Што треба да се знае за трчање во зима? Треба да се наоблечеш или спротивно? Колкави се шансите да се разболиш и превенција за тоа? итн..
Не е нешто многу посебно опремата за трчање во зима,само треба да знаеш колку слоеви да облечеш. Прво за пример ќе ти дадам јас како се облекував кога трчав во зима. Маица со кратки ракави, блуза со долги ракави, и јакна против ветер(виндјакна), долен дел од тренерка, патики за трчање, капа на главата и ракавици на поладните денови. И музика обавезно
Целата филозофија се сведува на колку слоеви да облечеш, но во Македонија можеш да поминеш со тоа што јас го носев, немаме ние многу јаки зими, а тие неколку денови каде што има тежок минус може да ги скокнеш. Додуша не е минусот проблем, повеќе проблем е ветерот, со силен ветер и 10 степена ќе се осеќаат како -20.
Првиот слој по правило треба да биде од синтетика, од некој материјал што не впива пот, но за сесии долги до еден саат, и обична памучна маица со кратки ракави ќе ти заврши работа, се додека не правиш долги паузи по трчањето. Памучните маици ќе ја држат потта на тебе, така да мирување во неа после трчање не е паметно.
Следен слој е оној што треба да ја задржува топлината, некоја средно дебела блуза со долги ракави е одлична за овој слој. Блузата е препорачливо да има стегачи на ракавите, но е е задолжително.
Последен слој треба да те штити од ветерот, од целата опрема, најверојатно само овој дел ќе треба да го купиш ако го немаш. Поентата е да е лесен, не полнет, и да те штити од ветерот, што значи пак некој синтетички материјал. Најди си специјално ваква јакна, немој да трчаш со некоја обична, ако е полнета, ќе зовриеш, и пак нема да те штити од ветер.
На нозете, само со долен дел од тренерка, можеш да пробаш еднаш два пати, ако не ти е удобно така, облечи уште нешто под него, но не верувам дека ќе ти треба.
На главата е малку позезнато, јас трчав со обично двослојно плетено капче, ама на многу силни ветрови, ми продираше низ неа, ова сам ќе треба да одлучиш каква ти одговоара. Ако многу ти смрзнува лицето, можеш да земеш балаклава или маска за половина лице. Јас кога трчав од очите надолу ништо не осеќав

Исто важи и за ракавици, ако ти е ладно на рацете, облечи си, но гледај да бидат од некој синтетички материјали или од кожа, тие плетените не ми оставија многу добар впечаток. Исто како и со капчето, пробај па види што ти одговара.
Ако си трчал до сега сигурно знаеш колку се важни добри патики, ама пак ќе повторам, зимај патики за трчање и само за трчање да ти бидат тие. Моја препорака Adidas со Adiprene полнење. Прв пат кога трчав во нив ме воодушевија, голема разлика од претходно кога трчав во мат стар и маниа. Ако трчаш редовно, верувај ми многу голема разлика прават добри патики.
Шансите да се разболиш се еднакви на нула, само првите 3-5 минути ќе се осеќаш ладно, на за брзо време ќе се стоплиш, и ќе ти биде удобно посе тоа. Ова се разбира важи само ако идеш дома и се пресоблечеш веднаш по трчањето

, ако седиш на ладно испотен нема гаранции.
Стеф Шеф кога ми беше личен тренер ми кажа дека трчањето по зима не е здраво. Причина за тоа било забрзаната задишаност предизвикувала вдишување на ладен воздух во големи количини што води до настинато грло и воспалени крајници. Ова се зборовите на Стеф-Шеф
Приказни за мали деца, има луѓе што трчаат маратон на Антартикот па ништо не им е
http://www.icemarathon.com/