Зошто никој не ја посетува православната црква во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
Се се врти околу постот - ако некоја не може да раѓа, ниедна икона нема да и помогне.

Ако не сум во право, една нека се јави и нека каже оти доктор не и помогнал, туку само икона или бајачка или каков и да е надрилекар.


Па тоа се тие банални постови, еве вакви...што покажуваат наводно само прост народ верува така...тоа е common sense.
 
И јас ќе се согласам со повеќето,едноставно ми е жал што нашата религија Православна умира низ цел свет,заминува во историјата,се повеќе и повеќе помалку верници .... Православните Цркви низ сите држави се раскарани меѓу себе,зошто,заради суети и лични причини ... типичен пример е нашиот Случај со Македонската Црква ... Србите не не признаваат зошто сакаат контрола и поради Грците,а кога пак кај сме Грците, чисти Нацисти, не не признаваат како посебен народ кој физички постои и оди на Планетава Земја ...

Длабоко го пренесувам и моето разочарување кон нашите свештеници,ги има добри што вистински си ја вршат работата,сосе приближување на верата на било кој начин дали интернет итн ... катастрофа е односот кон нас, верниците ... ни да се прават некакви актовности за подобрување на општеството ни ништо,само комуникацијата им е за време на празници во Црква и тоа е ... Катастрофа е .... :(
 
И јас ќе се согласам со повеќето,едноставно ми е жал ...



.
Празна е и џабе е секоја вера, секоја традиција и секоја нација, каде членовите со дечјо срце не И’ веруваат - и преку Духот Светол не се преродени - во Радосната Вест на вечната Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста, Која за спасение на сите кои што веруваат е од Совршениот БОГ (Отец) инкарнирана во Господа Исуса Христа!


... таму повеќе нема ни грци, ни јудејци, (ни македонци, ни албанци, ни турци, ни срби, ни бугари, ...)
ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит,
ни роб, ни слободен, а сè и во сè е - Мудроста БОЖЈА - Христос!

(Колос.3:11)

.
 
.
Празна е и џабе е секоја вера, секоја традиција и секоја нација, каде членовите со дечјо срце не И’ веруваат - и преку Духот Светол не се преродени - во вечната Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста, Која за спасение на сите кои веруваат е инкарнирана во Господа Исуса Христа!


... таму повеќе нема ни грци, ни јудејци, (ни македонци, ни албанци, ни турци, ни срби, ни бугари, ...)
ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит,
ни роб, ни слободен, а сè и во сè е - Мудроста БОЖЈА - Христос!

(Колос.3:11)

.

Добро Спиро, те разбравме.

Мудроста божја во црвено, не мораш да спамираш на секоја тема. Мислам дека имаш напишано само еден единствен пост и го имаш постирано 2000 пати.
 

Нема, а и нема да има. Се се тоа луѓе кои прифатиле дека се грешни од раѓање, од првиот им здив. А такви се се помалку, што сметам дека е добро! :)
Луѓе на кои им треба спасување од самите себе?
Пу јазк.

А мудроста твоја на Исуса ти Христа - не ја расипувај. Не богохули. Од секташки размисли христијанството едвај се крепи на своите криви нозе! И однадвор и одвнатре го дотепавте со глупости и навидум мудри мисли на исуса христа, јудеецеот!

Доста е...
 
Најчесто се посетени православните цркви од страна на постарите генерации. Од 40 до колку шо ќе тераат години. Помладите кои не ги интересира, кои не ни веруваат. Ја мислам дека тоа што се помалку и помалку се полнат црквите е позитивно, оти премногу не заглави во религијата во времето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom