Фан Клуб: Пелистер

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
831
Поени од реакции
991
95 % си сигурен?!Бравоо,убо е да има надеж кај тебе и кај многумина.Изборите нормално е дека ги доби заради тие мега проекти на кој вие му вервавте,и не само него туку и на било кој од политичките партии.Таков капитален проект неможи ниедна општина во Мак да изгради.На митингот бев и гледав,имаше 3Д направено за стадионот и само иронично се потсмевав за таков проект дека ќе реализираат..Па тие не се способни една улица да напрат а не нешто друго.Нашето право добро е шо си го бараме,само немој да мислиш дека ние сме НАРОД ЗА МАСОВНИ СОБИРИ...Баш напротив ете тврдиш дека ќе има 1000 души утре-другиден ако има некаков си протест...Ај кажими дали тие шо ќе протестират ќе бидат овие :
http://www.youtube.com/watch?v=iiWXUgfhQk0 деца кои веруваат во се и сешто или пак овие:
http://www.youtube.com/watch?v=kKmzXw8GYqc деца кои киснеле по утакмици и трибини и навивале за Пелистер,и одеднаш политиката им го зела паметот од млади години и се одлучиле за "црвената" или " сината" партија...Овие се само ситни риби,но огромни штетници,да не сакаш дел од овие да излезат први на протестот?o_O Ај ако имаш некој аргумент поќе ,корегирај ме ако грешам ;)
п.с.За се шо кажа погоре се согласувам со тебе,само шо то е тешко изводливо во нашето мизерно општество...
Па сигурно дека нема овие да излезат на протести то јасно е ... но Битола само од нив постои ? Само тие го "сакаат" спортот во Битола ? Каде е фудбалот 6 години, каде е кошарката 8-9 години, каде е ракометот 10 години... Никаков успех немаат ни еден од претходно наброените во последните 10 години, полошо сигурно не било НИКОГАШ... но ќе се сложам со тебе дека да ние сме таков народ, народ кој дозволуваме ТВ да ни ги пери мозоците... сигурен сум дека сега ДВОЈЧЕ повторно ќе го посети стадиониот (дај господ да му падни нешто на гла да го подтчукни така малце) и од таму заедно со едно 30 души во позадина да ветува повторно стадион со 12.000 столчиња по завршувањето на сезоната хмм... Иначе сигурен сум дека да се организира протест дека ќе има излезеност зошто како никогаш до сега се прави најголем притисок за спортот (y)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Вие сте ненормални бе..како можите да очекувате нешто да се направи зарем не научивте досега дека Двојче и цела багра таму од власта лажат корнат и вешто го контролираат народот односно овците кај нас...Па двојче ништо нема направено човече цели ебани 9 години и пак победва убедливо на сите избори и после зошто се вреѓате кога некој од Скопје или од другите градови ќе спомни лошо за Битола или Битолчани?.

.епа сами сме криви ете пак на следните избори гласајте го и верувајте му на глупостите кои ги ветува....и хипотетички да погледните што ако се напрај трибина?..или пак се дотера стадионот кога Пелистер како клуб не знај кај тера?..треба сите до еден онде во општината сосе овие лигушите од УМС кој три чисти немаат и оние ороспиите што седат до Двојче за "нишај врата, земај плата" да се избркаат на клоци..па онаа советничката со витканите коси одговорна за спорт ја заборајв како се викаше, кога ќе излези на телевизија да јади лајна како тоа се секираат и се грижат за спортот во Битола ми се повраќа.....
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
И шо ако излезат 500 луѓе на протест,и 50 000 да излезат џабе е....ќе повикат и сиктер дома...
Стадион не се прај со зборој,стадион се прај со вложени МИЛИОНИ (евра)....
Овие индијанците наши една припрема за подлога и дренажа за ќумурното од ебани 10(десет)илјади евра ја прат со месеци.....
И то со ценкање,оти прво сакаја со поевтино да поминат,демек скапо му било 10 илјади евра
Ќе изгубевме донација од 150 илјади евра(за вештачката трева)зошто сите си спијат....арно му текна на некој од главните фаци во владејачката ОО,и сврти некој телефон,па излегоја на прес со багерите да се сликат,иначе ни та тревата немаше да ја имаме,ќе ја наместеа на друго место,малку фалеше....
САКАМЕ СТАДИОН СЕГА...кој ќе ви напрај стадион бе?пари треба за ова,и то тешки пари,не е ова асфалтирање на некое уличе и клавање филџан на кружен тек(демек да личи)...
Кажал Двојче,односно Троче(чунки трет мандат му е)на некоја скопска телевизија,односно го повторил мајтапот од изборите дека ќе праел стадион..:pos:
Па то му е работа него,се спремат за избори...
Не е крив Тројче,туку луѓето шо верват во се шо ќе се кажи....
Мислете бе луѓе малце,шо инвестиција има во градот во овие години?
Една улица ја прат по една година,и та ќе биди ко шо не треба....
Какви клучни проблеми не се решени сега сите си врзаја в крпче дека глумецот обеќал стадион и ајде сега ќе прајме кампања(на ФБ)....ОСТВАРИ ГО ВЕТЕНОТО ТРОЈЧЕЕЕ....:drk:
1 милион евра обеќа за спортот...кај се?виде некој нешто?:гик:
Дадоја нецели 200 000 и то на рати за сите екипи....
Ги боли нив за лајкојте на страните,за то шо сите му карат,ги има многу такви,сите карат по Вмро а на крај победват со уште поголеми разлики на изборите....:) тие си терат по свое,му е гајле дека некој сакал стадион или спорт...
Ние го неаме она најбитното,услови неаме...соблекувални,клубски простории,играчите немат кај да се измочат,да се искапат,онај бољеро шо го имат е потенцијално оружје за масовно убиство...:facepalm: ...
Овде треба да се интервенира,да се остат само тие малите трибинчиња(ете овде нека клат некое столче),и да се напрај на средина една куќа,зграда,било шо....овде треба да се бара милум силум да средат нешто....
Да ја средат та колибата шо личи на клубска зграда,да не се резилиме,греој сме,не е голема инвестиција овде,можи да се напрај...барем да имат услови ко луѓе да играат оние шо се најважни,ИГРАЧИТЕ....и управата да има кај да работи...
Не да држиме прес конференции во кафичи:tapp:
Кај се видело бе,резили?клуб да држи прес на маса в кафич,па пичка му матер....на чамче муабет...
Излегва Миљачо по стреч мајче и кажва....:facepalm:се знај кај се држат прес конференции на сериозни екипи....
Не можи вака појќе..
И да дојди некој спонзор џабе е,ко не му нудиш никакви услови за да влези?
Ете било кој од нас да е спонзор,и сака да вложи во Пелистер....
И ете одиш кај Тројче и му викаш,сакам да го земам Пелистер...за возврат шо ти дават?НИШТО...
Еден ебан денар не е вложено во клубот,ништо....ни во инфраструктура ни во младинска школа,ништо....и вистинско чудо како се додржа клубот сите овие сезони,уште поголемо чудо е шо изигравме една ваква блескава полусезона,пред се благодарение на играчите и на Монголо кој вака така скрпи салам екипа....
И сега за клубот одлучва X ФАКТОР кој со прст не мрдна за клубот,и излегва два пати годишно,еднаш со Вардар и еднаш на некој прес ко ќе организира некој банкет по некоја рандом победа во Скопје....
Кој е Тројче и нивната тајфа да одлучват за Пелистер?
Голема грешка беше шо се дозволи 100% сопственост на градот врз клубот,со ова се гледа колку сите тие бизнисмени,навивачи кои одат за сликање ко ќе победваме мислат за Пелистер....
И сега шо ни е ситуацијата?
Имаме чоек шо бркаше работа со играчи,се мачеше да напрај екипа,молеше колеше кај Бугарите да пуштат некој играл,и чоек шо абер нема од спорт и вториот треба да одлучва за Пелистер....:pos:
Шо ќе му дајш на спонзорот?(ако навистина има таков)ете на градот е 100% клубот...
И да влези спонзор ако не се дефинират работите џабе е...се ќе биди некоја тешка превара,да се лапни некој тендер....
Пред се КОЈ ИМА ОБВРСКА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАДИОНОТ И ДА ГО ОСОВРЕМЕНИ....Вака не можи....
Или ќе напрајш услови(за шо си законски должен)како власт во градот,или дај го под концесија стадионот на некоја фирма и тие нека си ја чукат глата...
Вака не можи појќе...доста е лажење,доста е ветувања...понеделник ќе биди со спонзорот,само кој понеделник?:pipi:
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Лапнаја благодарници сите :D

Шапката се умори од одење до микрофон :icon_mrgr:
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
Декси до кај е работата?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.158
Поени од реакции
7.855
Ponudata e stavena na masa razgledana i prvicno prifatena se dogovaraat sitnici i klauzuli ...Se pregovara na visoko nivo i se ceka amin od Skopje i opstina Bitola so znaci poveke nisto ne zavisi od upravata ili sponzorot 99% ke bidi rabotata ama koga samo tie znaat ima vetuvanje deka ke bidi pred pocetokto na pripremite 15 Januari ama jas mislam deka ek odlozvaat za da dobijat ponei na izborite vonderni i precedatelski koi se vo Mart ...Sepak kako i da ke vidime so ke bidi i kaj nas sekogas za bilo sto se ceka i pravi vo posleden moment

p.s.najverojatno isto vremeno ke bide objaveno i za rabotata na stadionot a mozno e i finasiska konstrukcija da pokrijat ama sega za sega ova se spekulacii i muabeti pa vremeto ke pokazi sto ke bidi ...Nase ostanva da se nadevame deka ek bidi rabotata za brzo
 

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
Мора да се реши побрзо целата работа ....сељаците ојдоја на продажба нешто крцкат ... а двојче чекал од скопје амин...тешко него..Во право си Горан и јас мислем ке удолговечат поради изборите ....но дали пелистерка монголот и останатите ке имаат трпение???? Јас се на надевам дека еднаш ке победи рзумот за подобар спорт во битола наместо политичките интереси на партија и поединци..
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.158
Поени од реакции
7.855
Мора да се реши побрзо целата работа ....сељаците ојдоја на продажба нешто крцкат ... а двојче чекал од скопје амин...тешко него..Во право си Горан и јас мислем ке удолговечат поради изборите ....но дали пелистерка монголот и останатите ке имаат трпение???? Јас се на надевам дека еднаш ке победи рзумот за подобар спорт во битола наместо политичките интереси на партија и поединци..
Да зависи од тебе од мене или од управата гоце и спонзорот до сега ќе беше работата арно ама сите знаеме како функционираат работите кај нас без амин од скопје ништо не бива прво трба тие да одобрат па нашиот да закажи сликање предвање и прес па после да видиме што ќе потпишат и да се радуваме ...Малку му го ебавме филмот односно пелистерка ги заеба оти тие мислеја некој скопски клуб ќе земи арно ама овие решија тука да вложат и да го земат нашиот Пелистер пред тие да се договорат со русите за "брендот" а тој филм во оваа ебана држава нема да го гледаме ние да бидиме во нешто пред скопјаништата па така дури и сега ќе ќекаме милост да му ареса договорот па да му го дадат клубот па после да чекаме уште милост да дадат финасии за проектот за стадионот кој акко намерно да го одложија за март и се оди на тоа за избори да се добијат поени па ако поминат добро резултатски да дадат пари меѓу двата круга за стадион ...Шо значи се е статус кво и закочено и партијата ни ја решава судбината во скопје кој знае по кој пат и сега нас ништо не ни преостанва освен да си го бараме нашето а дали ќе го добиеме ќе покажи времето ..Крај краева ние сме чекале и мачеле години децении уназад ќе се стрпиме уште месец дена или два три ама ако се среди после рает ќе бидиме за односно би требало да бидиме за век и векова иако оваа трансформација е меч со две оштрици и се надевам дека во договорот ќе имаа пробен период некоја година за целосно да се предаде-продаде клубот

пс.за тренер играчи засилувања пуштања од клубот ќе се решава кога ќе се предаде клубот на спонзорот односно газдата на клубот а до тогаш останва боче и постоечкиот играчки кадар ...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Не е само да кажат ете најдовме спонзор,треба да се излези со план за работа за долг период...ако не го обелоденат ова детално џабе е се,мачкање очи.....
Да не биди како во ракометот,ама ајде,таму е друго,таму со малку пари можиш да напрајш нешто,фудбалот е друга работа...овде треба далеку појќе пари....
Тие клаузули шо ги спремаат треба да бидат за:загарантирано вложување на спонзорите во една сезона,грижа за младински школи,шо и како им следува од евентуален профит(продажба на играчи,шиткање карти(тешко ова)...ете наредна сезона најверојатно Арена Спорт ќе го купи пакетот за преносите,па ќе се лапни сигурно дел од тв права....нема да биди ко досега...
Треба да се напрај еден маркетинг,да се напрај фан шоп,да се среди малце то поле,големи пари лежат овде,ама на кој да му текни.....:tapp:
Се да биди јасно,чисто,да имаме иднина,не да му текни утре да заминат па да останиме со прстот в уста(како и секогаш)....
Не можи вака,утре ако се смени власта и шо ќе прајме?пак ќе бркаме нови фирми(блиски до власта)
Значи,тие клаузули ако се прекршат да следува казна,за предвремено раскинување на договор и Пелистер да добие оштета....
Обврска на општината,значи тие ако под претпоставка задржат 49%,покрај таа помош шо следва со секој годишен општински буџет,ќе мора да се погрижат за стадионот,се знај дека за да се напрај нешто ќе мора да барат дозвола од Скопје,без пари од Владата не можи да се напрај ништо..освен да се напрај едно реновирање на клубското колибче....
Ќе треба малце да земат сила и да побарат од централата нешто,не да ќутат....Ставревски од трибината во Домот разбра дека нешто било ветено во Битола,Тројче кутриот со глата надолу....детска приказна,ко учениче некое шо се плаши да кажи нешто пред учителката....:D
Не знам(уствари знам):cenzura: шо е толку шо чекат од Скопје?,иако е јасно,дека фирмите шо се заинтересирани се блиски до владата....
Ова не чини,шо се зависи од ПАРТИЈАТА...
Лошо е ова ептен,се е купи ден помини....клубот се користи како играчка за добивање поени,за манипулирање со доста големо изборно гласачко тело,и тешко дека ќе ја фрлат туку така оваа играчка шо им носи толку гласој....барем засега нема шанси да ја фрлат,не само пред овие избори,клубот ќе остани под партиска капа уште долго време,нешто шо не е на арно....(барем на долг рок)
Ама поарно вака отколку како досега...
Само мора да се знај шо побрзо,до Нова Година,таман да има време да се спремат припремите,да се земат играчи,да се знај на шо сме...
Колку појќе се чека толку потешко ќе биди....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom