7 мудри лекции за парите од Брус Ли

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
7 мудри лекции за парите од Брус Ли

11/12/2013 // Пред 4 часа // МОИ ПАРИ // Коментирај

Кога ќе го слушнете името на Брус Ли ве асоцира на мајсторството за боречките вештини и филмовите во кои истите ги употребува, но малкумина знаат дека студирал филозофија, пишувал поезија и бил многу начитан. Се интересирал за многу сегменти од животот, вклучително и за парите, за кои има да ни пренесе неколку важни лекции.
1. Карактерот на парите
„Парите сами по себе немаат одреден карактер. Парите се она што човек ќе направи од нив.“
Парите се само средство кое ни овозможува да дојдеме до нештата кои ни се неопходни, а можат да се купат. Од големината на нашите потреби зависи и моќта што тие ја имаат во нашиот живот. Ако веќе ги поседуваме тие нешта, тогаш парите не ни се многу потребни, но ако посакуваме многу повеќе од тоа, тогаш нивната моќ сосема се менува.
2. Парите се средство со кое може да се постигнат само некои цели
„Детето мора уште рано во животот да научи дека парите се само средство, еден вид корист, инструмент. Како и сите други средства, тие имаат одредена намена, но не можат да сторат сè за нас. Човек мора да научи како да ги користи, што може да направи со нив, но пред сè што не може да направи со нив.“
И премногу пати е повторена тезата дека љубов или пријателство не се купуваат со пари, но светот и понатаму пати од истиот проблем. За да не се воспитаат децата во тој манир, Брус Ли препорачува да им се објасни дека моќта на парите е ограничена. Нивната намена не е бесконечна, така што со нив можат да купат само одредени работи, но има многу нешта кои не се купуваат со пари.
3. Парите се споредна работа
„Според мене парите се споредна работа. Основна и важна е твојата способност и она што го правиш за да ги стекнеш. Кога тоа ќе го постигнеш и останатите работи ќе си дојдат“.
Кога човек го прави она што му претставува задоволство, тогаш помалку ќе му требаат нештата до кои се стигнува само со пари.
4. Чесна поделба на добивката
„Многу филмски продуценти мислат дека мене ме интересираат само парите. Затоа се обидуваат да ме намамат на снимање, ветувајќи ми огромни суми и ништо друго. Но, во моето срце, јас сакам само чесна поделба на добивката“.
Парите не биле сè што го интересирало Брус Ли. Тој сакал да му биде полно срцето. Кога соработувал заедно со повеќе луѓе, го сакал само својот дел од добивката. Ни помалку, ни повеќе. Според него, тоа е единствениот начин сите да бидат задоволни од заедничкиот труд.
5. Добрите денови не траат вечно
„Многу научив од филозофијата за парите на мојот татко. Тој ми велеше: ‘Ако годинава заработиш 10 долари, имај на ум дека идната година можеби ќе заработиш само 5 – мора да бидеш спремен на тоа’“.
Мора да се чуваат пари за црни денови. Не е лесно да се штеди во ситуација кога заработката е мала, но паметно е колку-толку да се остава нешто на страна.
6. Парите не се најважни во животот
„Секако дека парите се важни и ми овозможуваат да го обезбедам за семејството она што е потребно. Но не се сè во животот“.
Колку далеку сте спремни да одите за повеќе пари? Дали вреди да се пропушти премногу време со семејството или пријателите за да се заработи сума која не може да го надомести пропуштеното? Дали на нашите блиски им е поважно да поминуваме повеќе време покрај нив или да им однесеме дома голема плата?
7. Важно е да го правиш она што го сакаш
„Едно време ги сакав споредните работи – парите, славата, филмските премиери. Сега кога ги имам или почнувам да ги добивам, тоа не ми изгледа толку важно. Сфатив дека најважно е да го правам тоа што го сакам. И се забавувам додека го правам тоа. Парите доаѓаат после.“
И оваа лекција потврдува дека парите се само средство со кое се стигнува до некои цели, но штом човек стигне до состојба на задоволство од животот, тие добиваат второстепено значење. Кога срцето е полно, парите не се најбитни.
 
DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
добро ова и јас можам да го кажам ништо посебно
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
зашто да живеам според нив?
Не треба за ова објаснување ама ајде еве за тебе.;)

Доколку можеш да речеш нешто(а.к.а првиот твој пост), а твоите дела не соодвествуваат со твоите постапки тогаш не си ништо повеќе од хипокрит.

Од ова следува дека доколку не можеш да го извршиш делото.(т.е ти фалат м*да, интелегенција, истрајност, посветеност итн итн) тогаш немаш право да кажеш дека и ти би можел да ги исзустиш тие зборови или како што кажав погоре - (http://www.thefreedictionary.com/hypocrisy).

П.С Се надевам појасно ти е сега
 
не ти погрешно си сватил не ми фалт ни мадиња ни инт ни истранос ни посветеност, јас нема потреба да ги извршам делата за да докажам нешто, како второ по никој основ не се тие правила најдобри па да морам да ги извршувам, си имам свој став за разлика од тебе и по него се водам
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
не ти погрешно си сватил не ми фалт ни мадиња ни инт ни истранос ни посветеност, јас нема потреба да ги извршам делата за да докажам нешто, како второ по никој основ не се тие правила најдобри па да морам да ги извршувам, си имам свој став за разлика од тебе и по него се водам
Мислев дисклејмер да напишам да не се навредиш пошто зборував општо, а не за тебе дали имаш муда итн, но намерно го оставив така за да испровоцирам реакција и сега ми е јасно со каква личност правам муабет.
Јас не реков да се водиш по тие правила ако не се секаваш тоа ти го рече.
Да не должам многу на кратко ова кажува се :
"Practice what you preach"

Не сакам да се повторувам пошто очигледно или не ме разбра па џабе е или вториот случај ме разбра ама егото ти е поважно.

Јас цело време зборувам општо не за овие конкретни правила и за кои било други доколку кажеш нешто тоа треба да го поткрепиш со дела инаку тоа се само празни зборови ако ти е потребен илустративен пример слушај ги политичариве пред избори.

П.С Едниствено добро е што имаш свој став, но никаде не го изнесе или поинаку кажано повторно се враќаме на истото празни зборови.
П.С2 Не се лути ниту те напаѓам тебе ниту те познавам ниту имам некаква корист се што кажувам е најдобронамерно.
 
значи збориме за тие правила и сега однигде се избацуваш дека ти си зборел општо не конкретно за тие правила и тука свакам дека уствари ти само филозофираш нешто и ништо конкретно не кажуваш иако пишуваш 4 пати поголеми постови, а тоа за мојте правила и мојот став немора на секој што ке го сретнам да му ги кажувам битно у себе да сум чист и да ги следам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom