 18 век. Тоа се должи на огромните субвенции
 
Британците и сега си се најјаки. Само видите кој колку заработува на истата позиција во ГЕР или ВБ. Зајакнување на контактите со поранешните колонии, инвестирање во сопствената држава наместо во ЕУ е најдобро за нив. ЕУ кад тад ќе пукне а они тоа го знаат. Ова што го прават е најдобро за нив, да се има субтилна контола а да си одвоен.
 
На Велика Британија ќе и` се појават други проблеми кои веројатно ќе го спречат остварувањето на ова предвидување.

Како главна причина за предвидениот раст тука е наведено зголемувањето на населението. Но овој раст (ќе) се должи пред се` на доселеници, или пак на прво или второ поколение деца од доселеници.

Британија има веќе 13% (2011) проценти „не-белци“. Притоа, луѓето со потекло од арапскиот свет и блискиот и средниот исток, освен од Пакистан и Индија, се водат како белци, а да не зборувам за нашите од источна Европа.

Мислам дека барем нам ни е јасно колку етничкиот диверзитет го кочи економскиот развој на една држава.
 
Грешка си. Види ја Австралија или Америка. Мултикултурата е добра работа. Лошо е како кај нас кога има 2-3 групи од кој едни се нецивилизирани шарпланинци
 
до 2030 година Англија ќе биде земја со силно исламско влијание. Скоро се случи колење на англиски војник среде бел ден пред очи на граѓани, се обидоа и да му ја сечат главата, во делови на лондон се исклучиво исламски квартови каде постојат исламски патроли кои не дозволуваат работи во спротивност со нивна религија - алкохол на пример. Се градат џамии се населуваат масовно муслимани, се појавија доста екстремни групи.... До 2050 место крал ќе имаат емир или шеик.....
 
Грешка си. Види ја Австралија или Америка. Мултикултурата е добра работа. Лошо е како кај нас кога има 2-3 групи од кој едни се нецивилизирани шарпланинци

Австралија и Америка се пост-колонијални држави создадени по друг модел и баш и не може да се направи вистинска споредба со Британија. Во САД сите се Американци, не постои американски етникум и секој може да се вклопи во американското општество.

Патем, самиот Камерун пред една година изјави дека мултукултурализмот во Британија покажал неочекувано лоши резултати.
 
Мислам дека барем нам ни е јасно колку етничкиот диверзитет го кочи економскиот развој на една држава.

Не се согласувам. Доколку имаш воспоставено добар правен, политички и економски систем и држава каде сите се ГРАЃАНИ, а не етникуми, тогаш етничкиот диверзитет дури може и да го унапредува економскиот развој на државата. Тоа што кај нас е каша-попара, тоа е друг муабет, пошто ниту имаме конкретен правен, ниту економски систем.
 
Австралија и Америка се пост-колонијални држави создадени по друг модел и баш и не може да се направи вистинска споредба со Британија. Во САД сите се Американци, не постои американски етникум и секој може да се вклопи во американското општество.

Патем, самиот Камерун пред една година изјави дека мултукултурализмот во Британија покажал неочекувано лоши резултати.

Создадени се по моделот на Британија. Закони, систем, економија се е сеуште во голема мера контолирано од екс британци. Споредба може да се направи, јас сум живеел и во Лондон и во Австралија и ти кажувам горе доле исто е. Различно е само НАДВОР од Лондон каде што не е толку мултикултурно.

Остај што викаат политичарите они ќе кажат што сака да слушне гласачкото тело во тој момент.
 
Британија има сосема различни економски партнери, за разлика од континентална Европа. Ако се земе во предвид растот на азиските земји, фактот дека нивните бизнисмени се чувствуваат најсигурно парите да ги носат во Британија и тоа дека Британија е најголем извозник на услуги во тој правец, ништо чудно прогнозата да биде точна.

Цената што ќе ја платат ќе биде увоз на 10-тина милиони Индијци и останати азијци. Тоа колку успешно и брзо ќе успеваат да ги интегрираат, ќе им биде најголемиот предизвик што им следува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom