@
Anon
Дали било кој дел на компјутерот ти е оверклокиран? Дали фреквенцијата на RAM-от ти е подесена на auto или сам си местел фреквенција и timings ?
Најсумљиви делови во моментов се RAM-от и напајањето. Пробај пушти memtest ( bootable ) нека врти неколку саати да видиш дали ќе даде некоја грешка (
http://www.memtest86.com/download.htm - ако имаш hirens boot има и на него програмчиња за тестирање на исправност на RAM-от ).
Ако даде грешка - тестирај ги RAM плочките една по една за да утврдиш која не е исправна.
Ако не даде грешка - ќе барамо друго чаре.
Пиши и точно каква конфигурација имаш ( CPU, плоча, модел на RAM, PSU, GPU, OS и остало )
Ако дава грешки - како dirty fix можеш да ја намалиш фреквенцијата на RAM-от ( моментално тоа матичната плоча го направила за тебе ), да ставиш поопуштени timings ( повисоки од тие што се моментално ) и малце да го дигнеш напонот ( по потреба ), ама ако некоја плочка е неисправна - најдобро е да се замени.
edit: Дали ти се дешава истиот проблем ако го приклучиш микрофонот од позади, не на предните конектори? Можно е да имаш лабав/полуисправен конектор ( jack ) и/или да се допира со куќиштето и да ствара краток спој.