Закон за градење

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Зошто да не го третираме и него.
Мене ми е еден од најважните, ако не и најважниот закон при работењето. Работам во струкава од 2008 година и не можам убаво да го научам - главна причина - менување во годината едно 3-4 пати. Законов е еден од групата закони кои на власта и на поединци (миленици на истата) има дава отворен терен за мал милион малверзации кои секојдневно ги сретнувате по улица и може ви е чудно „како може тој објект да е толку голем на таа несоодветна локација?“, ама во голема мерка тие такви грдотии се легални. Тука доаѓаат и закон за легализација на бесправно изградени објекти, разноразни правилници за проектирање, урбанистичко планирање и сл. Во овој закон константно се манипулира со стандардите за висини, димензии на простори, паркинг места и сл. и на тоа не реагира никој, посебно не мртвата Комора на овластени инженери и архитекти која зема годишен арач од 80 евра членарина и додатни трошоци за овластувања и печати (електронскиот е најнов). Истата е полна пари и ќути ко Мона Лиза на сите малверзации во градењето во Македонија (пак ќе повторам - главно од власта).
Последниот бисер - измена и дополна од 31 мај оваа година - ќе ги аплоудирам 3 страни се - предвидува неразумни казни за не-внесување на пристапни рампи за лица со посебни потреби за сите правни и физички лица инволвирани во изработка на проектната документација - проектант, ревидент и нивните поединечни фирми. За еден ваков прекршок, државата може да земе максимална сума од 81 000 евра и да ги прати сите лица на „сликање“, на улица.
Секоја почит, би сакал лицата со инвалидитет да имаат апсолутен непречен пристап до својот стан, институција исл., но казни од овој тип, за вакво нешто се благо речено малоумни - посебно што сите тие проекти не може да поминат без корегирање од општинските референти и началници. Ова е само еден дел, потенцирам инаку целиот закон има претрпен еден тон небулозни измени и измени на измените и само бледа рефлексија на урбанистичкиот и градежниот хаос во целава држава. Тоа што нема реакција од струката и од правниците е феномен сам за себе.
 
Attachments

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.760
и што не ти е јасно, јавни и деловни објекти најкасно до септември 2015. она што во светот е нормално кај нас проектантите го рачунаат за ненормално , а ти да знаеш какви проектанти постојат проектите врска им немаат на пола јас лично би им ја одзел лиценцата и би вратил назад во градинка. Во западни земји , америка и слично проектатнот е кривично гонет заради пропусти во проектирање каде и при најмал пад на скали оштетениот може да го тужи проектантот заради лошо проектирање. А кога збориме за легализации, да не правиме муабет за она што треба да претставува елаборат за нумерички податоци, каде на граѓаните им се земаат пари за тоалетна хартија која врска нема со фактичка состојба на терен, 90% јас лично би ги казнил и затворил. Време е да се научат како да работат или да си платат и тоа дебело !!!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019

Ок , ај биди љубезен објасни ни како треба да се постави и реши проблемот со легализациите ?
А нумерички , што ако јас ставам состојба на терен кога по закон тоа е споредување , т.е. преклапање на катастарски план со извод од ДУП ( детален урбанистички план) . Мислиш на тој што ги прави му е кеф кога споредува нов дигитален кат.план со извод од дуп стар 100 години , кои еден со друг немаат благе везе?
 
Епа Рајан, не ми е јасно како ти ќе изградиш дивоградба од 5000 квадрати и државата ќе те части комуналии, а со сите проектантски фирми истата држава ќе гради ваква „електрична ограда“. Има лоши проектанти и лоши проектантски фирми - ене го, цел 2014 е испроектиран од такви малоумњаци, пливаат подруми во говна, лупаш со чело у греда и слични не-проектантски будалаштини, ама не се сите инженери тоа. Има луѓе што работат чесно и професионално. Не ги стаам геодетите во оваа банда, тие не се инженери - паторот ги благослови со законот за легализација и им ги напуни џебовите, иако ги сметам за посебна сорта неинтелигенти луѓе (од професионално искуство со нив). Цените за проектирање во архитектура се мизерни во оваа уште помизерна држава. Со кои пари мисли оној Миле дека ќе му ги плаќаат казните? Он ќе го прати Ставре и ќе се задолжат у мое име во ММФ и ќе си земат плата за клатење врата, а на луѓето што чесно гледаат да заработат само им го стеснуваат просторот - да им се нае**м у климата за бизнис...

И главната нејаснотија е следново - референтот, неговиот шеф и началникот ќе ти дадат дозвола за градење, а ти немаш пристапна рампа - ти го јадеш стапот со 20000 евра, а они си го ладат у кафана неказнети - ај тоа објасни го!
 
ајде, no comment .. дали ти воопшто знаеш зашто служи елаборат за нумерички ? катастарски план со извод од дуп? катастарски план и извод од дуп е сосема две различни работи ( извод од дуп е прв чекор за да може да се поднесе барање за градење за да се испочитува истиот при проектирање ГЛ РЛ висина на објект намена на зона во која се гради и слично ). знам дека не им е кеиф и дека вработува студенти да му штанцаат грешни елаборати кој после се враќаат по 500 пати на корекции зашто истите се неточни ... нив ги боли дундата зимаат пари за ветар и магла а потоа ги малтретираат странките да трчкаат заради нивно незалагање и незаинтересираност !!! Доколку се продолжи таквиот тренд ќе има одземање на лиценци и црни листи на ГЕО фирмите.

Епа Рајан, не ми е јасно како ти ќе изградиш дивоградба од 5000 квадрати и државата ќе те части комуналии, а со сите проектантски фирми истата држава ќе гради ваква „електрична ограда“. Има лоши проектанти и лоши проектантски фирми - ене го, цел 2014 е испроектиран од такви малоумњаци, пливаат подруми во говна, лупаш со чело у греда и слични не-проектантски будалаштини, ама не се сите инженери тоа. Има луѓе што работат чесно и професионално. Не ги стаам геодетите во оваа банда, тие не се инженери - паторот ги благослови со законот за легализација и им ги напуни џебовите, иако ги сметам за посебна сорта неинтелигенти луѓе (од професионално искуство со нив). Цените за проектирање во архитектура се мизерни во оваа уште помизерна држава. Со кои пари мисли оној Миле дека ќе му ги плаќаат казните? Он ќе го прати Ставре и ќе се задолжат у мое име во ММФ и ќе си земат плата за клатење врата, а на луѓето што чесно гледаат да заработат само им го стеснуваат просторот - да им се нае**м у климата за бизнис...

И главната нејаснотија е следново - референтот, неговиот шеф и началникот ќе ти дадат дозвола за градење, а ти немаш пристапна рампа - ти го јадеш стапот со 20000 евра, а они си го ладат у кафана неказнети - ај тоа објасни го!
како ќе изградам дивоградба ? како прво дивоградба е веќе изграден објект и има повеќе типови на дивоградби и не сите може да се легализираат а посекако не сите за 1 евро што заради генерален урбанистички план што заради намена на простор. Најчесто се легализираат семејни куќи ( за 1 евро м2 а има куќи и по 300 квадрати не викам не - најчесто на албанци ) а деловни објекти ( со 5000 м2 ) се легализираат во зависност од зона и најчесто се 100 евра х м2. Скопје 2014 е друга приказна и нема врска со закон за градење и легализација а сите проблеми кој подоцна настанале или ќе настанат ќе си ги плати фирмата изведувач како знае и умее пред се заради лоша изведба (пример- во европски земји да не споредувам јапан, се градат подводни градби без да капмне капка вода а кај нас не може да се постави основна хидроизолација .. затоа после ќе течат гомна во подрум). Цените за проектирање се мизерни зашто денес сите и сакато и слепо завршија факултет иако 90% од нив не ги бива и затоа сите останати патат. Секаде освен во македонија проектантите мислат дека архитекттура и градежништво е држење ТЕЗГА епа каде со тој памет !!! Сакаш да работиш секоја грешка ќе си ја плаќаш !!!!

Тоа со рампата , верувај од измена на закон ти нема шанса да добиеш одобрение за градење зашто како прво ако се случи такво нешто општината која го дала одобрението ќе биде пред се крива за таков пропуст, а секако нема да биде проектантот. Сепак ете цепидлачиш за рампа за инвалиди, денес имбецислките проектантски фирми поднесуваат барање пример за колективни згради без ППЗ .. и утре зградата ако се запали секако нема да бидат криви проектантите зашто не предвиделе ППЗ заштита ... зашто да бидат криви они ништо не знаат, не се од овде цело време биле во подрум !!!

Читнете си ги законите, цело време се изменуваат истите за да бидат подобри и да одговараат на современото општество !!!
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Рајане мој, ти си мислиш дека е наменето за беда и сиромаштија да си ги легализираат кенефите. Напоредно со тоа големи скопски главурди излегализираа чудо од површини за безпари. Европската унија не даде препорака за спроведување на законот за легализација затоа што поимот „дивоградба“ е балкански феномен, па овде се спровде експеримент во корист на најбогатите, на банките на кои им се ослободија имоти што ќе може да ги лапаат преку хипотеки и на државата која најде нов извор на финансии. Не коментирам легализации на објекти без проекти за статика на пример, ај најопасно на сите им е рушење, мада и од електрика знае да се запали објект ако е некоректно сработен. И тоа воопшто не е далеку од градежната дејност, можеби нема директна врска со законот за градење, но отприлика истите субјекти се засегнати.
Законот во кој ЛУПД беше на закон е најкриминалниот закон за градба воведен во било која демократија во светот, истиот падна на уставен суд, а додека беше на сила Скопје (а и други градови) отидоа во неповрат...

....денес имбецислките проектантски фирми поднесуваат барање пример за колективни згради без ППЗ .. и утре зградата ако се запали секако нема да бидат криви проектантите зашто не предвиделе ППЗ заштита ...
Уште поимбецилските инвеститори би избегнале ако може и статика и архитектура да напраат, па ППЗ-то им е трошок кој ќе им скрати некое евро - и пак општината е таа што го аминува тоа каубојство, таа е одговорна за техничкиот прием, за одобрување на документацијата.

....и за 2014 не си во право. Може да ти гарантирам дека самите проекти се преполни со небулози, превиди, недополнети со детаљи, разработки исл. На крај краева - отпосле готов основен проект да работиш елаборат за акустика, кој се знае дека се работи однапред затоа што влијае на сите фази исто како ППЗ што е случај за театарот (или филхармонијата) - само кажува какви некомпетентни луѓе ги правеле нарачките и го воделе проектот

Те разбирам, може да имаш лошо искуство со архитект или статичар, ама генерализација на цела струка, а глорифицирање на „способноста“ на одговорната бирократија од министерството кое ги пакува овие бљувотини од закон не ти е баш соодветна.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.680
Поени од реакции
16.885
и што не ти е јасно, јавни и деловни објекти најкасно до септември 2015. она што во светот е нормално кај нас проектантите го рачунаат за ненормално , а ти да знаеш какви проектанти постојат проектите врска им немаат на пола јас лично би им ја одзел лиценцата и би вратил назад во градинка. Во западни земји , америка и слично проектатнот е кривично гонет заради пропусти во проектирање каде и при најмал пад на скали оштетениот може да го тужи проектантот заради лошо проектирање. А кога збориме за легализации, да не правиме муабет за она што треба да претставува елаборат за нумерички податоци, каде на граѓаните им се земаат пари за тоалетна хартија која врска нема со фактичка состојба на терен, 90% јас лично би ги казнил и затворил. Време е да се научат како да работат или да си платат и тоа дебело !!!
се сеќавам уште кога беше Пенов градоначалник...во насеба Н.Лисиче се запалија неколку поткровја и изгоре еден човек, мислам инвалид во количка... не се сеќавам деталите околу истрагата, дали почетниот пожар (кој мислам се прошири на неколку стана) беше подметнат но се сеќавам дека се утврди дека градбата на поткровјата со дрвени елементи била непрописна ( електричните инсталации)..во медиумите се јави лично градоначалникот , најави дека ќе ги гони кривично одговорните... но се случи она српската поговорка, вежи мачку о реп... т.е. во ва држава има само скриена мана , рок за пријава 8 дена или 60 дена мислам и гарантен рок ( ако е наведен во договорот) максимум 2 години... а непрописни работи има мал милион... но и сега уште повеќе.. а интересно инспекција по општините се крие во глувчја дупка, демек надзорот го вршеле независни фирми ... едино ако ЕВН , Водовод или Топлификација при примање на зграда врши некоја контрола, од друг аспект никој ... е и лифтовите потпаѓаат под инспекција
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Гледам во тек сте со сите закони за градење, е сега ме интересира зашто пред да поднесам за одобрение за градба и општо за проект за куќа, општината ми бара елаборат со нумерички податоци а пак тој е енормно скап околу 100 евра. За што служи истиот па е морален ?
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.760
Гледам во тек сте со сите закони за градење, е сега ме интересира зашто пред да поднесам за одобрение за градба и општо за проект за куќа, општината ми бара елаборат со нумерички податоци а пак тој е енормно скап околу 100 евра. За што служи истиот па е морален ?
куќата ја градиш на одредена парцела, елаборатот дава точен нумерички податок за парцелата и како истата се наоѓа реално на терен. кога веќе имаш точен податок за парцела можеш да почнеш со проектирање на куќата меѓутоа мора ги запазиш законите за планско и урбанистичко планирање т.е. како објектот кој го проектираш ќе се (така кажано) однесува према соседите, минимално растојание од линија на парцела према сосед прозорски отвори према сосед и така натака. цел закон е во прашање и то :P
зашто е толку скап .. зашто бара многу повеќе труд од обичните елаборати за легализација ... а инаку ако веќе поднесуваш барање за градење се поднесува истото само електронски на https://www.gradezna-dozvola.mk и истиот треба да биде потпишан со валиден дигитален потпис од геодетот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Гледам во тек сте со сите закони за градење, е сега ме интересира зашто пред да поднесам за одобрение за градба и општо за проект за куќа, општината ми бара елаборат со нумерички податоци а пак тој е енормно скап околу 100 евра. За што служи истиот па е морален ?
