За девојките: „Лошо момче“ - да или не?

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Кој муабет? Дека сите се говеда? Можеби имаш право. Требаше да кажам дека повеќето се говеда :)
Ко така сточарството е главна гранка во државава, сточари жените, говеда мажите (по некој брав чат пат) за месо има извоз, е сега шо прајме за млеко :)
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Баш би сакал и ценел Натурал да се изјасни околу овие работи, што она подразбира под овие поими(бедбој,алфа,фраерче):)

По правило сите момци кои се привлечни, пошо се ретки, стануваат дигнати. Едноставно им се пуштале девојки, или ако не тоа, барем увиделе дека со 2,3 насмевки имаат освоено девојки.

И тоа неосетно почнуваат да го користат на повеќе женски (истовремено) и да се фураат на други начини, што ги прави демек бедбој, алфа, фраер...

Немам доволно искуства со овие типови, повеќе ми поттикнуваат нагон да ги натепам, отколку било што друго.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
И пак на крај ќе го одбереш најголемото од сите говеда претпоставувам. :icon_lol:
Ти да си на мое место што би одбрал?
--- надополнето: 15 декември 2013 во 00:52 ---
Многу е битно да не спаѓаш во категорија "рогоња".:D
Како у онаа песната на Гиш:
У ирвас ти ме претвори... :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ти да си на мое место што би одбрал?
Фала богу не сум на твое место, да треба да бирам помеѓу говеда.....ама еве да сум хипотетички, ќе си барам додека не најдам некое чудо(човек што не е гоедо) :D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Фала богу не сум на твое место, да треба да бирам помеѓу говеда.....ама еве да сум хипотетички, ќе си барам додека не најдам некое чудо (човек што не е гоедо) :D
Нема такви. Убаво ви кажа Лангелина на почеток. Повеќе или помалку сите сте говеда! :P Ама ни пак ве сакаме и паѓаме на вас, шо да прајме, неодоливи сте ни. :X3:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Нема такви. Убаво ви кажа Лангелина на почеток. Повеќе или помалку сите сте говеда! :P Ама ни пак ве сакаме и паѓаме на вас, шо да прајме. :X3:
Аха! Вие сте биле криви за нашата говедска особина, за да паѓате на нас. :LOL:
Тоа за жал не прави воедно и наивни.....значи наивни говеда, мала исправка.
 
O

Orion.

Гостин
Ај да ти одговорам. Не мора да значи дека ова е дефиницијата, ова е само мое мислење. Извинете за оф топик.
Бад бој ти е дечко кој е еден од главните фраери во градот. Секој пат кога ќе го видиш има женска до него и секој пат е различна. Поседува харизма, шарм со кои може да и го растопе срцето на било која девојка. Знае како да заведе за да те заинтересира за него, ама знае и како да те откаче од кога ќе те издегустира. Репутацијата најчесто ја стекнал уште од раната младост, кога бил главно фраерче во одделение и сигурно бил првиот или меѓу првите од врсниците кои фатиле женска. Може да има добра кола, но и не мора. Секогаш е добро дотеран, со гелосано фризурче. Не жали пари за частење на девојки, оти тоа му е еден од начините со кои мисле дека шармира. Има историја на тепачки позади себе, по кои е познат. И физичката градба му е крупна(значи не мислам дека е некој батка како овие што се од обезбедување) и има тетоважа некаде на себе. Жените кои ги „фака“ му претставуваат само трофеи. Колку поголема бројка, толку е повеќе „фраер“. Само не знам во чии очи. Со една иста не бил повеќе од еден месец. Додека трае гледањето со некоја, тогаш ја прави кралица и е најдобар кон неа. Кога ќе му здосади, фино лепо, престанува да ја бара. Ама кога ќе се зацапа во некоја, е тогаш веќе станува лигуш, па ако оваа не му возврати, најчесто насилник...
И ова ќе го заборавев. Обично има некаква поврзаност со нешто што не е легално.
Средно си уште?

...Сите девојки ги привлекуваат нискоинтелигентни џаболебари и насилници, без животна цел и амбиции освен една, да легнат што е можно повеќе површни дрољици кои и онака секој просечен дечко со релативно малку труд може да ги има?

Сон на секоја тинејџерка која до вчера била детенце, а сега хормоните и скокнале до небо а паметот и останал ист, пошто нели, треба време да созрее :)

Не е ова bad boy бубамарке. Уствари и самиот термин bad boy е некомпатибилен со типот на момци на кои девојките не можат да им одолеат...
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Средно си уште?

...Сите девојки ги привлекуваат нискоинтелигентни џаболебари и насилници, без животна цел и амбиции освен една, да легнат што е можно повеќе површни дрољици кои и онака секој просечен дечко со релативно малку труд може да ги има?

Сон на секоја тинејџерка која до вчера била детенце, а сега хормоните и скокнале до небо а паметот и останал ист, пошто нели, треба време да созрее :)

Не е ова bad boy бубамарке. Уствари и самиот термин bad boy е некомпатибилен со типот на момци на кои девојките не можат да им одолеат...
Ваков комлимент одамна не сум добила. :love:
Не реков никаде дека јас се палам на вакви момци.
Aјде дефинирај бадбој тогаш според тебе.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ваков комлимент одамна не сум добила. :love:
Не реков никаде дека јас се палам на вакви момци.
Aјде дефинирај бадбој тогаш според тебе.
Не, нека ги дефинира неодоливите.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Ви ги читам постовите, и неможев да се воздржам, а да не искоментирам.

Сериозни сте со ова "Bad Boy" филмов ?
Мислите дека женските сеуште паѓаат на такви типци ?
"Гелосано фризурче" ?

Не постојат кај нас такви машки, ова што @blue ladybug го дефинираше, е се, само на "Bad Boy" не асоцира.

Тоа ти е нафурано типче во денешно време, коешто е "drop out" од Факултет, и едвај го завршил средното, а Тато и Мама имаат толку пари што тој незнае каде да ги потроши.
Ова нафурано типче, излегува само во Петок и Сабота, и по default секогаш има резервирано сепаре во било кој ноќен клуб низ градов и се однесува на толку примититивен начин, што дури и ако го споредиме со некое говедо, би било навреда ( за говедото ).
Ова нафурано типче има јака кола, нели што му ја купиле Тато и Мама, и мисли дека може да ја има секоја девојка, којашто ќе посака, и мисли дека со својот шарм, а е толку грд колку што е алармот што ми ја крева косата секое сабајле во 7 саат, може да ги менува девојките како чорапи.
Ова нафурано типче, нели по default секако на едно излегување троши по 100 евра, ако не и повеќе, бидејќи сака да биде фраер во очите на другите.
Ова нафурано типче, започнува тепачка којашто друг ја води за него, а он нели не смее да има ниту една гребнатинка на лицето, бидејќи е премногу нежен за тоа.

Ако ова е дефиниција за вашиот Бед Бој, тогаш драги мои Дами, вие имате голема грешка.

Да ви кажам што навистина е Бед Бој.

Тоа ти е машко коешто израснало со горчината на животот во своето грло, што секој ден се проколнувал себеси, како може да заврши на такво место, и правел се за да излезе од таа ситуација.
Тоа ти е машко коешто веќе во својот живот го имал допрено дното, и знае како е да стигнеш таму и да бидеш сосема осамен.
Знае како е да немаш другари и да нема кој да ти помогне во животот, и да не се плаши ако повторно остане сам.
Тоа ти е машко коешто се труди да успее во животот на свој начин и не бара помош од никого.
Машко коешто води битки за кои никој незнае.
Машко коешто знае колку вреди секоја личност во неговиот живот, и знае како е кога некој ќе го напушти, и ќе си замине без да каже збор.
Машко коешто ќе те сака, и ќе те воздигне до небо, како никој дотогаш, и ќе направи да се чувствуваш како единствената девојка на светот.
Машко коешто ќе се плаши да те изгуби, а и ако те изгуби, ќе направи се, за да те врати повторно во неговиот живот.

Е ова машко е "Bad Boy", ова првото опишано е "Колатерална Штета".
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.979

Колега, ова не е бед бој, ова ти е маж во секоја смисла на зборот.
Секоја чест за ваквите исклучоци. :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Ова е мислењето коешто започна цела дискусија, којашто заслужува своја тема:

Постојат девојки кои се палат на таканаречените бад бојс а оние добрите дечки им се здодевни,што не значи дека сите женски се од тој тип.

Kajgana Shop

На врв Bottom