Ви ги читам постовите, и неможев да се воздржам, а да не искоментирам.
Сериозни сте со ова "Bad Boy" филмов ?
Мислите дека женските сеуште паѓаат на такви типци ?
"Гелосано фризурче" ?
Не постојат кај нас такви машки, ова што @blue ladybug го дефинираше, е се, само на "Bad Boy" не асоцира.
Тоа ти е нафурано типче во денешно време, коешто е "drop out" од Факултет, и едвај го завршил средното, а Тато и Мама имаат толку пари што тој незнае каде да ги потроши.
Ова нафурано типче, излегува само во Петок и Сабота, и по default секогаш има резервирано сепаре во било кој ноќен клуб низ градов и се однесува на толку примититивен начин, што дури и ако го споредиме со некое говедо, би било навреда ( за говедото ).
Ова нафурано типче има јака кола, нели што му ја купиле Тато и Мама, и мисли дека може да ја има секоја девојка, којашто ќе посака, и мисли дека со својот шарм, а е толку грд колку што е алармот што ми ја крева косата секое сабајле во 7 саат, може да ги менува девојките како чорапи.
Ова нафурано типче, нели по default секако на едно излегување троши по 100 евра, ако не и повеќе, бидејќи сака да биде фраер во очите на другите.
Ова нафурано типче, започнува тепачка којашто друг ја води за него, а он нели не смее да има ниту една гребнатинка на лицето, бидејќи е премногу нежен за тоа.
Ако ова е дефиниција за вашиот Бед Бој, тогаш драги мои Дами, вие имате голема грешка.
Да ви кажам што навистина е Бед Бој.
Тоа ти е машко коешто израснало со горчината на животот во своето грло, што секој ден се проколнувал себеси, како може да заврши на такво место, и правел се за да излезе од таа ситуација.
Тоа ти е машко коешто веќе во својот живот го имал допрено дното, и знае како е да стигнеш таму и да бидеш сосема осамен.
Знае како е да немаш другари и да нема кој да ти помогне во животот, и да не се плаши ако повторно остане сам.
Тоа ти е машко коешто се труди да успее во животот на свој начин и не бара помош од никого.
Машко коешто води битки за кои никој незнае.
Машко коешто знае колку вреди секоја личност во неговиот живот, и знае како е кога некој ќе го напушти, и ќе си замине без да каже збор.
Машко коешто ќе те сака, и ќе те воздигне до небо, како никој дотогаш, и ќе направи да се чувствуваш како единствената девојка на светот.
Машко коешто ќе се плаши да те изгуби, а и ако те изгуби, ќе направи се, за да те врати повторно во неговиот живот.
Е ова машко е "Bad Boy", ова првото опишано е "Колатерална Штета".