Кое е според вас најубавото македонско вино?

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Александрија. Достојна за името што го носи :smir:
 
Моето домашно.
 
Темјаника special selection од бели вина, а Вранец и Мерло од црни
 
Т'га за југ...
 
Александрија и Тга за Југ.
 
Александрија:smir:
 
каберне совињон закон дефинитивно
 
Во секоја винарија кријат по некој бисер.Барем за ова имаме традиција и знаење, а последниве години работат поозбилно сите винарии.
Посебно овие поновиве и уште неискомерцијализирани се освежување.Веројатно уште се доминантни размислувањата како порано кога работеле за свој мерак.
Далвина од Струмица белите Астраион Жупљанка и Р‘кацители.Дизајнот на шишето не е просек, а не се уфилмани со цените како Стоби и Тиквеш :)
484.jpg
491.jpg

штипски Имако (дури и социјалките не им се киселина како на другиве фирми + први со производство на десертни вина), дизајнот на шишето е плус, цената пристапна.Вранец Маџестик и Мускат (y)
Majestic-Vranec-075l_large.png
Muscat-075l-Discover_large.png

Штета за Повардарие и Тиквеш, секој со свој тип лопована, едните со минимални цени за квалитетни вина, другите со подуени и на незаслужени продукти.
Од првите Плавац Мали (или хрватскиот Вранец) е страшна работа, ефтино и опасно :sneaky: Станушина од Попова Кула исто.
 
За мене:Барикот на Стоби-Шардоне кој има освоено златен медал на Шардоне ду Монд,Барово на Тиквеш,Марков Манастир на Сковин,Кувеата на Тиквеш и Стоби,Бургундецот Сив на Камник-едно од најдобрите бели вина и мн други :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom