Орхан Памук и Виктор Ерофеев доаѓаат во Скопје!

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
На 25 декември, среда, во 20 часот издавачката куќа Табернакул за сите литературни сладокусци приредува настан кој не треба да се пропушти. Во Скопје доаѓаат нобеловецот Орхан Памук и рускиот великан Виктор Ерофеев.

mkd-95868.jpg

Во новиот објект на Македонскиот народен театар, на кејот на Вардар, двајцата писатели ќе ја примат наградата „Табернакул“ која издавачот ја доделува по втор пат. Памук и Ерофеев добиваат златник и скулптура направена од уметникот Горан Стаменков, изгравирани со нивното име, парична награда од 5000 евра.

На доделувањето на наградата беседа за Памук ќе одржи Ферид Мухиќ, по што Орхан Памук ќе се обрати на публиката, а потоа Венко Андоновски ќе одржи беседа за Ерофеев, по што тој ќе се обрати на публиката. Ќе бидат претставени насловите издадени по повод доделувањето на наградата: романите Акимудија и Руска убавица од Ерофеев, како и романот „Немиот дом“ и книгата есеи „Наивниот и сентименталниот“ романописец од Памук.

Влезот на настанот ќе биде слободен.

Знам дека има форумџии што ќе бидат присутни. Очекувам импресии од настанот. :)
 
Настан што вреди да се посети....само ме буни локацијата
Во новиот објект на Македонскиот народен театар

...ова е тој новиот театар во барок стил зад Коцекабана или или она што сите го знаеме како МНТ
 
Настан што вреди да се посети....само ме буни локацијата
Во новиот објект на Македонскиот народен театар

...ова е тој новиот театар во барок стил зад Коцекабана или или она што сите го знаеме како МНТ

Новиот објект сигурно е тој што го отворија пред некое време, барокниот.

Еве и линк од фб event-от.
 
Фала на инфо. Но убаво би било кога би постирала и во темата Заеднички излегувања.....можеби ќе има повеќе заинтересирани за овој убав настан

Тоа вие договарајте се, јас ја отворив темава чисто информативно и бидејќи не сум во можност да отидам се надевам дека некој ќе напише импресии отпосле.
 
Леле сакам и јас да одам.:vozbud: Ако се собирате кајганџии планирајте ме и мене. :)
 
Присуствував. Беше преубаво. Ги зедов сите книги од штандчето. Дојдов, видов, победив :) . Обраќањата на Ферид Мухиќ и Венко Андоновски заедно со оние на Памук и Ерофеев течеа брзо и за саат ипол беше готово. Ќе се воздржам од прераскажување на целиот настан, само неизоставен е делот кога новинар сакаше да постави прашање на Орхан Памук, не му беше дозволено, тој го постави прашањето, имаше малце довикувања и краткотрајна тензија пред самиот крај. Можеше да се остане на коктел, присутни беа луѓе од фелата, се’ на се’ прекрасна вечер.
 
My brain hurts... Сериозно, колку што шаше може да направи глупост, толку одговорните за ред не можат. Штом знаат дека има таков дебил во публика, зошто едноставно го пуштаат да влезе? Се` може да се избегне, но некако му ја мислам дека работите не се такви какви што изгледаат.
Бев, навистина добра презентација, и двајцата имаат свој пристап кон пишаниот збор, посебно ми се допадна и презентацијата на Венко, не толку свечено, на едноставен и близок за народот стил гои презентираше животот и делата на Виктор Ефореев, додека Мухиќ помпезно и на моменти можда нетолку блиско го објавуваше Памук. Настрана сето тоа, и двајцата како дисиденти и вечни бунтовници против системот со својот пишан збор ме натераа да навлезам уште подлабоко во нивниот имагинарен свет. Или ко што вика Памук - своето внатрешно „јас“ е оноа што ме измотивира да читам нешто повеќе за него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom