Можеби не сме ги читале истите книги, но не бегам од дискусија, напротив слободно префрли се во форумот Историја да продолжиме со дебатава.
Сепак на погорново би додал, дека најголема причина за руската поткрепа на бугарско-српските интереси (во почетокот) е повторно нивната задоцнета заинтересираност за Македонија и недоволна информираност.
Дури откако руските конзули во Македонија, на терен почнале да ја разграничуваат вистината од лагите на Бугарите и Србите, така систематски растеше руската недоверба кон нив и дури тогаш почнаа независно да ги потиснуваат пропагандите кои им беа сервирани.
Многубројни руски учени автори се искажале за посебноста на Македонците и придонеле во полза на нашата кауза.
На темава презентирав некои примери:
Руски автори за посебноста на Mакедонскиот народ
Задоцнетиот, но правичен интерес за Македонија се случил во периодот меѓу 19 и 20от век.
Доколку си во можност набави ја следнава книга:
Руски документи за Македонија и Македонското прашање 1859-1918 година - издание на Архивот на Македонија
Сигурен сум дека забележавте зголемување на руската присутност на Балканот преку отварање на изданијата на Руска Реч на локалните јазици, меѓу нив и на македонски:
http://ruskarec.mk/
Како и претходно, Русите почнуваат бавно но сигурно да сигнализираат заинтересираност, иако сеуште не можат да и конкурираат на западната медиумска пропаганда, ова сепак е обид за намалување на таа предност.