Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.406
- Поени од реакции
- 5.971
На 25 декември, среда, во 20 часот издавачката куќа Табернакул за сите литературни сладокусци приредува настан кој не треба да се пропушти. Во Скопје доаѓаат нобеловецот Орхан Памук и рускиот великан Виктор Ерофеев.
Во новиот објект на Македонскиот народен театар, на кејот на Вардар, двајцата писатели ќе ја примат наградата „Табернакул“ која издавачот ја доделува по втор пат. Памук и Ерофеев добиваат златник и скулптура направена од уметникот Горан Стаменков, изгравирани со нивното име, парична награда од 5000 евра.
На доделувањето на наградата беседа за Памук ќе одржи Ферид Мухиќ, по што Орхан Памук ќе се обрати на публиката, а потоа Венко Андоновски ќе одржи беседа за Ерофеев, по што тој ќе се обрати на публиката. Ќе бидат претставени насловите издадени по повод доделувањето на наградата: романите Акимудија и Руска убавица од Ерофеев, како и романот „Немиот дом“ и книгата есеи „Наивниот и сентименталниот“ романописец од Памук.
Влезот на настанот ќе биде слободен.
Знам дека има форумџии што ќе бидат присутни. Очекувам импресии од настанот.