Демонстрации

  • Креатор на темата Креатор на темата Achilles1989
  • Време на започнување Време на започнување
ОК, ти гледај да не пиеш кафе со тие што не ти се допаѓаат, гледај да не им викаш здраво на тие што од другиот табор, ако си со истомисленик ако видиш на улица некој сам од другите, згазете го од ќотек. Истурете ги фрустрациите. Ние заспаните ќе продолжиме да пиеме кафе со сите.

Само не ми е јасно зошто не излегуваш на протести? Ти не треба да излегуваш на протести за нас, туку против нас. Бидејќи нели, ептен сме исполаризирани.

Нема јас зошто да излегувам на протести, зошто да излезам на протести кога некои тука во државава упорно дваесет и кусур години, (вклучувајќи ја и ерата на „пет до дванаесет“) замижуваат пред сето она поларизирање што се случува во државава на било кое поле.Типичен пример си ти, човекот кој тврди дека нема поларизација во Македонија.
Очигледно е дека на тебе ти одговара и на овој како Јамајка, ама на мнозинството не им одговара, треба и да се запрашаш зошто и цела Македонија се исели од тука и во Бугарија се водат интервјуа за пасоши на седум спрата во Министерството за правда.
 
Многу ги имаш измешано брзините ти...
 
Абе чоек, знаеш ли колку пари ќе изнададеш на суд и пак ништо нема да направиш. Па тоа судовите ти се бунар без дно. Кој ѓаол те натерал на тоа јас незнам. Ако не сакаш да платиш решението е да го одстраниш тоа делче што ти го узурпира домот и што според закон треба да го платиш. Фино лепо соберете се повеќе луѓе со истата мака (ве има 16000 нели) барем 100тина да го направат тоа, ќе се крене доволно бука владата да го види тоа како проблем. Со суд ништо не праиш, што рекле старите, неможеш да се бориш со мечка од планина. Топлификација има повеќе пари од тебе, а со тоа и подобри адвокати.

Зошто збориш вака. Иладници граѓани учествуваа во Протестите АМАН. Јас бев најредовен учесник, ниту еден Протест не пропуштив. Еднаш дури и болен бев на протест
Собравме потписи за да Собранието донесе закон да не и плаќаме. Играа мајтап со нас... Тоа се факти
А ти ми велиш собери 100 души....
 
Кај нас успеваат само политички протести. Не знам точно која година, пред 2-3 години Бранко одржа голем протест и собра доста народ но сите тие се појавија затоа што добиле партиска директива. Во споредба со вакви политички митинзи социјалните протести како оние АМАН и слични се смешни со малку демонстранти.
 
Не, грешка си, само го критикувам твојот заспан однос кога станува збор за вакви работи, кој се одликува преку твојот коментар.Треба да те цитирам?

Јас сакам само некој пример на исполаризираност. Нешто како тие и тие се истепале затоа што имаат различни ставови. Тоа е исполаризираност. Тоа се случува во Украина, покрај геополитичкиот шах нормално. Исселувањето не е показател за поларизираност. Меѓу луѓето што се исселуваат има секакви и по националност и по идеолошка определба.

Ако чувствуваш потреба да цитираш, цитирај. Форум е, за тоа служи, не ти треба ничија дозвола.
 
Нема јас зошто да излегувам на протести, зошто да излезам на протести кога некои тука во државава упорно дваесет и кусур години, (вклучувајќи ја и ерата на „пет до дванаесет“) замижуваат пред сето она поларизирање што се случува во државава на било кое поле.Типичен пример си ти, човекот кој тврди дека нема поларизација во Македонија.

Чекај дечко полека смири се.

Ајде најди некој пост од мене, каде што јас тврдам дека нема поларизација кај нас. Значи ако сакаш да водиме дискусија, немој да ми ставаш зборови и ставови во уста. Јас тоа никогаш не сум го рекол.
--- надополнето: 9 декември 2013 во 00:14 ---
Зошто збориш вака. Иладници граѓани учествуваа во Протестите АМАН. Јас бев најредовен учесник, ниту еден Протест не пропуштив. Еднаш дури и болен бев на протест
Собравме потписи за да Собранието донесе закон да не и плаќаме. Играа мајтап со нас... Тоа се факти
А ти ми велиш собери 100 души....

Ок незнам колку и како сте биле, еве и 10000 да сте биле, дали сте го решиле проблемот ?

Јас го решив, ти кажав како го решив, ги исеков цевките и повеќе не поминуваат преку мој стан. Ете ти го решението, џабе ти се и протести и све, едоставно бонсекот е решение. Само не заборавај предтоа да го исклучиш парното од подрум, зошто ќе направиш поплава. и спреми си кофи, пошто во секој слушај има вода во цевките.
 
Јас сакам само некој пример на исполаризираност. Нешто како тие и тие се истепале затоа што имаат различни ставови. Тоа е исполаризираност. Тоа се случува во Украина, покрај геополитичкиот шах нормално. Исселувањето не е показател за поларизираност. Меѓу луѓето што се исселуваат има секакви и по националност и по идеолошка определба.

Ако чувствуваш потреба да цитираш, цитирај. Форум е, за тоа служи, не ти треба ничија дозвола.

Не мора да има некаква тепачка за да постои некаква поларизација.Но еве, и 2001 не е толку далеку.Друга поларизација, има поларизација на општеството, граѓаните се поделени, не се согласни меѓусебе, едните припаѓаат на едните, другите на другите, третите на сопственото мислење.Овие со сопствено мислење ги согледуваат работите и ја напуштаат земјата.Таа поларизација ја создадоа тие кои лично вие ги браните, тие кои опустошија многу работи во државава.Во Украина во генерала за тоа се води протестот.Сиромаштијата.Едните гледаат шанса во ЕУ излез од сиромаштијата, другите гледаат кај другите.Кај нас оддамна врие котелот а врие поради овие работи, поради овие поделби, а поделбите кај нас ги создаде сиромаштијата, само прашање на време е кога ќе се прелее.Тоа прелевање нема потреба да биде во форма на конфликт или пак на војна, може да заземе некоја сосем друга форма.
 
Ок незнам колку и како сте биле, еве и 10000 да сте биле, дали сте го решиле проблемот ?
Ете ти го решението, џабе ти се и протести и све, едоставно бонсекот е решение

Тоа е уствари и веројатно главниот проблем што не постојат, а и тие протести што постојат не успеваат.
Ова истово ќе го кажат уште 50 000 јунаци како тебе, сум го слушал од политички неопределени фаци (бар така тврдат), со муабетот џабе е, зошто да излегуваме, ќе ги исполитизираат и пак ќе си прават како што сакаат.
Протест со 5000 и со 50 000 луѓе сериозно на исто ниво ќе го ставиш?
Па да се соберат толку луѓе триумфалната може да се откорне и да се фрли врз собранието како од стиропор. Не ми е поентата да величам и да викам на радикални протести само истакнувам дека ебаната моќ може многу лесно да биде во народот, само веројатно во случајов не во македонскиот моментален народ што се крсти во книшките и чекаат вработување под услов ставање на задникот под хипотека.
Неутралците што кукаат без да превземат нешто повеќе се полоши и од првите, првите имаат директива од некој, вторите од никој, сами одлучуваат.
 
Неутралците што кукаат без да превземат нешто повеќе се полоши и од првите, првите имаат директива од некој, вторите од никој, сами одлучуваат.

Или пак можеби зошто биле веќе на „неутрални“ протести па виделе на крајот дека сепак тие протести што се организираат не се толку неутрални.Јас лично сум присуствувал на протести и порано и тие протести никогаш не успевале да го задржат својот неутрален карактер.Секогаш се мешале во позадина свињи како Миленко, Јанко, Станко, „најлепши бркиќ у Министерство“ ала Јанкуловска.
Така да како и да ја наречеш секогаш тие неутрални протести станувале во партиски протести.Не сме такви луѓе да стоиме на збор, поубаво ни е пиењето кафе на Илинденска, отколку со шатори пред Собрание.
 
Не мора да има некаква тепачка за да постои некаква поларизација.Но еве, и 2001 не беше толку далеку.Друга поларизација, има поларизација на општеството, граѓаните се поделени, не се согласни меѓусебе, едните припаѓаат на едните, другите на другите, третите на сопственото мислење.Овие со сопствено мислење ги согледуваат работите и ја напуштаат земјата.Таа поларизација ја создадоа тие кои лично вие ги браните, тие кои опустошија многу работи во државава.Во Украина во генерала за тоа се води протестот.Сиромаштијата, исто како и тука.Едните гледаат шанса во ЕУ излез од сиромаштијата, другите гледаат кај другите.Кај нас оддамна врие котелот, само прашање на време е кога ќе се прелее.Тоа прелевање нема потреба да биде во форма на конфликт или пак на војна, може да заземе некоја сосем друга форма.

2001 беше меѓунационален конфликт, затоа и во првиот пост назначив внатренационална поларизација. Инаку да, поларизација значи омраза. Поделби и несогласност има и во сите здрави општества, не знам како очекуваш да ја нема во македонското, кое воопшто не може да го заслужи епитетот здраво. Земјата ја напуштаат луѓе од сите „табори“. Имаме два примери за силна поларизација во регионов. Грција, каде што неонацистите и анархистите се убиваат меѓусебно и Бугарија, како што поларизацијата е политичка и се води отворена конфротација на улица.

Во Украина не протестираат заради сиромаштија. Во Украина протестираат западно ориентираните Украинци, на кои не им се допаѓа тоа што нивната влада одби да го потпише договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и одбра да гради блиски односи со Русија. Украинците се поделени на Украинци што ја сакаат ЕУ од една страна и Украинци русофили од друга. Економската состојба нема ама баш никаква поврзаност со протестите таму. Протестите ги поттикнува историската омраза кон Русите. Настрана тоа што овие протести, ако се земе големината на државата во предвид, засега се помали од Отпорот на Бране кај нас.

За кај нас времето ќе покаже. Јас сум спремен да се кладам дека сем стандардната меѓупартиска конфротација која ја има пред секои избори, ништо посериозно нема да се случи во македонскиот табор на општеството.
 
Тоа е уствари и веројатно главниот проблем што не постојат, а и тие протести што постојат не успеваат.
Ова истово ќе го кажат уште 50 000 јунаци како тебе, сум го слушал од политички неопределени фаци (бар така тврдат), со муабетот џабе е, зошто да излегуваме, ќе ги исполитизираат и пак ќе си прават како што сакаат.
Протест со 5000 и со 50 000 луѓе сериозно на исто ниво ќе го ставиш?
Па да се соберат толку луѓе триумфалната може да се откорне и ќе се фрли врз собранието како од стиропор. Не ми е поентата да величам и да викам на радикални протести само истакнувам дека ебаната моќ може многу лесно да биде во народот, само веројатно во случајов не во македонскиот моментален народ. Што се крсти во книшките и чекаат вработување под услов ставање на задникот под хипотека.
Неутралците што кукаат без да превземат нешто повеќе се полоши и од првите, првите имаат директива од некој, вторите од никој, сами одлучуваат.

Еве да те прашам нешто, на пример, водиш некој бизнис и земаш пристојни пари, притоа не си никако врзан ниту зависен за ниедна политична партија, едноставно си работиш поштено и си го вадиш лебот поштено. Немаш многу време да се мавташ со вести и слични работи. Дали би подржал протест ако не знаеш за што е тој протест?
 
Џабе мирни протести кога народот дома ко ебан ќе си оди,може да добие ќотек од нашава ни полиција(Гордана Јанкуловска-Вас,народот,не смее никој да ве тепа сем нашата полиција и балистите),ќе ти закачат партиска етикета и така ништо нема да се постигне.Без радикализација на протестот,влегување во Собрание и демолирање,опсада-нешто слично што се случува во Украина ништо нема да се смени.И сето тоа да потрае.А такви протести никогаш нема да има бидејќи народот генерално е прост,исплашен(што оправдувам и разбирам),партиски поделен и надрогиран со дневнополитички срања,нема критична маса,нема интелектуалци и средна класа-така да сме заглавени во гомна уште најмалку 10 години.
 
Или пак можеби зошто биле веќе на „неутрални“ протести па виделе на крајот дека сепак тие протести што се организираат не се толку неутрални.Јас лично сум присуствувал на протести и порано и тие протести никогаш не успевале да го задржат својот неутрален карактер.Секогаш се мешале во позадина свињи како Миленко, Јанко, Станко, „најлепши бркиќ у Министерство“ ала Јанкуловска.

Секако, кај нас контаминацијата на протестите е речиси секогаш присутна од горенаведени фаци, да го додадам и Фрчковски што беше редовен на некои од протестиве. НО, дали тоа значи да се откажеме и да баталиме? Значи пак ќе победат политичкиве говеда со таа одлука. А да се собере посериозна бројка, 5 цифрена, овие ликови ќе се изгубат во толпата, нема тие да бидат во преден план. И мене како поединец нема да ме одврати присуството на тие глупаци од каузата...
На крајот ако бројката на луѓе на протестите е многу поголема од бројката присутна на митинзите, многу поинаква ќе биде приказната.
 
2001 беше меѓунационален конфликт, затоа и во првиот пост назначив внатренационална поларизација. Инаку да, поларизација значи мрзење. Поделби и несогласност има и во сите здрави општества, не знам како очекуваш да ја нема во македонското, кое воопшто не може да го заслужи епитетот здраво. Земјата ја напуштаат луѓе од сите „табори“. Имаме два примери за силна поларизација во регионов. Грција, каде што неонацистите и анархистите се убиваат меѓусебно и Бугарија, како што поларизацијата е политичка и се води отворена конфротација на улица.

Во Украина не протестираат заради сиромаштија. Во Украина протестираат западно ориентираните Украинци, на кои не им се допаѓа тоа што нивната влада одби да го потпише договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и одбра да гради блиски односи со Русија. Украинците се поделени на Украинци што ја сакаат ЕУ од една страна и Украинци русофили од друга. Економската состојба нема ама баш никаква поврзаност со протестите таму. Протестите ги поттикнува историската омраза кон Русите. Настрана тоа што овие протести, ако се земе големината на државата во предвид, засега се помали од Отпорот на Бране кај нас.

За кај нас времето ќе покаже. Јас сум спремен да се кладам дека сем стандардната меѓупартиска конфротација која ја има пред секои избори, ништо посериозно нема да се случи во македонскиот табор на општеството.

Во Украина протестираат и поради сиромаштијата, не е тука во игра само Русија и минатото кое го има оваа република со Русија.

Инаку да, поларизација значи мрзење. Поделби и несогласност има и во сите здрави општества, не знам како очекуваш да ја нема во македонското, кое воопшто не може да го заслужи епитетот здраво. Земјата ја напуштаат луѓе од сите „табори“.

Да, има во сите здрави општества тоа е така, има дури и во една Германија која е моторот на европската економија, но има разлика, кај некои е многу изразена кај некои е малку, да го фатевме на време возот уште од независноста и да тргневме по добар пат со развивање на економијата вакви работи немаше да се случуваат толку, можеби и конфликтот ќе се избегнеше во 2001 ако имавме нормална економија.На тоа сакам да укажам, затоа е вакво сега ова свинско корито од држава какво што е.
--- надополнето: 9 декември 2013 во 00:38 ---
Секако, кај нас контаминацијата на протестите е речиси секогаш присутна од горенаведени фаци, да го додадам и Фрчковски што беше редовен на некои од протестиве. НО, дали тоа значи да се откажеме и да баталиме? Значи пак ќе победат политичкиве говеда со таа одлука. А да се собере посериозна бројка, 5 цифрена, овие ликови ќе се изгубат во толпата, нема тие да бидат во преден план. И мене како поединец нема да ме одврати присуството на тие глупаци од каузата...
На крајот ако бројката на луѓе на протестите е многу поголема од бројката присутна на митинзите, многу поинаква ќе биде приказната.

Кој сакаш додади го, и Фрчковски нека биде, и Црвенковски па и сите.И да, реалноста е дека победуваат, зошто реков, тие кои организираат протест помило им е да пијат кафе во Собрание отколку во шатори пред Собрание.Реалноста е дека сме нула во држење збор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom