Пред извесно време Доналтчо ме праша зошто го употребувам зборот Една наместо Апсолутна Вистина.
Која е разликата помеѓу Една и Апсолутна Вистина?
Ова да го објаснев кога мо праша Доналтчо, не верувам дека имаше некој што ќе разбере, ама сега гледам дека се појавија некои што најверојатно ќе ме разберат
Секоја религиозна школа тврди дека ја знае Апсолутната Вистина, дека само нејзината Вистина е Апсолутна. Меѓутоа, тоа не е точно. Од кој поглед го тврдам ова...
Секоја од религиозните школи гледа само дел од мозаикот, не го гледа како целина, него спектарот на школата е толкав да не може да даде целосен увид на мозаикот , тука само на дел од истиот. Не дека тој дел што го гледа не е и дел од Вистината, напротив, ја претставува Вистината, само што не ја претставува во целина. Дури кога ќе се соберат сите делови од мозаикот, кога ќе се спојат сите тие делови се доаѓа до целосната Вистина.
Јас таа Вистина ја нарекувам ЕДНА Вистина.
Ако погледнете во мојот потпис, постојат различни формули за Бог. Секоја од овие формули е точна, и ги задоволува скоро сите критериуми на сите постоечки религиозни школи во светот.