Дали верувате во тројство?

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
.

Сите најубави Филмови, филозофии, книги и религии заедно - во споредба - се мачји кашаљ и само бледа сенка,
од доживеаната Совршена Вистина!


.

Спирос,
Тоа е твое убедување(веруваш во тоа,ок...немам проблем).
Проблемот е како? Како стигна до таа вистина ?
Како ти се убеди во таа вистина,што те убеди?
Ете,Лет(можеби малку груб) но поставува доста издржани тврдења.Вистината е таа.
Конфронтирај го со издржани факти(историски,верски).
Исус бил човек(ништо повеќе ништо помалку).
Така го представува библијата(честото негово обаќање и молење на бога,на многу места изразување на немоќ и слично),историски факти(од кога почна тројството) и слично.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Спирос,
Тоа е твое убедување...
.

Вие (и слични) сте убедени дека тоа е така, но со живот ви гарантирам - ако е Волја БОЖЈА - кога лично ќе Го доживеете, сигурно повеќе нема да пишувате, нити повеќе да верувате вака, како што правите сега!


п.с. Се’ што направи Отелотворението на Мудроста БОЖЈА (Исус), го направи од љубов, за наша поука и спасение, а не од сопствена (егоистична) потреба или слабост!

.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
.

Вие (и слични) сте убедени дека тоа е така, но со живот ви гарантирам - ако е Волја БОЖЈА - кога лично ќе Го доживеете , сигурно повеќе нема да пишувате, нити повеќе да верувате вака како што правите сега!


п.с. Се’ што направи Отелотворението на Мудроста БОЖЈА (Исус), го направи од љубов, за наша поука и спасение, а не од сопствена (егоистична) потреба!

.

Јас дури и да го доживеам нема да го наречам бог.
Ако себеси се нарече бог и бара од мене да верувам во такво нешто,тек тогаш ќе сватам дека е лажго.
Бидејќи ниеден божји пратеник не се нарекол себеси бог,туку вие му ги давате тие епитети.
Тоа што вие го правите е богохулије од највисок ранг.
Бог е бог,човек е човек.
Спиро,како ќе го препознаеш ти христ од антихрист?
По што?
Да предпоставиме дека антихристот ќе има одредена моќ,како ти ќе знаеш дека тој е антихристот?
Како ќе знаеш дека не е дело на “лукавиот“ ?
По што ќе го препознаеш Христ а по што Антихристот?
Многу ме интересира ова прашање.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Јас дури и да го доживеам нема да го наречам бог.
...
.

Кога вистински - Иншалах - ќе Го доживееш, јас ти гарантирам дека ти повеќе нема да имаш проблем да Го наречеш Вечен, пред сите векови, Ангели и творби (нестворен) Првороден и Уникатен (Единороден) Син БОЖЈИ, Кој што е во Совршено и неодделиво Единство со БОГА (Отецот)!

Тоа доживување е ама (по правило) невозможно, без вера од детско срце.
Вера која радо се поклонува пред Него на БОГА (Отецот) во Него!

Внимавај, лукавиот шејтан (и неговите несвестни следбеници) се’ ќе стори да те спречи, само за да не го сториш тоа!


Живиот БОГ нека те благослови и нека те просветли со Вистинската Светлина Негова!

Амин


.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Погрешниот превод на еден цитат на кој е базирано „тројството“



Во некои изданија во првото Јованово Послание (5:7-8) :
” (7) (Зошто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото,Словото и Светиот Дух; и Овие Три сеедно). (8) И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и
крвта, и овие три се согласни”.

Христијанските проучувачи велат дека оваа мисла првенствено
гласела вака:
“Оние кои сведочат се тројца: Дух ,вода и крв, и овие три се едно”.
Ова е текст на изданието од 1865. год. и во него ги нема зборовите во заградата.
А во изданието од 1825/1826.год. стои вака:
“Тројца се кои сведочат: Дух, вода и крв; и овие се соединуваат во едно”.

Двата текста се слични па така оние што веруваат во тројството во основниот текст ги додале следните зборови: (Таткото, Словото и Светиот Дух, овие Три се едно, а и на Земјата сведочат)”.

Меѓутоа оваа реченица денес е темел на нивното учење за тројството и покрај тоа што се знае дека е дополнително внесена во основниот текст, за што потврдиле и многу христијански истражувачи, изјавувајки дека треба да се отфрли од Книгата. Во тоа се истакнале: Крисбах, Шулц , Хорн, Адам Кларк и собирачите на Скотовите коментари.
А што се однесува на Екштајн, најпознатиот научник на среден век, а кој и денес е” авторитет” кај следбениците на тројството, тој водел дијалог со странката Ирин која го отфрла учењето за тројството. Напишал десет писма во кои го коментира Јовановото Послание, а ниту еднаш не ја навел спомнатата реченица, ниту пак ја зел како доказ против негирачите на тројството, туку неубедливо се обидел да ја поткрепи идејата за тројството така што по сеќавање прокоментирал дека под зборовите “вода” се мисли на Таткото, “крв” на Синот, а “Дух” на Светиот Дух , и тоа е негов најголем расчекор и испад. А да била оваа реченица во тоа време составен дел на Посланието,тој ќе ја навел како доказ во своите писма полемизирајки со негирачите на тројството. Меѓутоа заговорниците на тројството, по смртта на Екштајн, го искористиле тој негов чуден коментар и врз основа на тоа, ја измислиле оваа, за нивно кривоверство корисна потпора. Потоа ја внесоа во основниот текст во првото Јованово Послание.

Во познатиот дијалог кој се водел во Индија (1854 г.н.е) помеѓу Еш-Шејх Рахметуллах Ел-Киран и свештениците Др. Фондер и Ференч признале дека оваа реченица е вметната. Исто така признале и други седум измени.

Анализирајки ја оваа реченица, Хорн за истата напишал
12 страници. Собирачите на Скотовите Коментари таа анализа ја донеле во скратена верзија наведувајки ги следните докази за лажноста на овие зборови:

1. Тие не постојат ниту во едно грчко издание напишано пред 16-ти век.
2. Не постојат ниту во печатените примероци кои се научно обработени и со студија приготвени во прво време.
3. Ги нема ниту во повеќето стари латински изданија ниту во старите преводи на други јазици, сем латинскиот.
4. Ниту еден од предходниците и црквените историчари не се базирал на овие речници.
5. Повеќето првенци на протестантската секта и реформатори на нивната вера ги отфрлиле овие реченици од текстот, а само мал дел од нив ја обележале со знак на сомневање.

Наведените докази јасно укажуваат дека христијаснките Книги намерно некој ги преправил и искривил, кога во тоа видел сопствена корист и триумф на своите верувања.
Вратата за корегирање на Книгите била ширум отворена пред појавата на печатницата, но чудно е тоа што таа не се заклучила со нејзиното пронаоѓање, па така искривувањето продолжило и понатаму. Основачот на протестантизмот и неговиот прв водач Лутер1го превел Светото Писмо на германски јазик за да им биде од корист на неговите следбеници.

Тој превод е отпечатен повеќе пати за време на неговиот живот. Во тие изданија ги нема предходно спомнатите додадени реченици. Последното издание, додека бил жив, излезе во 1546 .год., а во предговорот на тоа печатено издание Лутер1порачал никој да не го менува неговиот превод. Меѓутоа по обичај на следбениците на книги, а особено христијанските, многу брзо се заборавила и прекршила неговата порака.

И не протекле ниту триесет години од смртта на нивниот водач, а граѓаните на Франкфурт во Германија во 1574 .год. повторно го печатат неговиот превод и во него ја додале оваа лажна реченица. По тоа, во наредните изданија тие ја извадиле оваа реченица плашејки се за сопствениот углед и авторитет.

Во 1596 и 1599 година тие повторно го печатат Лутеровиот превод на Светото Писмо во Витенберг и повторно ја допишуваат оваа реченица, а во 1596.год. во тоа ги следеле и жителите на Хамбург. Книгоиздавачите во Витенберг се плашеле од различните изданија на една иста Книга па затоа таа реченица од новото издание повторно ја исфрлиле.
Лутеровите следбеници не биле задоволни со оваа неодлучност па затоа завзеле единствен став: реченицата треба да се внесе во сите наредни изданија и со тоа одново ја прекршиле пораката на својот лидер.

Па како, да се очекува, да се осудат еден мал број препишувачи кои, пред да се измисли печатницата, самоволно ги преправале изданијата на Книгите кога истото го прават и оние, по нив во мноштво голем број печатници?!

Исто така, и познатот филозоф и природонаучник Исак Њутн1, во писмо од 50 страници, тврди дека оваа речница, а и некои други, се измислени и лажни.
Таа реченица, во изданијата од 1865. и 1983. г., е ставена меѓу две полумесечински загради. Нејзиниот текст гласел:
“Зошто оние кои сведочат ( на небото се тројца: Таткото,Словото, и Светиот Дух и овие три сеедно, а и оние кои сведочат на Земјата) се тројца: Дух,Вода и Крв; и овие три се едно”

Издавачите и лекторите на тие две изданија на првата страница напишале: “Зборовите и речениците што не постојат во старите, најверодостојни изданија се ставени во заграда”.
Меѓутоа, истата реченица повторно не е спомната во латинската верзија на Новиот завет кој во 1982. г. го издала католичката печатница “Дарул Машрик” во Бејрут, како што не е спомната ниту во изданието на “Слободна печатница” во Бејрут 1983.г. под ревизија на Џан Авн.

_______________________________________________________
1) Мартин Лутер Саксонец: (1483-1546), основувач и водач на протестантското движење кое се борело против нередот во католичката црква.Тој му се спротиставил на тогашниот папа Лион прикачувајки на вратата на црквата 95 текстови како доказ против папата. Од начелата во кои му се спротивставил е и продажбата на индулегенцијата (простувална за гревови) и забраната за читање евангелија, поради што папата во 1521 г. го ислучил од црквата. Во 1525.г. се оженил со калугерката Катерина Фон, а во 1537.г. со помош на некои министри го проширил своето учење.

= Меѓу протестантите придобил свои приврзаници кои се нарекуваа лутеристи. За неговите следбениси ја превел библијата на германски јазик. Стариот завет го превел од хебрејски издаден 1494.г. Тој превод е печатен два пати. Второто издание било печатено непосредно пред неговата смрт во 1546. г. На неговите следбеници им оставил аманет да не го менуваат неговиот превод, што овие не го исполниле(по 30 години), во 1574 го искривиле во новото издание.

1) Исак Њутн: (1643-1727) англиски научник, еден од најпознатите научници во неговото време од областа на математиката, природните науки и астрономијата, професор на универзитетот во Кембрич од 1669-1701.г. Открил неколку закони во областа на светлината, движењето на телата и гравитацијата. Постоењето на вселената го сметал за доказ на постоењето на Создателот.

2) Овие реченици во Библијата издадена во 1944.г. ги нема. но затоа не постои ниту нејзиниот реден број (37), туку по бројот 36, доаѓа 38,и со тоа како да сака да се каже дека тука нешто недостасува.

Од книгата„Триумф на Вистината“
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Божјата природа не е сведена само на еден цитат, туку на низа показатели, постари од Христијанството, кои ни укажуваат на троичната природа на Бог.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Божјата природа не е сведена само на еден цитат, туку на низа показатели, постари од Христијанството, кои ни укажуваат на троичната природа на Бог.

Тие постари показатели од Христијанството се сметаат за политеистички религии од кои навистина доста копирале фалсификаторите на Библијата кога е во прашање Исусовата Божественост и Троичноста на Бога.

Но, она најбитното кое вие упорно го прескокнувате е тоа што Исус никогаш и никаде не спомнал никакво Тројство.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Тие постари показатели од Христијанството се сметаат за политеистички религии од кои навистина доста копирале фалсификаторите на Библијата кога е во прашање Исусовата Божественост и Троичноста на Бога.

Но, она најбитното кое вие упорно го прескокнувате е тоа што Исус никогаш и никаде не спомнал никакво Тројство.
Абе вие секако можете да што сакате да сметате. Всушност, кога ќе размислам, само тоа и го правите.
Сепак, илјада и една религија, философија, мистика, многу постари од вашиот модел од осумнаесети век, тоа го покажуваат. Дали е тоа случајно, објективниот набљудувач ќе заклучи.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Абе вие секако можете да што сакате да сметате. Всушност, кога ќе размислам, само тоа и го правите.
Сепак, илјада и една религија, философија, мистика, многу постари од вашиот модел од осумнаесети век, тоа го покажуваат. Дали е тоа случајно, објективниот набљудувач ќе заклучи.

Не е до нас. Отсекогаш на христијанското високосвештенство му било јасно дека идејата за Светото Тројство е измислена ( читај позајмена) работа која што дополнително е вметната и во Библијата и во христијанската теологија. Настрана објективните истражувачи , археолози и остали....
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Тоа е тоа ...
Несвесните следбеници, заедно со нивниот водач и господар (лажниот “бог“ = шејтанот), постојано се обидуваат да Го негираат Единствениот Вистински, Совршен и Тросветол БОГ, одсекогаш одбивајќи да Му се поклонат *Нему, на Неговото *Свето Слово и Неговиот *Светол Дух!

Тоа беше така во времето кога требаа да се поклонат на првиот човек (кој покасно се огреши), а уште повеќе е тоа така сега, кога треба да се поклонат на Инкарнацијата на Словото БОЖЈЕ во Исуса Христа, во Кого нема грев, нити грешка, туку лично е Единствениот Вистински, Совршен и Тросветол БОГ!

1 *Светол БОГ
1 *Свето БОЖЈО Слово
1 *Светол БОЖЈИ Дух

п.с. Напразно и за сопствена штета на СОВРШЕНИОТ му се противат следбениците на нечистиот рух, терајќи ги прелажаните да се клањаат кон камен и кон задниците на курано/кураишите, а одтргнувајќи ги од спасението кое е Мудроста (Милоста) БОЖЈА чиста, отелотворена во Исуса Христа!

.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Божјата природа неможе да се објасни со шпекулативни мислењ и, извадоци од разни книги. Таа може само да се доживее, со силна вера во Единосуштната Пресвета и Неразделна Троица
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Божјата природа неможе да се објасни со шпекулативни мислењ и, извадоци од разни книги. Таа може само да се доживее, со силна вера во Единосуштната Пресвета и Неразделна Троица

Добро, тогаш кажи ми на кој начин му го појаснуваш Тројството на твојот син/ ќерка?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Добро, тогаш кажи ми на кој начин му го појаснуваш Тројството на твојот син/ ќерка?
Како може да појаснуваш свое сопствено верување на некој друг? Значи верување е! Не е знаење, не е аргумент....
Дали си свесен дека тоа е индоктринација - перење мозок! На дете да му кажуваш во што да верува, да го оптеретуваш со пеколи, рајови, казни, награди.....(n)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Добро, тогаш кажи ми на кој начин му го појаснуваш Тројството на твојот син/ ќерка?

Детето одсекогаш Ја има Тајната во срцето, за Која прекрасно сведочи сонцето.

Со дечјо срце верувај и ти на Единствениот Вистински и Совршен БОГ, а Тој засигурно ќе ти покаже колку едноставна е Неговата Тросветост!



п.с.Сите вистински пратеници и чеда БОЖЈИ верувале, веруваат и ќе веруваат во Него, Едниот, Единствениот, Совршен а Тросветол *БОГ, пред чие Свето *Слово и Светол *Дух секој Ангел, секој човек, ... ќе се поклони!

1 Светол *БОГ
1 Светло *БОЖЈЕ Слово
1 Светол *БОЖЈИ Дух

... за џабе му се противи лажниот и нечист рух!


.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Добро, тогаш кажи ми на кој начин му го појаснуваш Тројството на твојот син/ ќерка?
Како може да појаснуваш свое сопствено верување на некој друг? Значи верување е! Не е знаење, не е аргумент....
Дали си свесен дека тоа е индоктринација - перење мозок! На дете да му кажуваш во што да верува, да го оптеретуваш со пеколи, рајови, казни, награди.....(n)

Odgovor...
Nevidliviot Bog (0), chija Volja (1) pravi da se rodi Inteligjencijata (2),chii zbir(Volja + Inteligencija) pravi da se manifestira Dushata (3).
Od Dushata rastat razlicni prirodi, koi za vozvrat generiraat slozeni tela.
Dushata doagja pred prirodata i blagodarenie na nea prirodata moze da bide osoznaena.
Inteligjenzijata doagja pred Dushata, i samo blagodarejki na nea moze da se osoznae.
Na kraj, iInteligencijata ne moze da napravi nishto drugo nego samo da te odvede do superiornoto, do Bog,koj opfakja Se i cija Sushtina e nezabelezliva.
- Dervish Mua
 

Kajgana Shop

На врв Bottom