Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Милан и Интер го намалија квалитетот на лигата со продажбата на своите најдобри играчи. Аналогно на нив и останатите тимови не се засилуваат.

Ама тоа не значи дека ради нив изгуби Италија 1 место во ЛШ ...
 
Се надевам дека Фиорентина ќе ни стори голема услуга, иста како онаа пред две години, и ќе ја победи Рома :love::icon_mrgr:
 
стварно ферндез каков автогол си даде :pos:


Не мислев на автоголот на едниот, туку мислев на голот на другиот Фернандез.
Сеа ќе ги видам другите, до 2-1 па може и за :pos: бил. :D
 
Рома ме изненади со победава. Браво за нив, мислев дека уште ќе одат надолу.

Наполитанките тројка примиле а :icon_mrgr:
 
Дестро затоа се расоблече при прославата на голот, да видиме дека не е дебел. :D
 
"viola" redovni pacienti.... ke se borele sezonava za Scudetto/LS :pos: bas bi bilo ubavo pak da si igraat serie C2... nisto poise ne zasluzuvaat
 
Пуштив да гледам Каљари - Џенова од 75 мин. заради Ибраими дека влегол во 60-та минута. И за тие 15 минути што ги гледам видов дека се многу себични играчите на Каљари. Уствари не само за тие 15 минути, обично Ибраими влегува секогаш во натпреварите на Каљари накај 60-та минута и тогаш пуштам да гледам заради него. Сау при израмнувачкиот гол можеше да подаде на Ибраими кој беше сам, но тој се реши да шутира иако пред него беа тројца играчи на Џенова и имаше многу среќа што успеа да постигне гол. Потоа колку пати некој играч наместо да подаде (а има 3-4 играчи околу него) тој ќе ја шутне од 20 метри на трибините или пак ја шутне толку слабо што едвај ќе стигне до голаманот на Џенова. Имаа среќа што тепаа Каљари, многу беа слаби Џенова, а и со играч помалку беа. Него муабетот ми е дека таков млад талентиран играч не може да успее во тим како Каљари во кои има себични играчи. И Ибраими треба да постане себичен, кога дојде до топка да ја пуца само, од неколку обиди една ќе влезе во голот ако сака побрзо да го напушти тој гнасен тим и да се пресели во подобар клуб. Инаку мислам дека ако така се продолжи брзо ќе се врати на Балканот во некој клуб. И на тренинзите треба да останува ако треба саат повеќе и нека повежба со шутевите. Се сеќавам порано во Баерн, Зе Роберто остануваше со Швајнштајгер саат повеќе да вежбаат шутеви. Ама Ибраими нема со кого во Каљари да остане на тренинг повеќе и да вежба. Небитно, на негово место да сум и сам ќе останувам.
 
^Сау одлично си го одработи голот, не ни забележав дека можеше да му ја даде на Ибраими, нема тука грешка кај Сау. Само 2-3 пати шутнаа од лоша ситуација, иначе не знам што сакаш кога Џенова се бранат со 10 играчи, јасно дека ќе се обидуваат од секаде, особено Наинголан. Ја фатив на крај гг3+ ;)
 
абе Наинголан како игра, бев читал нешто како дека му паднала формата ?
 
^Сау одлично си го одработи голот, не ни забележав дека можеше да му ја даде на Ибраими, нема тука грешка кај Сау. Само 2-3 пати шутнаа од лоша ситуација, иначе не знам што сакаш кога Џенова се бранат со 10 играчи, јасно дека ќе се обидуваат од секаде, особено Наинголан. Ја фатив на крај гг3+ ;)


Епа нема грешка дека успеал да постигне гол, а поголеми шансите беа да погоди некој играч на Џенова при шутот. Нека проба уште 10 пати на таков ист начин ќе видиш дека ќе биде блокиран. Ибраими му се отвори сам беше.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom