Ska Maniac
Бараба
- Член од
- 2 октомври 2013
- Мислења
- 10.556
- Поени од реакции
- 26.282
The Battle of Grunwald - 15 july 1410
Teutonic order vs Poland and Lithuania
https://www.youtube.com/watch?v=49x0sx1RBdY
The Battle of Grunwald - 15 july 1410
Освен втората фотка што личат на Кинези по оклопите сите други се Јапонци.Друже кинези или јапонци се овие...пиши како бугарчево за малце појасно да ни биде
Ок сите не сме стручњаци за азиски култури...Освен втората фотка што личат на Кинези по оклопите сите други се Јапонци.
Не бе, на место ти е коментарот.Самураите биле професионални војници слично како Спартанците, единствена задача по цел ден да тренираат и да одат во војна. Јапонската сабја е веројатно најфеноменалното ладно оружје на сите времиња доведена до совршенство и при изработка а уште повеќе при ракување.
Тоа што Братот спомна за крајот на Римјаните, сите империи умираат заради декаденција и слаба централна власт проследена со нагло и прекумерно ширење па таа „болест“ ја уништила старата Македонија исто како што го уништила и Рим.
Македонската фаланга била непобедива се додека била штитена на крилата со коњица и оној момент кога диадохите (наследниците - генерали) почнале да ја занемаруваат таа тактита и ја смалиле дисциплината оставајќи ја пешадијата небранета од крило римските легии почнале да победуваат а истото ги снашло и Римјаните подоцна, паднала дисциплината, се повеќе регрути слабо бучени оделе во војска, станала општа декаденција во царството и Рим е здробен од варварските народи.
Инаку за Јапонците, тоа се без сомнение еден од неколку најмилитаристички народи на светот и да беа во Европа ќе беше многу „интересно“. Навистина не би ги сакал за противници . Монголите на два пати пробуваат да ги освојат ама не успеваат иако имаат многу поголема војска (и времето им помогнало на Јапонците а и тоа што се остров) но Кина и Кореа секогаш губеле од Јапонија во копнени битки.
Штета што ги загубија самураите но неколку големи личности барем спасија дел од борбените вештини па денес светот преку нив дознава и за јапонската култура.
Не ни е баш по темава ама мислев може некого ќе го интересира .
Во литература не се спомнува дека Американците ги принудиле Јапонците за укинување на самураите туку нивната улога е посредна, чим веќе морало да се прекине изолацијата (под американска принуда) императорот сметал дека е подобро да има модерна армија во западен стил со регрутација од целото население (плус и да не се бунат некои идни самураи против него) така да ги укинува и им забранува да носат катана во јавност со што голем дел самураи стануваат офицери во новоформираната модерна јапонска војска а дел се прилагодуваат и завземаат цивилни позиции во општеството како елитна класа со култура и писменост (нешто слично како Белогардејците само што вториве беа иселени од Русија) .Доколку не сум грешка, Јапонија поради трговскиот интерес со САД под нивна принуда го воведува законот за забрана на оружје и ги укинува Самураите како професија.
царе ако погледнеш убаво има самурај во средината и доле лево има јапонски војници и знамиња јапонски има а точно е дека има и кинези претпоставувам дека се работи за јапанско-кинеска војна :3Освен втората фотка што личат на Кинези по оклопите сите други се Јапонци.