jovankrstevski1
ТАТА_МАТА
- Член од
- 2 декември 2012
- Мислења
- 855
- Поени од реакции
- 602
Поради лошиот избор на телефони за 200-250 евра кај нашите оператори се решив да разгледам какви алтернативи имам. Телефон од 500 евра кој ке го користам 2 години немав намера да купувам, па се решив да ги разгледам кинеските телефони. Сакав да видам што би добил за сума од 200 евра од кинеските телефони и искрено кажано баш сум изненаден. Да напоменам дека под кинески телефони подразбирам телефони кај кои производителот е нагласен и има некакво реноме и подршка барем во Кина. Во оваа категорија влегуваат Oppo, Meizu, Zoppo, Cubot, THL, Xiaomi, THL и многу други
Бренд моделите на Apple, Samsung, HTC, LG ... се секогаш посигурен избор, но дали телефоните навистина толку вредат? По сите статистики да се направи еден flagship телефон чини отприлика 200-230 долари (читај околу 10 000 денари) а цените во малопродажба најчесто се тројно поголеми! Ама мора некој да го плати Роберт Дауни Џуниор за реклама, мора некој да ги плака скапите кирии на преставништвата ширум светот, мора некој да им ги плаќа тајните договори меѓу производителите а сето тоа влијае на огромните маржи.
На кинеските телефони од друга страна единствена реклама им е препораката и цената.
Би сакал истотака да напоменам дека откако излезе LG G Flex и самите LG изјавија дека фокусот нема повеке да им биде на телефони затоа што светот е презаситен од премиум модели, а во средната и ниската класа владеат кинеските телефони.
ZTE и Huawei кои веќе се во Топ 10 производители на телефони (до душа ова е од лани) потекнуваат токму од такви кинески за нас no name фабрики. TCL како бренд можеби на дел од вас не им значи ништо, но тоа е кинеското име за Alcatel односно се работи за истиот производител кој зависно од пазарот има и поинакво име. Кога сум веке кај Alcatel sирнете го телефонов, а се чека да излезе и новиот модел со TCL Idol X+ со true octa core процесор кој реално ке биде ефтина и доволно добра замена за Snapdragon 800.
Она што изненадува во последно време е квалитетот на самите телефони. Речиси сите се прават од пластика но некои производители почнаа да додаваат титанумска рамка на пример (што еден SGS4 пример го нема), некои како и HTC One се изработени од метал, Gorilla Glass заштити, одлични камери и слично. Поголемиот дел доаѓаа и со две батерии што е многу практично, но сега има некаква си безбедносна забрана па мораат да ги испорачуваат со една само.
Некои кинески производители како на пример Zopo одат дотаму што почнаа да објавуваат и софтверски апдејти за своите flagship модели.
Xiaomi го ангажираше екс пот-претседател на Гугл, Хуго Бара во своите редови, што јасно ја покажува решеноста да се стане голем играч на пазарот.
Леново е веке докажан бренд за кој нема потреба да се дискутира, а видете им ги цените само. Значи да напоменам се работи за оргинални телефони на леново!
Phone Arena и Gsmarena почнаа да објавуваат статии и за овие кинески телефони бидејки им станува јасно на каде се движи пазарот.
Нашите IT продавници почнаа да ребрендираат кинески no name телефони во LDK, Quart и се се позастапени кај нас.
Јасно ми е кога се работи за кинеските телефони сите сме малку скептични, но светот се повеке нема одговор на окупацијата на Кина по однос на цена/ перформанси па така ке биде и со телефоните.
Предлог 1
Предлог 2
Предлог 3