Прошетај по геодетски фирми не прашувај само во една, се разликуваат по цени
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.760
или во други црти, најдобри геодетски елаборати прави гео столе .. позади веро во тафталиџе !!!! од досегашно искуство најмалце проблеми при работа сум имал со таа геодетска фирма, другите благо кажано прават елаборати колку да се каже дека е направен елаборат, а во него тон грешки за на крај оној што поднел барање за изработка да го јаде стапот со шетање натака навака !!! и да не е ова реклама туку реалност на моменталната ситуација со гео фирмите !!!!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Прошетај по геодетски фирми не прашувај само во една, се разликуваат по цени
Лет , сите геодетски канцеларии кои се лиценцирани за катастарски работи се должни да наплакаат според ценовник кој е донесен од владат на РМ , според тоа законски не може да има разлика во цените на геодетските елаборати во цела Македонија.Казната за непридржување на тој закон се движи од 3000- 8000 евра , па ко воли нек изволи !
или во други црти, најдобри геодетски елаборати прави гео столе .. позади веро во тафталиџе !!!! од досегашно искуство најмалце проблеми при работа сум имал со таа геодетска фирма, другите благо кажано прават елаборати колку да се каже дека е направен елаборат, а во него тон грешки за на крај оној што поднел барање за изработка да го јаде стапот со шетање натака навака !!! и да не е ова реклама туку реалност на моменталната ситуација со гео фирмите !!!!
Ха ! Столе има да части за оваа реклама , му нема спас , ке види он ;)!
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Веројатно овде сум на право место. Дали тој што гради обврзан е да ја чисти улицата? Како што копаат и носат песок малце завршува и на асфалтот. Тоа не го тргаат, а и покрај што се прави прашина, може и да се излизгаш со автомобил или точак што на некој начин доведува до опасност.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Веројатно овде сум на право место. Дали тој што гради обврзан е да ја чисти улицата? Како што копаат и носат песок малце завршува и на асфалтот. Тоа не го тргаат, а и покрај што се прави прашина, може и да се излизгаш со автомобил или точак што на некој начин доведува до опасност.
Да , мислам дека ова е санкционирано и со законот за сообракај исто !Барем така беше во бивша СФРЈ , друга ствар што никој не го почитуваше тоа !
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.680
Поени од реакции
16.885
и што не ти е јасно, јавни и деловни објекти најкасно до септември 2015. она што во светот е нормално кај нас проектантите го рачунаат за ненормално , а ти да знаеш какви проектанти постојат проектите врска им немаат на пола јас лично би им ја одзел лиценцата и би вратил назад во градинка. Во западни земји , америка и слично проектатнот е кривично гонет заради пропусти во проектирање каде и при најмал пад на скали оштетениот може да го тужи проектантот заради лошо проектирање. А кога збориме за легализации, да не правиме муабет за она што треба да претставува елаборат за нумерички податоци, каде на граѓаните им се земаат пари за тоалетна хартија која врска нема со фактичка состојба на терен, 90% јас лично би ги казнил и затворил. Време е да се научат како да работат или да си платат и тоа дебело !!!
кај нас уште за времето на сфрј градежната мафија си има држава... ај да не збориме за финансиските далавери, туку за технички нормативи. Ништо не се запазува, се менува во градба, тотална неодговорност. Кога се запали кровот во ниските гради во нас.Н.Лисиче, се сеќавам градоначалник беше Пенов, тој во медиумите најави дека кривично ќе гони и апси... ништо од тоа, иако се работеше за непрописна електрична инсталација во дрвен кров и човечка жртва во пожарот; правно толкување беше дека во Р.Македонија по истекот на гарантниот рок ( од 2 години) и да се сруши куќа никој не одговара ... и се се сведе општината им помогна на опожарениоте да во санацијата а одговорност не се бараше од никој. Сега е можеби и бетер, нема кому граѓаните да се жалат, инспекторите се оградуваат, демек тие биле само за диви градби и слично.. ама и таму не реагираат, има узурпации на тротоари на улици ( се шири дворот, а патем и дворот му е узурпација на државно земјиште, чекал легализација). Врв на глупоста е проектирање на инсталации за греење... сега секое грејно тело има посебен довод и одвод па нема никаков проблем ако се додават грејни тела. Мерачи за топлина се уште нема иако се задолжителни по ЕУ регулатива. Има тренд за изолирање на надворешни ѕидови, ама внатрешните скалишни ѕидови се од бетон, а мислам дека бетонски ѕидови во ЕУ веќе ни во затвори нема..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom