Фан клуб - РК Вардар

Ај да копирам и тука. :D Гледам сите си кажувате желби за нова година, па и ја да си ги напишам моите за следнава сезона (година) :icon_mrgr:

Можеби преголеми ми се желбите и реално тешко остварливи ама за добар успех, би сакал во тимот да дојдат уште и Штербик, (или друг квалитетен голман), Атман, (или Рутенка уште подобро :D ) и онаа волетинана од Татран Криштопанс.. :D На некои ракометари со цела почит спрема нив и за се што направија за Вардар и за нас Комити што доживеавме многу убави моменти треба да им се заблагодарат од клубот и да ги замениме со дечкиве горе што ги спомнав..

Голмани:Милиќ и Штербик (или некој друг класа голман) Даскаловски и циркузантот Малумбрес стварно не ни се потребни..
Леви крила:Дибиров, Марковиќ, останативе џабе ги држиме во Вардар кога не добиваат шанса ни во СЕХА лига, супер би било ако се создаде и втор клуб на Вардар, па овие да играат заедно со некои од младите сили.
Леви бекови: Горбок, тоа е играчиште што долго време го немавме и премногу ни требаше, Растворцев ќе заврши работа одличен е во одбрана, а може да заврши работа и во напад..Абутовиќ е ѕвер во одбрана и он мора да остане во тимот, Филип Лазаров, Козлина аут
Средни бекови: Карачиќ, и нов бек Атман или Рутенка :D на Прибак веќе му поминува времето, не е тоа тоа од претходните сезони на оваа позиција со Карачиќ и нов среден бек одлично би биле покриени..
Десни бекови: Дујшеабаев мора да се задржи па макар и да не купиме нов играч, а на Петриќ исто така доста му е веќе, затоа го сакам волов Криштошанс, играат на иста позиција со Дујшебаев ама различни играчи се, првиов покажа дека може да игра и на центар, повеќе знае да ја разбие одбраната, нешто како Миркуловски, ама затоа па Криштофанс е волетина што може и кошаркар да биде, па сигурно тоа го прави и поцврст во одбрана, а и одличен шутер е редовно ги полни мрежите, мислам дека би бил повеќе од предобра замена за Петриќ..
Десни крила:Брумен и Раковиќ да се задржат, нема потреба ништо да се менува, за другиве истата судбина со останативе :D
Пикери:Столе, Чипурин и Тоскиќ, немам некоја посебна желба за на пикер, можеме да останеме со овие, Столе е легенда, Чипурин е предобар според мене, малку го цениме човеков а има добра реализација а и во одбрана е солиден, Тоскиќ ми е солиден, ептен ако се најде некое подобро решение за кое нема да фрлиме многу пари..Сума сумарум сите три пикери се тука негде и добро е што секогаш ќе има барем еден расположен..:)
Е со еден ваков состав мислам дека Ф4 не ни бега :D е сега желбите се едно, можностите се друго, ама и Самсоненко секогаш знае да изненади, ништо чудно на човеков да му текне да направи дрим тим и во РК Вардар, па да направи и ваков тим со плус уште некоја ѕвезда, времето ќе покаже..:)
 
Konechno da napravime odlichen transfer. Se nadevam deka i za preostanatiov del od sezonava kje se najde ushte eden lev bek.
 
Ајде нека ви е со среќа. Горбок е добар трансфер. Малку ми е чудно што толку малку го играат во Рајн Нехар Ловен, ама мислам дека добро ќе се снајди во Вардар со другарчињата од Чеховски Медведи.
 
Ај да пишам и моите скромни желби за екипата за следната сезона.
На гол Борко да си го вратиме заедно со Милиќ и Диви. 3 солидни голмана,а еден од нив секогаш ќе им добар ден и ќе може да затвори ролетна и на врвно ниво.

На крило покрај Дибиров Недановски. Никоја екипа на светото,ама баш никој нема резервно лево крило странец.....резервно лево крило странец е врв на идиотизмот.
На другото Јовчевски и Брумен.

Петриќ и Душебаев ќе завршат работа на десен бек. После следната сезона Петриќ во пензија,Кире после 2 поминати сезони во Барса се враќа во Македонија да ги изигра последните 2-3 години заедно со брат му. :D
Среден ко што е сега Карачиќ,Прибак, Мите Стоилов.
Лев Лазаров,Горбок, Абутовиќ и Козлина.Растворцев е престар и крпен е до 101 и назад. Последните 3-4 години 6 месеци е повреден - 6 игра и се враќа во форма и пак повреда.

Пикерите се добри како што се.

Борко - Диви - Милиќ
Дибиров - Недановски
Брумен - Јовчевски
Столе - Тоскиќ - Чипурин
Абутовиќ - Лазаров - Козлина - Горбок
Прибак - Карачиќ - Мите Стоилов
Душебаев - Петриќ

19 играчи - 7 Македонци.Ем квалитетна екипа,ем таман сооднос на странци и домашни играчи.Не сте свесни колку симпатии губиме ради тоа што ни е екипата легија на странци и долгорочно колку си го осакатуваме ракометот.

Даскаловски,Чаневски и Терзиќ можат да отидат во втората екипа и да им помагаат на младите да се развиваат. Дур им стига платата не верувам дека ќе се бунат премногу.Башка уз децата нека бидат тука да ускочат ако има потреба ради повреди.
 
^ Па ти освен Борко никој не сакаш да дојде бе :D
И што треба да не интересира дали добиваме или губиме симпатии, колку Македонци сме имале во тимот итн..Ако имаме странци кои не би биле подобри од Македонците во тимот ок, ама ако тие го прават посилен Вардар баш ми е гајле и само Столе да е Македонец во тимот :)
 
Па да...и Киле после следната сезона.
Други само на местото на странците.

Повеќе доверба имаме во странско РЕЗЕРВНО крило од колку во некој Македонец.

Тебе ти е гајле мене не ми е.....ја сум повеќе по хрватскиот пристап.Странец може да не биде хејтан само ако е дупло бољи од било кој домашен играч и да се труди дупло повеќе од него. Па после тоа ќе има и млади деца што играат и јака репрезентација.
Загреб,НЕХЕ се втора лига, другите немаат пари ни да плаќаат редовно 4-5 професионалци,ама репрезентацијата веќе 10 години е претплатена на медали,а како стојат работи и уште 10 најмалку.
 
Загреб ги има собрано сите потенцијали, сите квалитетни ракометари од Хрватска, а кај нас скоро сите квалитетни играчи се во Металург..Кој друг би бил квалитетен играч во Вардар освен Лазаров? Манасков, Миркуловски,Мојсовски, Жутиот се во Металург..Другиве во странство невозможно е да ги вратиш освен Борко, ајде него би можеле да го вратиме..:) Нексе може одат на тој принцип, ама ние ваљда сакаме еден ден да влземе и во 1/4 финале, зошто и да не во Ф4..Сакам да кажам без странци не можеш да имаш успех, поготово кога 90% од играчите се во Металург..Јас сакам силен Вардар, сакам да газиме, мило ми е да има Македонци во тимот, ама не сакам тоа да бидат играчи од типот Филип Лазаров, Златко Мојсовски, Недановски итн. и да бидеме втори во Македонија и да не играме ЛШ, да не гази кој ќе стигне, ама важно да имаме 10 Македонци во тимот..Али добро секој си има свое мислење..:)
 
Моментално скоро и да нема македонец што може да игра на висината на плановите на Вардар. Освен Кире и можда Велко Маркоски нешто во одбрана. За жал со моменталните македонски играчи на пазарот, до фајнл фор тешко дека може да се доближиме. Дај боже тоа да се смени и да исфрлиме некој екстра играч од наша школа, али моментално тоа е.
 
Ај да пишам и моите скромни желби за екипата за следната сезона.
На гол Борко да си го вратиме заедно со Милиќ и Диви. 3 солидни голмана,а еден од нив секогаш ќе им добар ден и ќе може да затвори ролетна и на врвно ниво.

На крило покрај Дибиров Недановски. Никоја екипа на светото,ама баш никој нема резервно лево крило странец.....резервно лево крило странец е врв на идиотизмот.
На другото Јовчевски и Брумен.

Петриќ и Душебаев ќе завршат работа на десен бек. После следната сезона Петриќ во пензија,Кире после 2 поминати сезони во Барса се враќа во Македонија да ги изигра последните 2-3 години заедно со брат му. :D
Среден ко што е сега Карачиќ,Прибак, Мите Стоилов.
Лев Лазаров,Горбок, Абутовиќ и Козлина.Растворцев е престар и крпен е до 101 и назад. Последните 3-4 години 6 месеци е повреден - 6 игра и се враќа во форма и пак повреда.

Пикерите се добри како што се.

Борко - Диви - Милиќ
Дибиров - Недановски
Брумен - Јовчевски
Столе - Тоскиќ - Чипурин
Абутовиќ - Лазаров - Козлина - Горбок
Прибак - Карачиќ - Мите Стоилов
Душебаев - Петриќ

19 играчи - 7 Македонци.Ем квалитетна екипа,ем таман сооднос на странци и домашни играчи.Не сте свесни колку симпатии губиме ради тоа што ни е екипата легија на странци и долгорочно колку си го осакатуваме ракометот.

Даскаловски,Чаневски и Терзиќ можат да отидат во втората екипа и да им помагаат на младите да се развиваат. Дур им стига платата не верувам дека ќе се бунат премногу.Башка уз децата нека бидат тука да ускочат ако има потреба ради повреди.

Абе друже, ОК ти е тимов за да се бори со Металург за домашна титула и за Ф4 во СЕХА, ама не и за да направи нешто посериозно во ЛШ.. За жал немаме доволно домашни ракометари. И мене ми е криво Недановски што не игра.. Таман се наметна и за репрезентација, сега Ојлески ќе му го фати местото.. Ама од друга страна, Добривоје е класа за Недановски. Тек Раковиќ за Влатко да не ни правиме муабет. Иако за некои работи те разбирам и размислувам слично, сепак за мене е тотално ирелевантно дали Вардар ќе собирал „симпатии“. Многу ќе бидам посреќен да ги изгуби сите симпатии од т.н. „неутрални љубители на ракометот“, ама да влезе во Ф4 во ЛШ . Еве, кон Пелистер сите имаме симпатии, зашто во моментов се тапа :). Да направат малце позаканувачки тим, никој нема да ги сака освен Чкембарите :). Сепак, верувам дека интенцијата на Самс долгорочно ќе биде да почнат да се уфрлуваат и домашни играчи..
 
Добривоје е класа за Манасков, тврдам. Да не збориме за Недановски..И нормално дека повеќе би имал доверба во Марковиќ, отколку во Недановски на пример, јбг и јас би играл за Вардар, би изгинал со срце, ама сакаме силен Вардар, кој без проблем ќе освои домашно првенство а да направи значаен успех во ЛШ, а не да се молиме да не изгубиме во Автокоманда со повеќе од 5 гола..И најголем успех да ни биде куп на Македонија или финале во СЕХА лига, мада без странци ни ова не го можеме..И друга работа да играат во Вардар пак играчи како Лазовиќ, Додер, Шиме, никој нема да рече еј многу странци имате, ама да ги имаме Штербик Рутенка и Атман одма ќе се бунат патриотите најгласни ќе бидат тогаш..:) Па еве и кај Металург клучните играчи се странци освен Мојсо и Миркуловски..Атман,Вугринец,Станиќ, Мијатовиќ, видоа и на пикер дека не бива па и Стојковиќ сакаат да го земат, лани им беше Ракчевиќ..
 
За резервни крила праи муабет. Не за носители на игра. Играчи за во Сеха лига и на добиени натпревари во ЛШ ко против Тун. Има македонци кои можат да ги играат тие минути. Недановски е еден од нив. Незнам кој е проблемот што не го разбирате.
Не е битно колку е подобар Ракович или Маркович бидејќи самите минути кои ги играат најчесто се помалце битни. Еве не мора двете резервни крила да бидат (што е можно помлади) Македонци. Едно нека биде, колку да се минимизира ризикот од посериозна повреда на некое прво крило.
Али двајца странци за резервни крила е стварно нонсенс.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom