Потребна виза за транзит - САД

  • Креатор на темата Креатор на темата akto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 септември 2013
Мислења
194
Поени од реакции
54
Возраст
45
Наското треба да одам за Канада.
Имам избор за лет преку инстанбул до торонто и преку лондон - чикаго - торонто

Втората опција ми е поефтина. Ме интересира дали ќе ми треба виза за САД.
Нема да влегувам во САД, треба на терминал да сменам авион, има некој саат за чекање.
Ќе ми треба транзит виза?
 
Не ти треба бидејќи си во меѓународна зона
 
едно прашање,дали ти е познато(синоќа се инаетевме на работа по ова)
Дали во времето на Титова Југославија визи за Грчка требаше само за Македонците.
Еден вели дека за Срби,Словенци и.т.н. не требало тогаш визи - влегувале без визи.
 
Не ти треба бидејќи си во меѓународна зона

Значи не треба ништо да аплицирам во амбасада?
Истото се однесува и ако одам преку лондон?
Само ако идам до лутон со wizzair тогаш ќе ми треба виза за UK, бидејќи ќе треба од лутон до хитров-лондон така?
 
Се’ дури си во меѓународната зона на терминалот не ти треба виза. Исто ко да ме прашаш дали ти треба виза за во фришопот на Гевгелија да одиш.
Ако сакаш да го напуштиш терминалот, се разбира дека ќе ти треба. Тоа подразбира и промена на аеродромот.
Тебе по се’ изгледа не ти е гледан The Terminal со Том Хенкс :D
 
Не бе ... гледан ми е :)
прво на тоа ми текна :) и затоа си викам ај да прашам да не има некој проблем да окапам на терминал.
Башка сноуден така седеше на шереметево :)
Ама ова америве да не имаат некоја друга процедура од 9/11 навака ;)
 
Дефинитивно ти треба, но не виза туку ESTA, транзит дозвола. Се аплицира преку интернет, така да нема потреба да се гужваш по амбасади. Aко не се лажам САД е едниствената земја за која ти треба транзит дозвола, ти земаат отпецатоци, ти ги скенираат зениците, слика, и скен на цело тело. За разлика од другите аеродроми, и покај тоа што си само на транзит мораш да го подигнеш куферот, да поминеш на царина, па пак го вракаш куферот.
Овој август исто летав до Канада преку Чикаго, од искуство ти кажувам. :)
 
Наското треба да одам за Канада.
Имам избор за лет преку инстанбул до торонто и преку лондон - чикаго - торонто

Втората опција ми е поефтина. Ме интересира дали ќе ми треба виза за САД.
Нема да влегувам во САД, треба на терминал да сменам авион, има некој саат за чекање.
Ќе ми треба транзит виза?
Немој да одиш преку Скопје, најскапо е. Оди преку Софија или Солун. Мои роднини имаат одено Солун-Атина-ЊуЈорк-Торонто и не им требало ништо дополнително во Њу Јорк, ниту да плаќаат, ниту да се тормозат.
 
Дефинитивно ти треба, но не виза туку ESTA, транзит дозвола. Се аплицира преку интернет, така да нема потреба да се гужваш по амбасади. Aко не се лажам САД е едниствената земја за која ти треба транзит дозвола, ти земаат отпецатоци, ти ги скенираат зениците, слика, и скен на цело тело. За разлика од другите аеродроми, и покај тоа што си само на транзит мораш да го подигнеш куферот, да поминеш на царина, па пак го вракаш куферот.
Овој август исто летав до Канада преку Чикаго, од искуство ти кажувам. :)

А отпечатоците кај ти ги земаат?
Кај нас во амабасада или таму кога ке стигнеш?
Да не е нешто многу комплицирано?
--- надополнето: 17 декември 2013 во 08:49 ---
Немој да одиш преку Скопје, најскапо е. Оди преку Софија или Солун. Мои роднини имаат одено Солун-Атина-ЊуЈорк-Торонто и не им требало ништо дополнително во Њу Јорк, ниту да плаќаат, ниту да се тормозат.

Гледав за софија поефтино е околу 120 евра, работата е не знам како се релациите со бас до софија, па од автобуска до аеродром да не ме репнат нешто ептен, бугарска работа, па цело малтретирање да ми дојде за 50 евра поефтино.
Истото важи за грчака, треба да барам превоз до солун, па од таму до аеродром + со куфери, ако немаш со кола некој директно да те однесе...

Или ако имате некоја идеја како да изведам слободно пишете.
 
А отпечатоците кај ти ги земаат?
Кај нас во амабасада или таму кога ке стигнеш?
Да не е нешто многу комплицирано?
--- надополнето: 17 декември 2013 во 08:49 ---

Гледав за софија поефтино е околу 120 евра, работата е не знам како се релациите со бас до софија, па од автобуска до аеродром да не ме репнат нешто ептен, бугарска работа, па цело малтретирање да ми дојде за 50 евра поефтино.
Истото важи за грчака, треба да барам превоз до солун, па од таму до аеродром + со куфери, ако немаш со кола некој директно да те однесе...

Или ако имате некоја идеја како да изведам слободно пишете.

Автобуси од Скопје до Софија мислам дека се 3-4 на ден 1500 денари билетот. Од Автобуска до Аеродром е 10 евра max таксито, си земаш такси од тие кој што се на влезот на големата стаклена зграда/централна автобуска. Ако сакаш уште поефтино можиш да одиш со Метро и потоа Автобус до Аеродром ќе те кошта 3 евра :)
Значи 100 евра поефтино можи да ти излези, плус имаш повеќе избор за летови не ни мораш да одиш преку USA .
 
Велес-Софија со Транскоп Битола е 900 денари, така да и од Скопје да тргнеш не би требало да биде 1500 денари.
 
А отпечатоците кај ти ги земаат?
Кај нас во амабасада или таму кога ке стигнеш?
Да не е нешто многу комплицирано?

На аеродромот кога ќе пристигнеш. Нема потреба да одиш во амбасада, само поднеси барање преку интернет.
 
А се плаќа нешто за тоа?
--- надополнето: 18 декември 2013 во 08:13 ---
Гледав од белград има убедливо најефтини летови, ама нема секој ден туку еднаш неделно.
Фината е што идеш до ЛОТ - полски превозник, преку варшава.
700евра е некаде билетет, од скопје е 1050евра, од софија зависи од денот има и за 900 евра.
Како што стојат работите одам преку белград.
За автобус од ск - белград ке си фатам 2500-3000 ден, да не знае некој колку е такси до никола тесла аеродромот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom